Цитати, изреки, мисли за животни

PurplePuma

Somewhere, over the rainbow...
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.063
Поени од реакции
8.177
Триножно куче - спасувач му го менува животот на дете со ретка состојба

(поглуп преводот не може да биде, ама се трудам да не отстапувам многу од оргиналот)


Анадолскиот овчар по име Хачи надмина страшен чин на суровост за да стане најдобар пријател и инспирација на едно младо момче со ретка генетска состојба.
Овен Хокинс има 7 години и му е дијагностициран Schwartz-Jampel syndrome, состојба која предизвикува неговите мускули да се движат ненамерно. Пред да се сретне со Хачи, тој имал агорофобија и бил социјално повлечен. Хачи, уште пред да наполни една година, претрпел ужасен чин на суровост.

Во Јануари 2012, Хачи бил намерно врзан за шините во Северен Лондон и бил удрен од воз. Неговата опашка била откината а неговата нога сериозно повредена. Хачи, тетеравејќи се, успеал да избега и да се скрие, за после 5 дена да биде пронајден и спасен од RSPCA (Royal Society for the Prevention of Cruelty to Animals). За жал, поради инфекција, ногата и преостанатиот дел од опашката морале да бидат ампутирани.

Тој веднаш бил сместен во foster home (не го знам точниот превод на македонски), но таму бил нападнат од страна да друго куче од домот и повторно бил вратен во RSPCA, каде што било размислувано дали тој треба да биде успиен. Но, еден член на здружението не сакал да се откаже од него и го повикал здружението UK German Shepherd Rescue, кое има полиса за неусмртување на животните. Тие започнале да бараат добар дом за Хачи, и токму тогаш Колин Друмондс и нејзиниот вереник Вил Хокинс (таткото на Овен) виделе пост на Фејсбук и одлучиле да го посетат Хачи. На 18 февруари, шест недели по операцијата на Хачи, двојката го одвела во својот дом.

Кога Хачи и Овен се сретнале, тие веднаш се приврзале еден за друг и почнале да се поддржуваат еден со друг. Колин рекла дека кучето имало ефект врз детето веднаш.

Пред да пристигне Хачи, Овен се борел со својата различност што го натерала да стане социјално повлечен и да се вознемирува на училиште или во близина на непознати.

,,Штом тие се сретнаа, ефектот кој Хачи го имаше врз Овен беше неверојатен. Пред тој да дојде, Овен не сакаше да оди - тој беше практично агорофобичен.,, - изјавила Колин. ,, Овен се плашеше од непознати, но сега тој сака да зборува со секого за Хачи и постојано сака да излегува надвор и да оди на кучешки изложби. Разликата која ја гледаме кај него не може да се опише со зборови,,.

Вил вели дека Хачи е подеднакво приврзан на Овен. ,,Хачи ќе дојде и ќе се напие од водата кога го бањам Овен, тие двајца не сакаат да бидат разделени,,.

Сега веќе 15 месечен, Хачи ја завршил својата обука за терапевтско куче и ќе ги посетува војниците со ампутации и терминално болните деца. Хачи добил признание од Меѓународниот фонд за благосостојба на животните (IFAW) за неговата приказна. Хачи ја добил наградата IFAW куче на годината.





Погледнете го видеото :)
--- надополнето: 18 ноември 2012 во 04:29 ---


Кутре - херој спасило момче да не биде удрено од камион

Кутрето по име Гео се смета за херој откако храброто куче го спаси животот на 10 годишниот Чарли Рајли. 7 месечното кутре го турнало Чарли од улицата на која надоаѓал пик-ап камион и се втурнало себеси под возилото.

Чарли бил надвор да го шета мелезот од Германски Овчар и Коли, со неговата мајка и неговите двајца браќа, во Клактон, Велика Британија, а камион бил паркиран на тротоарот. Двајцата стоеле на тротоарот чекајќи да ја поминат улицата. Карли, мајката на Чарли изјавила ,, Гео морал да го насети камионот што доаѓаше, тој скокна и го турна Чарли на страна од улицата. Камионот можеше да не удри сите нас. Ако не беше Гео, сигурна сум 100 проценти дека ќе го удреше Чарли.,,

Камионот го удрил Гео, а потоа возачот избегал без да сопре. Гео се здобил со скршеница на ногата, фрактура на рбетот и тешки модрици, но, по некое чудо, се очекува да се опорави.

