Циклус: Архитекти на Модерната и современи архитекти

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Во оваа тема, ќе се претставуваат сите великани на архитектурата од почетокот на стилот на Модерната, па до денес, со краток опис за самиот архитект, и прикажување на неговите најпознати дела. Се надевам дека темата ќе привлече внимание и заинтересираност. Сепак, се работи за чиста уметност, нели? Уметност во време на сите културни и политички револуции... Револуција самата за себе, во однос на минатата архитектура. Модерната не носи во едни сосема поинакви правци од предходните архитектонски стилови, нејзината авантгардност го присилува светот и технологијата да одат напред, да се развиваат и да и помагаат и таа да се развива. За денес да се постигне она што го знаеме. Најзаслужните за тоа, ќе бидат спомнати овде...

(следува: Френк Лојд Рајт)
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
1. Френк Лојд Рајт (Frank Lloyd Wright 1869-1959)



Во времето кога во САД ечи индустријализацијата, на самиот почеток на 20-тиот век, во архитектурата се случува комплетна декаденција. Освен познатата Чикашка школа, која неуспешно и без храброст се покажа на тогашните архитектонси изложби, сите други школи и учења беа декадентни, и се навраќаа кон минатите стилови, копирајќи ги на најбруталниот еклектички начин.

Единствен американски архитект, кој не потклекнува на тој „историцизам“ е Френк Лојд Рајт, кој постојано ја унапредува архитектонската мисла. Поради отфрлањето на историцизмот, тој не е целосно прифатен од тогашните официјални архитектонски и уметнички институции. Сепак, многу подоцна, тие настојуваат да ја поправат својата грешка, така што Рајт во својата 81-ва година од животот е избран за член на Американската академија на уметноста и литературата. Седум години пред тоа, одликуван е со медал од Кралскиот институт на британските архитекти.

Неговиот долг работен век, и големиот опус на пионерски објекти на Модерната, кои ни ги има оставено, не дозволуваат со сигурност да се направи поделба на фази на неговите трудови. Затоа, овде ќе ги разгледаме само неговите поважни објекти, без некаква поделба на фази, запазувајќи некоја хронологија.

Еве како не наградува г-дин Рајт, нас архитектите, и сите оние кои имаат очи и ум да ги видат неговите дела. Да ги видат, не само да ги погледнат...Уживајте:

1. Куќата и студиото Рајт, Оук Парк, Илиноис, САД (1909)



2. Куќата Вилијам Фрик, Оук Парк, Илиноис, САД (1909)



3. Вилата Фредерик Константин Роби, Чикаго, САД (1909)



4. Унитаристичката црква, Илиноис, САД (1904)



5. Куќата на др. Сторер, Холивуд, САД (1924)


Веќе на оваа фотографија се забечежува неговата најголема карактеристика - имплементација на природата и нејзините неправилни форми во склад со кубичните, вештачки создадени објекти околу неа. Тоа најдобро може да се забележи и да се сфати во неговата, можеби најпозната куќа...
6. Вилата на Едгар Кауфман, Конелсвил, Пансилванија (1936)
--Куќата на водопадите--





 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Трите начела на Рајт:

1. Не ја менувај природата
2. Не ја менувај природата
3. Не ја менувај природата

Органска архитектура, нешто повеќе? Во тој контекст, еден цитат од господин господин Рајт: Кога пишувате ПРИРОДА пишувајте ја со големо П, бидејќи тоа е едиснтвеното лице на Господ кое некогаш ќе го видете.


Киремали, дај повеќе :)
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Понатаму, повторно од Френк Лојд Рајт...општествени објекти и хотели:

1. Објектите на компанијата Џонсон Вакс, Расин, Висконсин, САД (1936-1948)





(макета на комплексот)



(Внатрешна архитектура на салите...шо би рекле ентериер)




2. Кулата Прајс, Оклахома (1955)




3. Капелата на Колеџот во Флорида, САД




4. Православната црква во Вауватос, Милвоки (1956)




5. Меморијалниот центар Соломон Гугенхајм (1943-1959)




6. Театарот Калита Хамфри, Тексас, САД (1955)






Архитектонскиот напредок не се состои само во новиот облик на архитектурата и уметноста, туку и во новата филозофија. Рајт постојано истакнувал дека „филозофијата за духот на архитектот претставува исто што и очите за неговите нозе“...
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
2. Валтер Гропиус (Walter Gropius 1883-1969)



Валтер Гропиус е еден од големите проектанти и учители на 20-тиот век, роден во Берлин, во семејство на градители, со татко архитект. Студира архитектура во Минхен, а потоа и во Берлин, за подоцна (1907) да се вработи во студиото на Питер Беренс (поборник на Модерната). Веќе во 1910 се појавува како самостоен индустриски дизајнер и архитект, зафаќајки се со дизајнирање на тапети, мебел, автомобилски каросерии, па дури и една дизел-локомотива. Во нивното обликување, Гропиус применува чисти функционални форми, со отсуство на било каква декорација.

Архитектонското творештво на Гропиус може да се подели на пет периоди. За сите нив е заедничко е тоа што тој постојано рамноправно соработува со своите колеги, претпочитајки ја тимската работа во проектирањето и градењето. По негово мислење, вистинската тимска работа доведува до врвни остварувања, а големината на индивидуалниот авторски придонес е вградена во заедничкиот квалитет.

Ќе ги прикажеме неговите позначајни архитектонски подвизи хронолошки, според периодите во кои работел.

1. Творештвото до Првата Светска Војна

[FONT=&quot]Фабричкиот ансамбл на архитектонската изложба Веркбунд, во Келн (1914)
[/FONT]



2. Творештвото во Баухаус
Фабриката Фагус, Алфелд (1911)


Анамблот објекти на школата Баухаус (1926)


Населбата Сименсштат, Берлин (1929)




3. Работата во Англија со Максвел Фрај
Колеџот Импингтон, Кембриџшир (1956)






4. Творештвото во САД со Марсел Броер
Куќата Гропиус, Масачусетс






5. Тимската работа со групата ТАС (The Architects Collaborative)
Oблакодерот на ПанАм, Њујорк, САД (1958)


Фабриката за стакло во Амберг (1967)



Покрај големиот број реализирани проекти и теоретски расправи, придонесот на Гропиус за архитектонската мисла се зголемува и со книгата Синтеза во Архитектурата. Во неа посебно е нагласено значењето на тимската работа за постигнување на врвни архитектонски квалитети, за активен и креативен однос кон традицијата и поднебјето, како и за неопходната соработка меѓу уметничкото обликување и занаетчиската вештина.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Вака многу сакам да глеам слики од обејкти макети такви работи.
Просто неверојатно е.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
3. Лудвиг Мис ван дер Рое (Ludwig Mies van der Rohe 1886 – 1969)



Лудвиг Мис ван дер Рое е еден од најголемите архитекти, иако е без завршено факултетско образование, како што се и Рајт, а и Ле Корбизје (нареден пост). Тоа не му пречи да го стекне потребното архитектонско образование и да стане еден од четворицата највлијателни архитекти на Модерната архитектура, покрај Рајт, Ле Корбизје и Гропиус. Мис ван дер Рое е роден во Ахен, Германија, во занаетчиско семејство. Во чест на својата мајка, кон татковото презиме, тој го додава презимето на мајка си „ ван дер Рое“.
Љубовта кон градителството, Мис ван дер Рое ја има стекнато во каменорезачката работилница на својот татко, каде што започнува да проектира гипсени орнаменти. Во 1905 година, оди во Берлин задржувајќи се кусо време на работа кај еден архитект специјализиран за дрвени конструкции. За да се запознае што подобро со тој материјал, Мис ван дер Рое продолжува да учи кај Бруно Паул, познат проектант на мебел од дрво. По едногодишната самостојна работа, во 1907 година Мис ван дер Рое се приклучува кон групата на најактивниот архитект на тогашна Германија, Питер Беренс, каде истовремено работи и Валтер Гропиус. Таму работи до 1911 година; тие три години се најзначајни за неговото архитектонско образование.
Архитектонското творештво на Мис ван дер Рое, по осамостојувањето од Беренс, се развива низ неколку периоди во Европа и во САД. Во сите тие периоди, развојната линија што започнува да ја следи кај Беренс, постојано е присутна во неговите дела, во вид на еден строго дисциплиниран индустриски неокласицизам.


Придонеси кон архитектурата:

Куќата Тугендхат, Брно, 1928-1930



Облакодерот Сиграм, Њујорк, 1954-1958



[FONT=&quot]
Проект за административен објект на триаголна локација
[/FONT]

[FONT=&quot]
[/FONT]


Модел на облакодер со структурирана стаклена фасада



Населбата Вајзенхоф во Штутгард, заедно со Гропиус, Ле Корбизје, Беренс и група Модернисти


[FONT=&quot]
Станбените кули близначки, Чикаго, 1948-1951
[/FONT]

[FONT=&quot]

Германскиот уметнички павиљон, Берлин, 1962
[/FONT]



[FONT=&quot]

И за крај, неколку негови позначајни парчиња дизајн на ентериер:

[/FONT] [FONT=&quot]
[/FONT]
















 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
4. Пјер Луиџи Нерви (Pier Luigi Nervi 1891 – 1979)



Во периодот меѓу двете светски војни, архитектурата во Италија доживува криза и започнува да доцни зад напредните движења во Европа. Голем придонес во напорите да се фати чекор со новите тенденции дава Пјер Луиџи Нерви, голем инженер и конструктор со уметнички склоности. Тој во архитектурата внесува нови конструктивни елементи, нова техника на градење, нова статичка сензибилност, како и нови обликовни мотиви и пластичност на објектите. На таков начин, тој успева угледот на италијанската модерна архитектура да го издигне на светско ниво.

За изведба на своите продуховени конструкции, Пјер Луиџи Нерви употребува армиран бетон со голема отпорност и виткост, така што може да се натпреварува со својствата на челичните конструкции. За постигнување на такви резултати тој прави темелни подготовки, па затоа првите значајни самостојни конструкции ги прави дури во четвртата деценија од животот. Проучувајќи ги предавањата, публикациите и изведените објекти на Пјер Луиџи Нерви, неговото учење најкусо може да се дефинира со следните зборови: „Архитектонското творештво е неразделно поврзано со рационалното конструктивно мислење и со архитектонскиот израз, кој може да биде збогатен единствено со доследно осмислени конструктивни системи на ниво на структура“.

Аеродромскиот хангар во Орвието (1935 – 1936)


Предилницата Гати во Рим (1953) – изглед и скица на структурален фрагмент од плафонот




Железничка станица во Неапол (1954)


Палатата Пирели во Милано, заедно со арх. Џо Понти (1955 – 1958)


Палатата на трудот во Торино (1959 – 1960)


Олимписките објекти во Рим




(пресек низ големата оплимписка сала)



„Преку своите остварувања Нерви покажува дека не се задоволува со претходно постигнатото релативно совршенство. Тој и понатаму истражува и пронаоѓа нови патишта за максимално рационално искористување на статичките можности на материјалот, доведувајки го во целосна согласност со уметничкиот облик на конструктивните елементи и со вкупната архитектонска структура на објектот.“ - проф. Никола Добровиќ, Архитектонски факултет, Белград






[FONT=&quot][/FONT]
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
5. Ричард Нојтра (Richard Neutra 1892 – 1970)


(лево – Егон Винкенс, десно Ричард Нојтра)

Ричард (Рихард) Нојтра е мајстор на модерната архитектура, кој подеднакво им припаѓа на Европа и на Америка. Тој е роден во Виена, кадешто дипломира на Високата Техничка Школа, во 1917 година. Виенската културна средина има битно влијание врз формирањето на неговите погледи за архитетурата.
Уште во 1910 година, Нојтра се запозна со категоричниот став на Адолф Лос против употребата на орнаментот во архитектурата. Врз него врши влијание и новиот начин на обликување. Во 1911 година низ Европа се прикажува изложбата со првите дела на Френк Лојд Рајт, што исто така влијае врз понатамошниот архитектонски развој на Ричард Нојтра.
Веднаш по завршувањето на Првата Светска Војна, Нојтра стапува на работа во Швајцарија, кадешто стекнува искуство од областа на урбанизмот и пејзажното обликување. Општ именител на сите негови проекти е нивното целосно втопување во пејзажот, на еден специфичен уметнички начин, препознатлив за архитектонскиот израз на Нојтра.


Куќата Ловел, Лос Анџелес (1927 - 1929)


Куќата Кауфман, Палм Спрингс (1946 – 1947)


Куќата О’хара, Калифорнија (1959)


Куќата Сокол, Калифорнија (1948)


Куќата Јеу, Калифорнија (1957)


Интернационалната слава на Ричард Нојтра се потврдува со добивањето низа меѓународни награди и обликувања. Тој станува ценет ширум светот, така што држи предавање во повеќе универзитетски центри.
 
Член од
22 октомври 2008
Мислења
24
Поени од реакции
1
super se slikite prodolzi taka vazi i aj kazi mi od koj sajt gi zema ovie pozdrav
 

glufce

French Toast
Член од
15 јануари 2006
Мислења
827
Поени од реакции
8
6. Ле Корбизје (Charles-Édouard Jeanneret-Gris 1887 - 1965)






Ле Корбизје е француски архитект со швајцарско потекло и е несомнено еден од највлијателните архитекти на дваесетиот век. Преку неговите записи и неговите архитектонски дела доаѓаме до заклучок дека тој е еден од главните ликови во модернизмот. Како и Лудвиг Мис ван дер Рое и Корбизје имал многу мало архитектонско искуство, но и покрај тоа бил убеден дека дваесетиот век ќе биде време на прогрес, време на технолошки напредок, време кое ќе диктира нови начини на живеење и сето тоа ќе го промени светот - позитивно. Само архитектурата, според него, потфрлаше во тој поглед, да и се приклучи на таа иднина бидејќи новите објекти продолжуваа да имитираат разни историски стилови.



Познати објекти:



Notre-Dame-du-Haut (капела) е икона на постмодернизмот, изградена во Ronchamp 1955 година. ИакоКорбизје бил атеист и отпрвин одбивал да се нафати во обновувањето на капелата која била уништена во втората светска војна, кога го посетил местото каде што требало да се гради видел простор кој ветувал целосна уметничка слобода во дизајнот на објектот и всушност тоа го натерало да се премисли.





Villa Savoye - е викенд куќа завршена во 1929 година и се наоѓа надвор од Париз. Оваа викенд куќа со армирано бетонска конструкција е всушност симбол на делата на Ле Корбизје и воедно ги презентира неговите пет точки на новата архитектура кои ги развил во 1927 година и притоа искористувајќи ги новите можности на армирано бетонската конструкција.







Domino House





Современ град - Париз (1929)



Слики:





Златен пресек - односи






И за крај, добро познатиот....







Chaise Lounge
 
N

n/a

Гостин
1. Френк Лојд Рајт (Frank Lloyd Wright 1869-1959)



Во времето кога во САД ечи индустријализацијата, на самиот почеток на 20-тиот век, во архитектурата се случува комплетна декаденција. Освен познатата Чикашка школа, која неуспешно и без храброст се покажа на тогашните архитектонси изложби, сите други школи и учења беа декадентни, и се навраќаа кон минатите стилови, копирајќи ги на најбруталниот еклектички начин.

Единствен американски архитект, кој не потклекнува на тој „историцизам“ е Френк Лојд Рајт, кој постојано ја унапредува архитектонската мисла. Поради отфрлањето на историцизмот, тој не е целосно прифатен од тогашните официјални архитектонски и уметнички институции. Сепак, многу подоцна, тие настојуваат да ја поправат својата грешка, така што Рајт во својата 81-ва година од животот е избран за член на Американската академија на уметноста и литературата. Седум години пред тоа, одликуван е со медал од Кралскиот институт на британските архитекти.

Неговиот долг работен век, и големиот опус на пионерски објекти на Модерната, кои ни ги има оставено, не дозволуваат со сигурност да се направи поделба на фази на неговите трудови. Затоа, овде ќе ги разгледаме само неговите поважни објекти, без некаква поделба на фази, запазувајќи некоја хронологија.

Еве како не наградува г-дин Рајт, нас архитектите, и сите оние кои имаат очи и ум да ги видат неговите дела. Да ги видат, не само да ги погледнат...Уживајте:

1. Куќата и студиото Рајт, Оук Парк, Илиноис, САД (1909)



2. Куќата Вилијам Фрик, Оук Парк, Илиноис, САД (1909)



3. Вилата Фредерик Константин Роби, Чикаго, САД (1909)



4. Унитаристичката црква, Илиноис, САД (1904)



5. Куќата на др. Сторер, Холивуд, САД (1924)


Веќе на оваа фотографија се забечежува неговата најголема карактеристика - имплементација на природата и нејзините неправилни форми во склад со кубичните, вештачки создадени објекти околу неа. Тоа најдобро може да се забележи и да се сфати во неговата, можеби најпозната куќа...
6. Вилата на Едгар Кауфман, Конелсвил, Пансилванија (1936)
--Куќата на водопадите--





ГО ОБОЖАВАМ. :back:
Незаменлив е.
Кога и да ги гледам неговите дела останувам без здив.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
А, како да не го сакаш?

Комита е чоекот :)




п.с. баш се намачив додека го најдов на оваа слика :)
 
N

n/a

Гостин
3. Лудвиг Мис ван дер Рое (Ludwig Mies van der Rohe 1886 – 1969)


[FONT=&quot]
И за крај, неколку негови позначајни парчиња дизајн на ентериер
[/FONT]









Упссс... мина.
:toe:
Едно време имав една девојка заради која што уствари ја почнав да вртам архитектонски книги и атласи и која што му беше апсолутен фан на Лудвиг.
И погледнете ги парчињава мебел...
ден денес ретко кој направил нешто по допадливо,по уникатно бижу за твојот дом и во исто време толку многу ергономски удобно и практично решение.
:salut:
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Секоја чест за Френк Лојд Рајт (Frank Lloyd Wright) и Ричард Нојтра (Richard Neutra)
Мој избор од Френк Лојд Рајт:
3. Вилата Фредерик Константин Роби, Чикаго, САД (1909)

6. Вилата на Едгар Кауфман, Конелсвил, Пансилванија (1936)
--Куќата на водопадите--

1. Објектите на компанијата Џонсон Вакс, Расин, Висконсин, САД (1936-1948)


4. Православната црква во Вауватос, Милвоки (1956)

5. Меморијалниот центар Соломон Гугенхајм (1943-1959)
Ричард Нојтра (Richard Neutra)
Куќата Кауфман, Палм Спрингс (1946 – 1947)


Куќата О’хара, Калифорнија (1959)


Куќата Сокол, Калифорнија (1948)


Куќата Јеу, Калифорнија (1957)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom