Часовници

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Каде можам да најдам убава кутија за машки часовници ? :giggle:
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
9
Поени од реакции
1
casio mtp 1162

postar model, da ne znae nekoj kako da istrazam od koja godina e sho pari bil i sl
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Каде можам да најдам убава кутија за машки часовници ? :giggle:
Ојш од Шила према Чинар горе, Шила од десна страна, после 25метри од лева страна имат еден дуќан за сатој и наочари, виј прашај таму.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Од скоро повторно имам едноставен (но фин) Сеико 5ка:



Би сакал во скоро време да го добијам:



Инвикта 9937. Се надевам не е преголем, не ги сакам модерните големи часовници над 40мм.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012


Мај њу уан, што би рекол колегата Кадаиф ;)

Не е којзнае што, Lorus RF851DX9, 85 евра сосе достава, веројатно може да се најде и за помалку. Не ми се даваа премногу пари, и не ни планирав да зимам саат, затоа што следна цел ми е дајверот на Инвикта, но отсекогаш сум сакал и еден хронограф, па макар и релативно евтин кварцен, а и сината позадина ми се допаѓа (и воопшто дизајнот), а имав и нешто повеќе пари во моментот, така да... Друго што ми се допаѓа е водоотпорноста од 100м и што саатот не е преголем (40мм без круна, 43 со, 33мм стакло) како повеќето саати денес (овој е за мене на граница). Колку држи време ќе видиме.

Она што не ми се допаѓа е што малата стрелка на секундарникот не паѓа идеално на подделоците за секунди, туку малку напред или назад (како кај евтините ѕидни кварцни). Мерачот на стотинки е означен како 1/20 сек, а има 24 подделоци, белки треба да стои 1/24 сек? Но, за тие пари веројатно толку; ако ништо друго барем функционира.

Каишката е океј, не е нешто посебно, но секако планирам да ја сменам со кафеава кожна.[DOUBLEPOST=1450419424][/DOUBLEPOST]ПС. Луминисценцијата е слаба, не се споредува со погоре спомнатиот Сеико - но, за толку пари веројатно не треба повеќе и да се очекува.
 
Последно уредено:
Член од
19 јули 2012
Мислења
47
Поени од реакции
4
Дечки брат ми има добиено поклон часовник во германија овој модел поточно Ulysse Nardin 322-00.Каде може да проверам дали е оргинал?
По интернетов гледам дека многу тежко било да препознаеш копија.


322-00-3.jpg
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ако не се препознава сигурно е прва копија. Нема шанси некој да подари таков скап часовник.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.289
Дечки брат ми има добиено поклон часовник во германија овој модел поточно Ulysse Nardin 322-00.Каде може да проверам дали е оргинал?
По интернетов гледам дека многу тежко било да препознаеш копија.


Прегледај го приврзокот 135096
Кој дава оригинал саат ко на сликава кој кошта 55 000 евра?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom