Центарот за управување на сообраќајот лек за градскиот метеж

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Масонскиот план за убер контрола на жителите на Сим-сити започна ! :vozbud::vozbud:
Од сега ќе можат кога сакаат,каде сакаат и кој семафор сакаат да го контролираат ! :icon_eek:

Замислете каква моќ со овој систем за управување на сообраќајот би добиле овие похлепни нафташки тајкуни. :ija:

Црвено,жолто,црвено,жолто,црвено,жолто... :vozbud::vozbud:

Одиме со пример.

Возите со вашиот автомобил до некоја дистанција и очекувате да стигнете за 10 минути, погрешно !
Ќе стигнете најмалце за час и половина подоцна !
Зошто?

Бидејќи семафорите однапред ќе бидат поставени во статус кво позиција, сите ќе бидат црвени, или дилејот на свичот ќе биде бар за 10 пати поголем !
Сетете се кој ги контролира семафорите.

Ја видовте големата слика?

Точно така семафорите ги контролираат интергалактичките масонско-нафташки копилиња ! :vozbud::vozbud:

Со зголемената потрошувачка на бензин апашите сакаат да го продаваат нивниот производ во неограничени количини !

Поголемата продажба им носи поголем профит ! :vozbud::vozbud:


Подоле има линк доколку сакате да се зачлените во нашата организација.

<линк> сајт наменет за џаболебарски бубуљичави копиљаци кои катадневно киснат на нет за да читаат хипичка литература </линк>


Со овој проект, „тежок“ 2,6 милиони евра, ќе се скрати времето за патување низ градот за 50 проценти, но и ќе се зголеми проточноста на возила по улиците, ќе се намалат загадувањетои отрошувачката на гориво



Градот ќе се справува со метежот во сообраќајот по теркот на големите светски метрополи. Од градската управава најавуваат нов проект наречен Центар за управување и контрола на сообраќајот, со кој ќе се воведат нови стандарди и модернизирање на сообраќајот во главниот град. Овој проект ќе чини околу 2,6 милиони евра, пари што градот планира да ги обезбеди како поволни заеми од меѓународни финансиски институции. Овие пари многукратно ќе им се вратат на скопјани пред сé поради намалување на метежот, на времето за патување низ градот до 50 проценти, намалување на загаденоста и потрошувачката на гориво поради подобрената проодност на улиците.

Проектот содржи воведување софтверски систем за надзор и управување на сообраќајот, со кој од едно место ќе се раководи протокот на возила на крстосниците. Од секторот за информирање на градот велат дека, покрај софтверскиот систем во Центарот, сите крстосници и сообраќајници ќе бидат опремени со нови контролори на семафорите што ја регулираат нивната работа. Целиот систем за контрола најверојатно ќе биде поставен на вториот кат во Меѓуградската автобуска станица, од каде што преку видеонадзор и контрола ќе се насочува сообраќајниот тек. За оваа цел целата сигнализација ќе биде поврзана со оптички кабел и друга современа опрема, која ќе овозможи квалитетен надзор и управување.

- Од моментот на склучување на договорите за кредитирање во период од две години треба комплетно да се заврши системот за управување на сообраќајот на сите 85 крстосници во градот. Сите европски метрополи што имаат современо организиран транспорт веќе поседуваат центри за контрола и управување на сообраќајните текови - истакнуваат од одделението за односи со јавноста.

Скопје се простира на површина од 7.088 хектари и е дом на 25 отсто од вкупното население во земјава. Последните податоци од 2008 година велат дека од аспект на транспортот во градот може да се каже дека најголем број од жителите, или 47 отсто, патуваат за да се вратат дома, додека 22,3 за да одат на работа. Најомилени средства за транспорт меѓу скопјани се возилата на јавниот превоз со 34 отсто, пешачат 33,5 од жителите, а со свои патнички автомобили се возат 28,4 отсто. Неофицијално по скопските улици се тркалаат над 300.000 возила, па не зачудува што улиците проектирани за двапати помалку автомобили постојано се задушени.

Од 1911 година, кога во градот се донесени првите автомобили „рено“ и „форд“, досега автомобилскиот сообраќај бележи незапирлив пораст. Сопственици на првите автомобили биле семејствата Стојановиќ, Петреви, Филота и браќата Димитријевиќ.

Првата бензинска пумпа во Скопје е отворена во 1927 година на главниот плоштад и работела под брендот „Шел“. Покрај оваа, подоцна се отвориле и две пумпи во Старата чаршија, сите во сопственост на семејството Петреви, кои имале лиценцно право на „Стандард оил компани“. Бензинот се точел во шишиња, туби и буриња, а се складирал во визбите.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Сите големи градови имаат вакви системи. Од едно место се надгледува целиот сообраќај во градот со камери и соодветно на тоа се регулираат крстосниците. Значи, крстосниците наместо како сега со фиксен тајминг може да бидат кореиграни од човек така да верувам дека состојбата во шпицовите кога има најмногу сообраќај ќе биде подобра. Не верувам дека би се продолжило времето на патување - единствено може да се скрати нешто, не 50% ама барем мал дел.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.182
Поени од реакции
34.398
Темава иде во подфорумот за Автомобилизам.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Масонскиот план за убер контрола на жителите на Сим-сити започна ! :vozbud::vozbud:
Од сега ќе можат кога сакаат,каде сакаат и кој семафор сакаат да го контролираат ! :icon_eek:

Замислете каква моќ со овој систем за управување на сообраќајот би добиле овие похлепни нафташки тајкуни. :ija:

Црвено,жолто,црвено,жолто,црвено,жолто... :vozbud::vozbud:

Одиме со пример.

Возите со вашиот автомобил до некоја дистанција и очекувате да стигнете за 10 минути, погрешно !
Ќе стигнете најмалце за час и половина подоцна !
Зошто?

Бидејќи семафорите однапред ќе бидат поставени во статус кво позиција, сите ќе бидат црвени, или дилејот на свичот ќе биде бар за 10 пати поголем !
Сетете се кој ги контролира семафорите.

Ја видовте големата слика?

Точно така семафорите ги контролираат интергалактичките масонско-нафташки копилиња ! :vozbud::vozbud:

Со зголемената потрошувачка на бензин апашите сакаат да го продаваат нивниот производ во неограничени количини !

Поголемата продажба им носи поголем профит ! :vozbud::vozbud:


Подоле има линк доколку сакате да се зачлените во нашата организација.

<линк> сајт наменет за џаболебарски бубуљичави копиљаци кои катадневно киснат на нет за да читаат хипичка литература </линк>


Со овој проект, „тежок“ 2,6 милиони евра, ќе се скрати времето за патување низ градот за 50 проценти, но и ќе се зголеми проточноста на возила по улиците, ќе се намалат загадувањетои отрошувачката на гориво



Градот ќе се справува со метежот во сообраќајот по теркот на големите светски метрополи. Од градската управава најавуваат нов проект наречен Центар за управување и контрола на сообраќајот, со кој ќе се воведат нови стандарди и модернизирање на сообраќајот во главниот град. Овој проект ќе чини околу 2,6 милиони евра, пари што градот планира да ги обезбеди како поволни заеми од меѓународни финансиски институции. Овие пари многукратно ќе им се вратат на скопјани пред сé поради намалување на метежот, на времето за патување низ градот до 50 проценти, намалување на загаденоста и потрошувачката на гориво поради подобрената проодност на улиците.

Проектот содржи воведување софтверски систем за надзор и управување на сообраќајот, со кој од едно место ќе се раководи протокот на возила на крстосниците. Од секторот за информирање на градот велат дека, покрај софтверскиот систем во Центарот, сите крстосници и сообраќајници ќе бидат опремени со нови контролори на семафорите што ја регулираат нивната работа. Целиот систем за контрола најверојатно ќе биде поставен на вториот кат во Меѓуградската автобуска станица, од каде што преку видеонадзор и контрола ќе се насочува сообраќајниот тек. За оваа цел целата сигнализација ќе биде поврзана со оптички кабел и друга современа опрема, која ќе овозможи квалитетен надзор и управување.

- Од моментот на склучување на договорите за кредитирање во период од две години треба комплетно да се заврши системот за управување на сообраќајот на сите 85 крстосници во градот. Сите европски метрополи што имаат современо организиран транспорт веќе поседуваат центри за контрола и управување на сообраќајните текови - истакнуваат од одделението за односи со јавноста.

Скопје се простира на површина од 7.088 хектари и е дом на 25 отсто од вкупното население во земјава. Последните податоци од 2008 година велат дека од аспект на транспортот во градот може да се каже дека најголем број од жителите, или 47 отсто, патуваат за да се вратат дома, додека 22,3 за да одат на работа. Најомилени средства за транспорт меѓу скопјани се возилата на јавниот превоз со 34 отсто, пешачат 33,5 од жителите, а со свои патнички автомобили се возат 28,4 отсто. Неофицијално по скопските улици се тркалаат над 300.000 возила, па не зачудува што улиците проектирани за двапати помалку автомобили постојано се задушени.

Од 1911 година, кога во градот се донесени првите автомобили „рено“ и „форд“, досега автомобилскиот сообраќај бележи незапирлив пораст. Сопственици на првите автомобили биле семејствата Стојановиќ, Петреви, Филота и браќата Димитријевиќ.

Првата бензинска пумпа во Скопје е отворена во 1927 година на главниот плоштад и работела под брендот „Шел“. Покрај оваа, подоцна се отвориле и две пумпи во Старата чаршија, сите во сопственост на семејството Петреви, кои имале лиценцно право на „Стандард оил компани“. Бензинот се точел во шишиња, туби и буриња, а се складирал во визбите.
На “норма“ си или те плаќаат на саат за отварање на теми “власта и нејзините успеси“...?
Јадно...:(
2,6 милиони евра за да се вработат уште неколку стотици на државна цицка...тоа е...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Јас знам како може да се намали гужвата во сообраќајот масони го читате ова?
Е вака паушал по 1000 денари дневно за сите жители на Скопје што поседуваат автомобил оти го загадуваат воздухот, ако имаат втор автомобил 500, за трет 300 денари. За фирмите дупло поскапо се знае. И ќе ги продадат тоа автомобилите па на работа скопјани ќе одат со велосипеди скопјанки со ролери, ајмо спорт во здраво тело здрав дух.


П.С. Парите да се наплаќаат секој први во месецот директно од трансакциона сметка, за да може се земи камата ако нема пари на сметка тогаш, треба и банките од нешто да живеат.....
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Сега бе чичо ќе ви објасни.... ако некој од војничињата го чита ова...

најдете начин како да ги шверцувате свињите низ Скопје... измислете хелиодроми и возете се со хеликоптери, бидејќи ова е неподносливо. Алооо, се функционира во државава, уште сообраќајот низ Скопје и гужвата остана несредена. Не ни треба центар за управување со незнам што кој ќе нема функција, освен шо ќе вработи 100 - 200 војничиња. Едноставно, треба пастирот Гвујо, и остатоктот на баграта олигарси кои се нарекуваат министри да чекаат 4 минути кога се возат со автомобили. Најголем причинител на гужва е баш тоа нивно врвење и затварање на пола од главните улици низ Скопје.

Инвестирајте ги парите во реконструкција и изградба на патиштата, автопатот Велес - Скопје од втора наплатна до Катланово е срање. Незнам зошто плаќам патарина..... а да не ги споменувам останатите магистрални патишта шо се во катастрофално лоша состојба.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.109
Инвестирајте ги парите во реконструкција и изградба на патиштата, автопатот Велес - Скопје од втора наплатна до Катланово е срање.
Калдрмата у Маџармаало е порамна. Тешко на тие возила (кои btw оставаат добри пари за "автопатот") што ќе поминат низ тој дел али добра работа е ако човек има камења у бубрег :)

Проектов како и за камерите, потребни се предуслови (или паралелно решавање на другите проблеми) за функционирање на истите. Баш ме интересира како би го решиле метежот и би скратиле време на возење низ Јаја Паша и дел од Чаир каде и за време на одмори и во недела и во секое време од денот колоните се движат во прва од раскрсницата пеперутка скоро до Веро во Чаир. Времето на пример кое ми беше потребно во неделата да го минам тој дел беше исто со времето од Железничка па до кај Пинтија. Прво треба да се реши физички проток...не може да тече вода низ цевка со 100 л/сек ако тоа црево е со капацитет макс. од 10 л/сек плус во внатрешноста се има нафатено бигор (т.е. паркирано возила кој каде стигне).

Да не ги спомињам бостанџиите наредени покрај улица, тракторите и запрежните возила (град Скопје :) )...сето тоа треба да си го решат пред да ги лапнат нашите пари. Ова можеби ќе функционира во Аеродром и Карпош, Влае...но во поголемиот дел метежот првин треба да се среди со тргање на земјоделците и тракторите.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Во Скопје нема место каде да прднеш, а не да се прават сообраќајници. Зборувам за тоа како расте градот а како е концепиран.
Не знам што мислеле кога го концепирале градот. Нов град е Скопје ебате белја. 1960-тите е изграден од темел. Загреб, Белград беа добри примери. Камо место за трамваи, камо двонасочни и долги улици. Камо широки булевари.

И да се воведи систем за надгледување на сообраќај, џабе е. Пак ќе чекаш 120 секунди на семафор дур да помини „зелениот“ бран. Нема алтернативни патишта. Џабе е се! Но веќе кога неможеме подобро, се разбира подобра организација е потребна, а не 10 месеци Илинденска ја прават и градот запек доби од сообраќај! Не дај Боже цајкан да регулира сообраќај, или некои стечајци да праат протести...ХОРОР!
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
Во Скопје нема место каде да прднеш, а не да се прават сообраќајници. Зборувам за тоа како расте градот а како е концепиран.
Не знам што мислеле кога го концепирале градот. Нов град е Скопје ебате белја. 1960-тите е изграден од темел. Загреб, Белград беа добри примери. Камо место за трамваи, камо двонасочни и долги улици. Камо широки булевари.
Планирани се одамна, што од нив е изградено не сакам ни да коментирам. Едуцирај се малку на build подфорумот за сообраќај.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Абе претпоставувам пишува на тој форум за студијата направена во Загреб 65-та? И колку од таа е примената? Кај ќе има трамвај? На Партизанска? Вау. Што со другиот дел од градот?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
Абе претпоставувам пишува на тој форум за студијата направена во Загреб 65-та? И колку од таа е примената? Кај ќе има трамвај? На Партизанска? Вау. Што со другиот дел од градот?
не заебавај... и на јане сандански може да се стави, се до населба лисиче...:pos2: и ке има трамвај што ке може да вози од лисиче до ѓорче... една линија, а може во интерес на профит да бидат две и толку.... трамвај... скопје е загушено од сообраќај.... ЗАГУШЕНО Е!!! и орле и дорле, дошле милум или зорле во скопје и сите имаат коли... КАТАСТРОФА... насабајле кога се иде на работа 75% од колите, возат само возачите.. ретко да видиш двајца, а па полна кола е како да добиеш бинго...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom