Затоа една активна кампања сите мали и средни да стават клуч на врата и да видам од каде ќе земат за леб.
Ќе дојде до економски колапс.Сите наивни,глупи и што се плашат ќе се обединат околу тој со најголема харизма.За колапсот ќе бидат обвинети приватњаците,банакрите и "старата гарда" а решението ќе се бара во нова планирана економија.
Народот ќе ги изеде тие "гомна" и ќе се смее мислејќи дека некој ќе им ги реши сите проблеми ( а не вреди ни да се спомне дека најмалку 50% од популацијата ни е Југоносталгична ) .А ние ќе се вратиме назад за 70 години.
Ова не е можно сценарио ова е единственото сценарио во Македонија што може да произлезе од економска криза.Единствената шанса да не се деси е ако некоја група радикали ( али со прави идеи ) не успеат некако да ја преземат толпата од левичарите.Али тоа да се деси шансите се 1 во милион.
Во моментов Македонија не е спремна ниту за менување на систем/револуции/војниниту интелектуално ниту воено ниту популациски.
--- надополнето: 17 август 2012 во 13:20 ---
Нели десничари се на власт, десна идеологија барем имаат во програма.
Не постои такво нешто како конзервативна партија во Македонија не па да кажеме нешто по десно како слободарска.
-ВМРО се класични популистички-социјалисти
-СДСМ се либерали
-Малцинските партии се скоро сите национал-социјалисти а така се и настроени малцинствата освен можеби Власите.
-И секако има по некоја мала партија Македонска која е пак или комунистичка или национал -социјалистичка
-И да не ги заборавиме групите/невладини организации како Анархисти/СОРС од кој најголем дел од членството пак им паѓа на комунисти или пак странски платеници.
Тоа е идеолошката реалност во Македонија.
Патем за крај самиот програм на ВМРО е социјалистички и со тоа левичарски секоја во програмот ветуваат мешање во економијата,повеќе закони и вработувања,мешавње во здравството,пензискиот фонд,одржувањето на НБРМ тоа се се темели на која било левичарска партија.
Еве баш сакам да слушнам од некого да ми каже еден пример за десничарска партија во Македонија.