Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Јас од овде вадев цени, мислам дека и ти истите ги прифати т.е. ги искористи како референце http://www.fuel-prices-europe.info/
Ај дај пиши го сајтот од каде ти вадиш цени.
Па добро бе, зар косово има поефтино гориво од нас?

Косово 1,100 евра
Украина 0,790 евра
Белорусија 0,610 евра
Грузија 0,946 евра
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Ќе имаме цена на бензин правопропорционална со стандардот на населението.
Значи според тебе поради тоа што имаме низок стандард нафтата треба да биде 20 денари литар? Е сега што се увезува за 40 денари од странство тоа нема врска? :) Башка како што реков зошто ни една земја во Европа не се откажува од акцизата?
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 17:13 ---
Окта ја снабдува Македонија со нафтени деривати преку увоз на сурова нафта од мајката-фирма, грчката рафинерија Хеленик петролеум. Оваа рафинерија, пак, дури 40% од потребите ги задоволува од Иран. Дали Македонија ќе остане без нафта?
Ниту Окта, ниту Министерството за економија, ниту пак, Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кажуваат што ќе преземат ако Хеленик петролеум ја запре испораката на сурова нафта за Македонија како последница на иранското ембарго за извоз на нафта во земјите од ЕУ.
Иако Македонија не е дел од ЕУ-семејството, иранското ембарго е еднакво загрижувачко за земјава како и за Унијата ако се земе предвид фактот дека дури 90% од големопродажбата на нафтени деривати во земјава доаѓа преку Окта. Рафинеријата пак, добива сурова нафта од мајката-фирма, Хеленик петролеум, која дури 40% од потребите за нафта и за нафтени деривати ги задоволува преку увоз на иранска нафта.

Производите од Окта не само што имаат доминантно пазарно учество во земјава, туку голем дел од нив се извезуват и на Косово. „Дефицитот на нафтени деривати Окта го надоместува со увоз од рафинеријата во Солун“, пишува на интернет-страницата на Хеленик петролеум.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.401
Поени од реакции
16.631
Значи според тебе поради тоа што имаме низок стандард нафтата треба да биде 20 денари литар? Е сега што се увезува за 40 денари од странство тоа нема врска? :) Башка како што реков зошто ни една земја во Европа не се откажува од акцизата?
Да. Или у најлош случај за нив нека ја намалат цената на акцизата.
Затоа што покачувањето на цената на нафтените деривати влијае на покачување на цената сите останати производи и услуги.
Те молам немој да ни ја оправдуваш оваа цена, затоа што у претходниот мој пост кој ти свесно или несвесно го одбегна ти кажав како тоа ќе влијае на обичниот граѓанин.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Site vikate velosiped da i jas ke se kacam a dali na nekoj mu tekna deka sea se POVTORNO ke poskape?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Моја грешка за Србија. Уште кога ја објави ти листата од тој сајтот fuel prices net реков дека според листата само во Србија ( и ете од некои чудни причини) Косово е поефтин бензинот.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 17:06 ---

Чудно ни една држава не сака да се откаже. Што велиш ти? Зошто барем една држава не се откаже па да видиме какви ефекти ќе има? :)
Постојат начини.
А за државата негативни, т.е. за луѓето на позиција.За граѓаните сигурно не.Пошто ние не добиваме скоро ништо од платените даноци и акцизи.Само големи ташаци...буквално!
Пред некој ден во документите за регистрацијата на колата видов 1600 ден. давачка за Одржување на патишта, ама сепак вчера патував 3,5 сати од Битола до Охрид на одење и 2 сати во обратен смер.Погодуваш зошто?
Нас ни е сеедно како народ дали на некој си министер ќе му е скратено уживањето со одлука за помали акцизи, ама многу ни е битно позитивното влијание од таквата одлука.

А и не е нешто проблем, можат откажувањето (дел или целосно) од акцизите да го искомпензираат добро со работата на инспекциите :гомце:
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Да. Или у најлош случај за нив нека ја намалат цената на акцизата.
Затоа што покачувањето на цената на нафтените деривати влијае на покачување на цената сите останати производи и услуги.
Те молам немој да ни ја оправдуваш оваа цена, затоа што у претходниот мој пост кој ти свесно или несвесно го одбегна ти кажав како тоа ќе влијае на обичниот граѓанин.
како можеш да кажеш да? Не живееме во социјализам пријателе. Си ги пропуштил последниве 20 години. ОКТА е приватна компанија а и да беше државна не може да се игнорираат цените по кои се увезува нафтата. Токму затоа и пропадна државната ОКТА цената не се одредуваше според пазарот туку според политичко-општествената ситуација а комапнијата трпаше загуби заради нереалната цена. Ти предлагаш вештачка цена, тоа го има во Куба и Северна Кореа во пазарно ориентирано општество не. Единствено може да се влијае на акцизата. И сто пати те прашав зошто никој во Европа не ја закача акцизата? Затоа што тоа е извор на голем приход за државата пари со кои се пополнува буџетот. Цената на дериватите влијае на цената на производите ама во колкав обем? Во случај на криза ќе има кризни мерки, сега за сега можеме да седиме и да навиваме за САД или Иран затоа што од тоа најмногу ни влијае цената на нафтата. Од нашата влада или од нас минимално.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 17:24 ---
Постојат начини.
А за државата негативни, т.е. за луѓето на позиција.За граѓаните сигурно не.Пошто ние не добиваме скоро ништо од платените даноци и акцизи.Само големи ташаци...буквално!
Пред некој ден во документите за регистрацијата на колата видов 1600 ден. давачка за Одржување на патишта, ама сепак вчера патував 3,5 сати од Битола до Охрид на одење и 2 сати во обратен смер.Погодуваш зошто?
Нас ни е сеедно како народ дали на некој си министер ќе му е скратено уживањето со одлука за помали акцизи, ама многу ни е битно позитивното влијание од таквата одлука.

А и не е нешто проблем, можат откажувањето (дел или целосно) од акцизите да го искомпензираат добро со работата на инспекциите :гомце:
брат ја не знам колку си видел ти за одржување за патишта ама јас пред 8 години колата ја регистрирав за 14.000 денари а сега е 9.000 денари. Се разбира тоа никој не го памти. Каде оделе тие пари тогаш поим неам. А сега ако речеш дека од акцизата ние не гледаме ништо како обични граѓани, тогаш ај и даноци нека се укинат и државава да ја укинеме и да си трошиме секој што си заработил :) Да не заговараш анархија или не дај боже социјализам? :) А тоа со инспекциите па нормално дека разгледуваат секакви опции што мислиш дека не размислуваат кога растат цени на горива и се друго што удира директно по џебот? Па кој што е на власт го сака тоа?
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Иран не е Ирак. Битно да се запамти кога ќе пуниш бензин на пумпа во Македонија.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 17:30 ---
или не дај боже социјализам?
Оф, редовна плата, бесплатно здравство и образование, недај боже тоа да биде!
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
како можеш да кажеш да? Не живееме во социјализам пријателе. Си ги пропуштил последниве 20 години. ОКТА е приватна компанија а и да беше државна не може да се игнорираат цените по кои се увезува нафтата. Токму затоа и пропадна државната ОКТА цената не се одредуваше според пазарот туку според политичко-општествената ситуација а комапнијата трпаше загуби заради нереалната цена. Ти предлагаш вештачка цена, тоа го има во Куба и Северна Кореа во пазарно ориентирано општество не. Единствено може да се влијае на акцизата. И сто пати те прашав зошто никој во Европа не ја закача акцизата? Затоа што тоа е извор на голем приход за државата пари со кои се пополнува буџетот. Цената на дериватите влијае на цената на производите ама во колкав обем? Во случај на криза ќе има кризни мерки, сега за сега можеме да седиме и да навиваме за САД или Иран затоа што од тоа најмногу ни влијае цената на нафтата. Од нашата влада или од нас минимално.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 17:24 ---

брат ја не знам колку си видел ти за одржување за патишта ама јас пред 8 години колата ја регистрирав за 14.000 денари а сега е 9.000 денари. Се разбира тоа никој не го памти. Каде оделе тие пари тогаш поим неам. А сега ако речеш дека од акцизата ние не гледаме ништо како обични граѓани, тогаш ај и даноци нека се укинат и државава да ја укинеме и да си трошиме секој што си заработил :) Да не заговараш анархија или не дај боже социјализам? :) А тоа со инспекциите па нормално дека разгледуваат секакви опции што мислиш дека не размислуваат кога растат цени на горива и се друго што удира директно по џебот? Па кој што е на власт го сака тоа?

А дали може окта да купува преку грчката компанија од Иран а нас да ни ја продава како северен бренд, која патем е 20 $ по барел поскапа од иранската???
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Иран не е Ирак. Битно да се запамти кога ќе пуниш бензин на пумпа во Македонија.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 17:30 ---

Оф, редовна плата, бесплатно здравство и образование, недај боже тоа да биде!
И редовни штафети заборави :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Мјонмире, дај олади од темава, само му го креваш притисокот на сите други тука оти нема еден кој ќе се согласи со тебе денес, дури и најзкоравените подржувачи на владата.Да не се повторувам и јас, може нафатата малце е поевтина кај нас ама затоа стандардот наш си знае, во споредба со дрите земји каде нафата е дууури 0.5 евра поефтина.

Туку ако веќе сакаш на политичко ниво да ја завртиме, ајде, кој ја продаде Окта и кој лапна убави провизии од сето тоа. Дали е тоа оној истиот кој педерски лани пред избори ја намали акцизата, кој сега нема муда да го направи истото, и кој уште попедерски ќе го направи тоа наредната година пред локалните избори.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
брат ја не знам колку си видел ти за одржување за патишта ама јас пред 8 години колата ја регистрирав за 14.000 денари а сега е 9.000 денари. Се разбира тоа никој не го памти. Каде оделе тие пари тогаш поим неам. А сега ако речеш дека од акцизата ние не гледаме ништо како обични граѓани, тогаш ај и даноци нека се укинат и државава да ја укинеме и да си трошиме секој што си заработил :) Да не заговараш анархија или не дај боже социјализам? :) А тоа со инспекциите па нормално дека разгледуваат секакви опции што мислиш дека не размислуваат кога растат цени на горива и се друго што удира директно по џебот? Па кој што е на власт го сака тоа?
Регистрацијата намалена, ама зелениот картон?!Да не бегаме оф топик, не заговарам ништо само кажувам дека не се работите такви како шо се трудат да ни бидат сервирани.
А за инспекциите...не го врти.Намалувањето на акцизите ќе е компензирано со зголемени инспекции и пишење казни.
Пак ќе повторам, најлошо е дека ние како народ ништо не осеќаме од даноци и акцизи.Вчера до Битола нецели 80 км поминав низ 874 дупки, не сум бе толку лош возач.1600 ден. Х многу илјади возила не се малку пари за обнова на патишта.На враќање не видов воопшто возило на Македонија пат, а снег ко на Алпите.Ама на вести видов 40 ;)
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.401
Поени од реакции
16.631
како можеш да кажеш да? Не живееме во социјализам пријателе. Си ги пропуштил последниве 20 години. ОКТА е приватна компанија а и да беше државна не може да се игнорираат цените по кои се увезува нафтата. Токму затоа и пропадна државната ОКТА цената не се одредуваше според пазарот туку според политичко-општествената ситуација а комапнијата трпаше загуби заради нереалната цена. Ти предлагаш вештачка цена, тоа го има во Куба и Северна Кореа во пазарно ориентирано општество не. Единствено може да се влијае на акцизата. И сто пати те прашав зошто никој во Европа не ја закача акцизата? Затоа што тоа е извор на голем приход за државата пари со кои се пополнува буџетот. Цената на дериватите влијае на цената на производите ама во колкав обем? Во случај на криза ќе има кризни мерки, сега за сега можеме да седиме и да навиваме за САД или Иран затоа што од тоа најмногу ни влијае цената на нафтата. Од нашата влада или од нас минимално.
Ни напраи пат околу светот за 8 минути и ајмо сега назад у Македонија.
Ќе речам да затоа што реално гледам мојот џеб за да можам да си ги остварувам моите егзистенцијални потреби. А со оваа цена, утре кога ќе идам на работа наместо 40 ден. ќе треба да платам 50 ден.
Окта нека биде чија сака компанија, Владата има моќ да им наметне услови или да им помогне во услови на криза со што ќе учествува финансиски при набавка на нафта и нафтени деривати.

Или нека влијае на акцизата, нека се откаже да речеме 50% од акцизата додека помине кризата па после нека се врати старата акциза.
И по не знам кој пат ти кажувам не ме интересира зашто останатите далеку поразвиено економски држави не се откажуваат од акцизата, затоа што не сакам натегање околу стандарди и слично. Зборуваме, тука, сега, за нас.

И ако, како што викаш ти дека Владата минимално може да влијае, нека биде и минимално меѓутоа нека излезе во пресрет.

Ако не, ќе идеме у Косово со туби да си полниме бензин.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Мјонмире, дај олади од темава, само му го креваш притисокот на сите други тука оти нема еден кој ќе се согласи со тебе денес, дури и најзкоравените подржувачи на владата.Да не се повторувам и јас, може нафатата малце е поевтина кај нас ама затоа стандардот наш си знае, во споредба со дрите земји каде нафата е дууури 0.5 евра поефтина.

Туку ако веќе сакаш на политичко ниво да ја завртиме, ајде, кој ја продаде Окта и кој лапна убави провизии од сето тоа. Дали е тоа оној истиот кој педерски лани пред избори ја намали акцизата, кој сега нема муда да го направи истото, и кој уште попедерски ќе го направи тоа наредната година пред локалните избори.
чекам еден голем торент да се симне па затоа пишував малку повеќе на темава :) нема врска со владава ова си правиме муабет. Јас имам само едно прашање до тебе дали и колку е владата одговорна за цената на нафтата во Македонија? Кои мерки може да ги превземе и каков во проценти или пари би бил ефектот од тоа? Се согласивме дека цената на нафтата е висока насекаде во Европа, драстично е зголемена последниве години. Тоа е факт така? Единствено значи нешто што стои како механизам е акцизата. Е сега колку проценти од цената оди на акциза? 5 денари 10 денари? Дали може и само делумно да се намали? Колку пари државата зема од таа акциза на годишно ниво? Колку пари од буџетот изнесува тоа? Дали би имало ефект врз општиот прилив на средства и колкав? Е тоа се теми за дискусија. Ама на форумов ретко кој би знаел да каже, а тоа не е трагично. Трагично е што и тие т.н. експерти по економија од било која опција или пак неутрални (доколку постојат) не ги кажуваат овие податоци.

P.S. ова е моето мислење и мои прашања и за нив би дискутирал доста празни муабети.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Драстичен скок на цената на бензините- граѓаните во шок

Нови, повисоки цени на горивата од полноќ. Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија, бензинот и нафтата ќе се продаваат за три денари повеќе за литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинство е зголемена за 2,5 денари.
Цените на бензините вртоглаво растат. Од ноќеска на полноќ поскапуваат за три денари. Според одлуката на регулаторната комисија за енергетика Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 84 денари за литар. Новата цена на Еуросуперот БС – 98 ќе изнесува 85, 50 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизелот исто така се зголемува за три денари за литар и ќе изнесува 74, 50 денари за литар.

Исто така се зголемува и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство, за 2, 5 денари за литар и ќе се продава по 63 денари. Граѓаните се шокирани од постојаното зголемување на цените на енергенсите.

- Скапо е, не се издржува веќе со овие цени, вели граѓанин.
- Многу е скапо, работиме само за нафта. Еве сега земав пари па ќе ги дадам сите за бензин, изјави граѓанин.
- Изгор цени има. Ние имаме европски цени, а балкански стандарди, изјави граѓанин.

Како причина за зголемување на цените на нафтените деривати од Регулаторната комисија за енергетика ги посочуваат за 6, 54 отсто повисока цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,42 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот. За формирање на цената на нафтените деривати се користат движењето на брент нафтата, најквалитетна и најскапа на пазарот, движењето на цените на лондонската берза и курсот на доларот во однос на денарот.

Купопродажниот договор на ОКТА и дава ексклузивно право до 2019 според одредена методологија од договорот да се пресметува цената на нафтата и дериватите. Од Владата во јануари официјално побарале средба со менаџментот за смена на методологија и пресметка на цената на нафтата, но до денеска владини претставници со ОКТА на оваа тема не разговарале.


Кога веќе истата политичка гарнитура ја продаде Окта по галантна цена сега нека има муда да ја присили компанијата да ја намали цената на дериватите. Инаку по договорот окта може да пријави кај регулаторите дека ја купила нафтата по 200 долари и ние овде да си плаќаме како изгубени германци во израел!


Инаку не е за заборавање цената на нафтата кога беше барелот 147 долари а кај нас се продаваше литар за 80 денари.

Како ја кројат методологијата од РКЕ само господ знае!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom