видеово, заслужува да биде на ова тема!
...инаку, искрено речено, ми влезе чивија да си купам гајгеров бројач, макар од тој во вид на мобилен како што има женскава експер за случувањето во Чернобил на видеово ама некако 200 $ не ми се дава, ама нешто слично сигурно ќе снабдам, ги има во вид на пенкала до некои 50 $, или некоја апликација на мобилен ајфон до 30 Е која мери само присутност на радијација!
...седам и мислам како се замараме со влажноста, со температура и атмосферски притисок на воздухот, загадувачки смог вакви и такви честици, топлотен бран, а никаде нема податок дали воопшто НИЕ во МКД имаме некоја радијација која е вон границите на нормалата!
...и ДА! при вакви бранови на радијација како што е спомнато од Чернобил било забрането во таа далечна 1986 год воопшто садење и користење на градинарски растенија посебно спомнатата марула!
...но мое лично мислење, радијација од Чернобил во МКД не е проблем СЕГА, колку би бил проблем „спакување“ во буриња на радиоактивен материјал кои ги има државите од ЕУ за добра пара ги дистрибуираат низ вакви сиромашни, економски слаби, а посебно корумпирани држави како нашата??!
...и да биде работава покомплицирана прочитав, цитирам:
,,..Гајгерови мерачи за нивото на радијација кај нас не може да се набават во слободна продажба, зашто користењето на оваа опрема е контролирано од Агенцијата за радиологија, надлежна за следење на набавките врз основа на законски утврдена процедура Поради тоа Македонија остана незафатена од искуството на западноевропските земји, каде што по хаваријата на јапонската нуклеарка интересот за купување мерачи за радијација се зголеми...Законски не постои можност и е строго забрането комерцијално да се набават најразлични уреди што ја мерат радијацијата - објаснува... директор на ....,,,
и сега?
не смееме да знаеме колку е радијацијата?
забрането ли е?
па нека ни дадат јавни податоци за радијација на разни локации или предмети или било што!
...еве јас сакам да знам на
Криволак дали има радијација вон границите на дозволеното, посебно сега кога ни надлетува
нуклеарен бомбардер Б-52, демек вежба
...кој ни гарантира дека истиот нема буриња со нуклеарен отпад и го транспортира демек „вежба“, и го закопуваат во Криволак??