Карли и нејзиниот сопруг го пријавиле бегството на возачот во полицијата. Тие сега се трудат да ги платат трошоците за ветеринар, кои изнесуваат 8000 фунти (околу 16 000 долари). Карли изјавила дека не постојат шанси кучето да не ја добие потребната грижа. ,,Воопшто не доаѓа во обзир тој да биде успиен. Ние сакаме да се излечи, без оглед на се, не е важно колку кошта. Тој е дел од нашето семејство!,,.

--- надополнето: 18 ноември 2012 во 05:25 ---
~ Dogs never bite me. Just humans. - Marilyn Monroe

~ Dogs are not our whole life, but they make our lives whole. - Roger Caras

~ Dogs and philosophers do the greatest good and get the fewest rewards. - Diogenes

~ Histories are more full of examples of fidelity of dogs than of friends. - Alexander Pope

~ If a man lets all of my dogs sleep in the bed with us, then that is the most romantic thing. You must love my dogs in order to love me. A man who is nice to my animals and doesn't shoo them away - well, that's the height of romance. - Salma Hayek

~ I just love dogs, and there really is no better companion than and animal. - Rita Rudner
 

PurplePuma

Somewhere, over the rainbow...
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.063
Поени од реакции
8.177
Кучето Дјук спаси бебе од смрт

Октомври, 2012, Портланд, Конектикат. Семејството Бросо веќе било отидено во кревет, кога нивното куче Дјук, кое било посвоено скоро пред 6 години, скокнало на нивниот кревет и почнало неконтролирано да се тресе. Однесувањето на Дјук веднаш го разбудило парот.

,,Тој е лудо послушен, и затоа ова беше ектремно бизарно,, - рекла Јена Бросо. Дјук никогаш предходно не се однесувал вака, и тие едноставно знаеле дека нешто не е во ред. Кога тие отишле во собата на нивната 9 неделна ќерка Харпер, таа не дишела.

Сопругот на Јена веднаш повикал брза помош. Бебето Харпер тогаш било реанимирано и однесено во болница. ,,Ако Дјук не беше толку исплашен, ние ќе си легневме,, - рекла Јена Бросо за нејзиното херојско куче ,,Тој е совршеното куче, тој беше створен за да бидеш наш,,.


--- надополнето: 18 ноември 2012 во 14:02 ---
:::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::
Беар (Мечка) е Германски овчар кој пред 3 години, никој не го сакаше. Деби го посвоила Беар од Ветерфорд Животинскиот Шелтер во Милсап, Тексас за својата мајка.
Беар, кој никој не го сакаше, конечно излезе од шелтерот, и тоа беше љубов на прв поглед.

Уште во првите 3 дена по пристигнувањето дома, почнал да детектира кога Деби ќе има напад. Деби страдала од напади речиси секојдневно во последните 18 години како резултат на несреќа при јавање на коњ. Беар немал формална обука, но изгледало дека инстиктивно знаел кога таа ќе има напад. Тој сега научил да ја насочи Деби да ги земе своите лекови и да ја предупреди дека ќе добие напад со тоа што се потпира на нејзините нозе.

Деби паднала неколку пати кога не го послушала предупредувањето на Беар. Таков случај било еден ден во мај 2011, кога Беар се обидел да ја спречи Деби да излезе надвор. Таа го турнала на страна, и веднаш добила напад при излегување од вратата од нејзиниот дом. Таа паднала на предните скали, ја удрила главата и се онесвестила.

Беар трчал по помош, гребел по вратите на нејзините соседи. Тој одел од врата на врата за да добие помош. За среќа, еден блок подалеку од неговиот дом бил забележан од службеничка на Конролата за животни. Таа ја сопрела колата и тој скокнал внатре.

Читајќи ги неговите ознаки, службеничката сфатила дека тој е куче кое служи за алармирање на напади, па го следела Беар назад до неговиот дом. Службеничката ја нашла Деби како лежи полусвесна, дезориентирана и збунета. Повикала брза помош и Беар отишол со својата сопственичка во болница.

На Беар му била доделена наградата National Hero Dog од страна на Здружението за спречување на суровоста кон животните (Society for the Prevention of Cruelty to Animals - SPCA) во Лос Анџелес за неговите херојски подвизи за помош на Деби. ,,Ова само покажува колку неверојатни можат да бидат кучињата од шелтер,, - рекла претседателката на SPCA Лос Анџелес, Меделин Бернстејн ,, Ако Деби не го посвоеше Беар, каде ќе беа денес и двајцата?,,.

 

PurplePuma

Somewhere, over the rainbow...
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.063
Поени од реакции
8.177
Заштитнички настроен пит бул спречил вооружени натрапници да киднапираат бебе од дома

Семејното куче, пит бул, спречило двајца вооружени натрапници да го киднапираат 3 месечното бебе на неговото семејство. Најели Гарзон - Џименез и Адолфо Анџелес - Моралес зборувале на телефон кога во нивниот дом упаднале маж и жена, додека Адолфо бил на работа.

Најели слушнала звук преку кујнската врата и видела маж и жена како провалуваат во куќата. Адолфо слушал што се случува преку телефонот: ,,Ја слушнав бучавата преку телефонот, а таа почна да вриска и да плаче, и рече дека некој штотуку ја втурнал раката преку вратата,,.

Мажот побарал од неа да им даде пари, или ќе го земат бебето. Најели им кажала дека нема никакви пари, па жената и го грабнала бебето од раце.

Сопругот на Најели, Адолфо, изјавил за вестите на WishTV: ,,Таа се борела со жената, бидејќи жената пробала да избега преку кујната, а Најели ја држела за маицата. Тогаш мажот ја удрил Најели со пиштол.,,

Жената избегала преку задната врата со бебето, но тогаш едно од двете кучиња на семејството ја спречило да избега од дворот. Пит Булот не и дозволувал да излезе.

Адолфо изјавил: ,,Таа се обидела да избега преку задната врата, но едно од нашите кучиња - не и дозволило да помине.,,

Жената се свртела и се стрчала назад кон предната врата, а притоа го фрлила бебето во рацете на Најели.

Најели и нејзиното бебе бил однесени во болница на преглед. Најели има лоша модринка и посекотина на местото каде што била удрена со пиштолот, но таа и нејзиното бебе се безбедни дома, благодарејќи на семејното куче кое го бранело својот дом.




http://www.dogheirs.com/tamara/posts/2319-protective-pit-bull-stops-armed-intruders-from-stealing-baby-from-home
--- надополнето: 22 ноември 2012 во 14:53 ---


Иако темата е за животните и нивното однесување, една приказна во обратен правец - човекот кон животното.
Овие луѓе заслужуваат ордени.

Пожарникари спасуваат Германски Овчар од распламтениот дом

Еден Германски Овчар има среќа што е жив, откако приколката во која живеел со својот сопственик била уништена од пожар.

Кучето по име Бугер било спасено од страна на пожарникарите од задната бања во неговиот дом. Собата била полна со чад, но не и оган, според пожарникарите кои реагирале на местото на настанот и го спасиле заробеното куче. Тие го извлекле Бугер од запалената приколка и неколку минути пробувале да го оживеат со кислород и останати техники за реанимирање. За среќа, Бугер бил реанимиран со брзата реакција на пожарникарите и однесен на ветеринар за понатамошна грижа.

Соседот изјавил дека гледал ТВ кога слушнал силен звук на пукање. ,,Го отворив прозорот и видов како пламени јазици излегуваат од прозорите на приколката. Се исплашив од огнот и помислив дека тој можеби сеуште е внатре, па истрчав за да се осигурам дека е надвор,,. - изјавил Џејмс К.

Џејмс слушнал дека човекот е надвор безбедно, но дека кучето е внатре. Пробувале да го повикаат, но Бугер не се појавувал. Џејмс пробал да го изгасне пожарот со својот ПП апарат, но апаратот бил премал. Во тој момент огнот бил преинтензивен, и пожарникарите ги тргнале на страна Џејмс и сопственикот на Бугер. Пожарникарите тогаш го спасиле Бугер и го изгаснале огнот за неколку минути.

Иако овој човек го изгуби својот дом и се што имал, благодарен е што сеуште го има Бугер.





http://www.dogheirs.com/elleng/posts/2305-firefighters-save-german-shepherd-dog-trapped-in-blazing-home
 

hEnDo

すべてのメンバーを尊重する
Член од
17 април 2012
Мислења
2.541
Поени од реакции
4.766
Of all God's creatures,there is only one that cannot be made slave of the lash.That one is the cat.If man could be crossed with the cat it would improve the man,but it would deteriorate the cat-Mark Twain
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.598
Статусов го начекав на нет. Морав да го споделам со вас овој млаз разнежнетост, олуја милозвучна тишина, ерупција од љубави и набилдани емоции.

"Денес е точно една година откако си посвоив куче.

Кучето доби име Нимерија, по кучето на Ајра Старк, малата од троновите. Да не тупам, кој ја знае книгата или серијата - знае, кој не знае - здравје.

Мош треба да нагласам дека воопшто не сакав да имам куче. Не во овој период од животот. Една стара дама, откако не запозна и мене и кучето, ме праша – дали имам дечко? И реков немам. Она заклучи дека мојот одречен одговор е причината што имам куче.

Па не е.

Ја не знам како на старите госпоѓи да им го објаснам шаренилото од човечки односи денес. Тоа што за старите дами е бојфренд, за мене не е. И обратно, такоџе.

Не ми недостигаат ни пријатели, нити пак се обидувам од кучето да направам замена за луѓе.

Сите мои пријатели знаат колку ја сакам да сум сама. Догиво таа самотија само ја убива и нарушува. Башка, кучево само се деси, нити беше потребно, нити очекувано, нити посакувано.

Важно:

Кучето до сега има изедено неколку книги (раскази од Томас Ман, позајмените три книги Гејм оф тронс, песни од Десанка Максимовиќ, еден Пруст Марсел).

На менито му се најдоа и:

Една Коко Даш огрлица,
една играчка овца која ја носам со себе во секој стан,
пола мобилен телефон,
еден фиксен телефон,
3 кабли за интернет и
неколку пакетчиња Орбит еукалиптус.

И понатаму тоа куче е најсупер кул.

Тоа куче е тука и кога си даун и не сакаш да излезеш од кревет, а мораш бидејќи имаш куче. Па излегуваш и капираш дека надвор е сонце и дека животот се дешава независно од тоа шо ти си тужен како шо си ружен.

Тоа куче е тука и кога погрешен човек ќе ти влезе во станот.

Тоа куче е тука и кога погрешен човек ќе ти излезе од станот.

Тоа куче е тука и кога пар хулигани поминуваат на улица, па дофрлаат, па гледаат црно куче, па замолчуваат.

Тоа куче е тука и кога немаш пари, па заедно јадете леб и мармалад (он не јаде мармалад).

Тоа куче е тука и да играте со Pegi Li i He’s a Tramp


Тоа куче е тука и кога вратата случајно ќе остане отклучена и кога ќе се пробудиш во сред летна ноќ и ќе се сецнеш дека некој можел да те однесе и тебе и твојот кревет и се што имаш на светов, но не можел, затоа шо кучето е тука покрај вратата.

Тоа куче е и малку несмасно и потполно невоспитано, но никогаш не ме напуштило во клучните моменти.

Кучињата се кул.

Не мислам дека секој треба да има куче, но ако некогаш се двоумите дали да посвоите куче, пресудете во корист на кучето.

Ретко во живот тврдам нешто, но еве ме сега најодговорно тврдам дека тоа куче покрај разно разните перипетии, ќе ви донесе и многу радост.

И сите тие перипетии и проблеми ќе бидат ништожни и смешни покрај вулканот радост кој ќе ви го донесе.

Ето.



Затвараш цитат"
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
711
Поени од реакции
955
Дали знаевте дека животните гледаат црно бело? освен жирафата таа гледа во боја
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
762
Поени од реакции
786
They may destroy your shoes, jeans, makeup, garden, flip-flops, beds, pillows... but they will NEVER destroy your heart!
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
616
Поени од реакции
766
Реална историја за една лавица-вегетаријанка, по име Тајк....За кучиња вегани имам читано, но лав да живее без месо....е чудно.
Сопственичката имам издадено и книга за неа, во Америка била атракција токму поради тоа што не јадела месо...Информации на нет, клучно зборче Little Tyke.
Тајк со својата пријателка Беки

 

dARK_ElementaL

Мрачен Паладин
Член од
21 август 2017
Мислења
745
Поени од реакции
545
Лисицата има страв од волците, а лавот не е доволно итар за да ги најде стапиците.
Затоа човекот треба да биде итар како лисица за да ги открие стапиците и храбар како лав за да ги избрка волците
 
На врв Bottom