1. Френк Лојд Рајт (Frank Lloyd Wright 1869-1959)
Во времето кога во САД ечи индустријализацијата, на самиот почеток на 20-тиот век, во архитектурата се случува комплетна декаденција. Освен познатата
Чикашка школа, која неуспешно и без храброст се покажа на тогашните архитектонси изложби, сите други школи и учења беа декадентни, и се навраќаа кон минатите стилови, копирајќи ги на најбруталниот еклектички начин.
Единствен американски архитект, кој не потклекнува на тој „историцизам“ е Френк Лојд Рајт, кој постојано ја унапредува архитектонската мисла. Поради отфрлањето на историцизмот, тој не е целосно прифатен од тогашните официјални архитектонски и уметнички институции. Сепак, многу подоцна, тие настојуваат да ја поправат својата грешка, така што Рајт во својата 81-ва година од животот е избран за член на Американската академија на уметноста и литературата. Седум години пред тоа, одликуван е со медал од Кралскиот институт на британските архитекти.
Неговиот долг работен век, и големиот опус на пионерски објекти на Модерната, кои ни ги има оставено, не дозволуваат со сигурност да се направи поделба на фази на неговите трудови. Затоа, овде ќе ги разгледаме само неговите поважни објекти, без некаква поделба на фази, запазувајќи некоја хронологија.
Еве како не наградува г-дин Рајт, нас архитектите, и сите оние кои имаат очи и ум да ги видат неговите дела. Да ги видат, не само да ги погледнат...Уживајте:
1. Куќата и студиото Рајт, Оук Парк, Илиноис, САД (1909)
2. Куќата Вилијам Фрик, Оук Парк, Илиноис, САД (1909)
3. Вилата Фредерик Константин Роби, Чикаго, САД (1909)
4. Унитаристичката црква, Илиноис, САД (1904)
5. Куќата на др. Сторер, Холивуд, САД (1924)
Веќе на оваа фотографија се забечежува неговата најголема карактеристика - имплементација на природата и нејзините неправилни форми во склад со кубичните, вештачки создадени објекти околу неа. Тоа најдобро може да се забележи и да се сфати во неговата, можеби најпозната куќа...
6. Вилата на Едгар Кауфман, Конелсвил, Пансилванија (1936)
--Куќата на водопадите--