Одлична утакмица за гледач како мене (кој не може да се одлучи која екипа повеќе ја мрази)
Прво полувреме можеби статистиката беше на страна на Челзи ама кој се водел од статистика се заебал. Првото полувреме Манчестер диктираше се во натпреварот, а голот баш Руни стајл. Еден индивидуален потег и оп водство.
Второ полувреме или Челзи конечно се разбуди или Манчестер заборави да игра фудбал. Како и да е ова што јас го гледав беше убедливо најкатастрофално полувреме одиграно од Манчестер. Комплетно се изгубија, Челзи наметна страшна игра и голот на Луиз беше јебење. После пенал за пенал имаше, ама уште сум во шок како толку лесно го досуди Еткинсон. Многу судии во и не толку јаки натпревари не се осудувале да покажат на белата точка. Не велам дека е грешка досуден, ама се изненадив што имаше конечно еден судија муда да свирне пенал во таква утакмица.
Не ми се јасни две работи само. Како Руни избегна казна па играше денеска, и како Луиз не доби црвен картон во минутите откако го постигна голот. 60-65 минути беспрекорна игра прикажа, стварно страшен играч, ама колку глупости направи за краток период ми го расипа впечатокот. Онаа намерна опструкција на Руни мораше да му донесе и црвен картон. И конечно паметен потег на Анчелоти што го извади веднаш од игра.
А, се чудам и на играњето на Лампард. Зашто игра нека ме потсети некој? Одлично изведување на корнери и слободни удари, нема што, ама човекот е дупка кога и да го гледам Челзи. Шо го даде пеналот не го рачунам за нешто посебно, тоа е најмалку што може да се очекува, таман работа и да го промашеше. За Торес ќе пробам да не коментирам, ама со секој нареден натпревар докажува дека ја направи можеби најголемата грешка што играч може да ја направи во кариерата. Летото ќе имаше 5 пати поширок избор каде да оди.
Оу и само уште нешто. И оваа излезе два-у-кец нели. Колку и да беше добра утакмицата, овие мочаниве кладилници веќе не му дозволуваат на човек а да не се сомнева кога ќе испадне ваков резултат на такво дерби.