Garfield напиша:
Da de, zatoa papata clement sitkal indulgencii za pari (indulgencija = spasenie na dusite,ako platis, ke klatis u raj, ako ne platis, tesko tebe).
Cesno, neli, od onoj koj mu e desna raka na Dzizs, a?
Никој не ги негира таквите малверзации кои се случувале у црквата, особено у средниот век. Како што сега владите продаваат демократија, а практицираат тоталиристичко владеење, така и црквата тогаш играла игри за превласт и моќ, криејки се зад маската на вера.
Но тоа нема апсолутно никаква врска со самата христијанска религија, него со човечката алчност. И у буквално секој систем и институција има девијантни елементи, па така и у црквата, али не може ради неколку "фалични" индивидуи целокупната институција да ја етикетираме ко мафија.
Затоа и претходно реков, оној кој е верник, нема многу да се замара со тоа дали еден од 50-ет попови краде или што ти ја знам друго, него ќе се фокусира на свештенството кое се однесува баш како што треба(а факт е дека има луѓе инволвирани во црквата кои се вредни за почит) и ќе си ја сфаќа црквата единствено како Божји Дом во кој со другите верници ја слави верата.
А ако некој не сака да верува, онда сасвим ок, негово право и избор кој треба да се почитува.Али нека не иде у лов на вештерки таму кај што ги нема, за да си оправда некои свои лични сомнежи.