Цензура на интернетот - SOPA/PIPA/ACTA/PCIP (Генерална дискусија)

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.187
Поени од реакции
84.059
Ова ме потсеќа на одредени либерали, соросоиди и невладини органзации кои тврдат дека во Македонија има супер соживот... :icon_lol:

Ти нив не ги сакаше многу нели?
Феноменален заклуок.Ако ја сметам дека не можат да поминат овие закони и исто така, да речеме Фрицл истото го претпоставува околу ова, тогаш вероватно значи дека ја го сакам Фрицл.

Брао за логиката, ме изненади.

Се плашам дека ако Бранко испадне во јавнста со ваков став за мипапипасопа, ќе испадне дека го сакам Бранко.
 
D

dystopian

Гостин
Брао за логиката, ме изненади.
Смешно е што на таквите теми кога те читам постојано ги "предвидуваш" најлошите можни сценарија, успут ќе постираш некој инцидент и плукаш по тие кои тврдат дека тоа се само изолирани случаи и се е во ред, а тука пишуваш како се ќе биде во ред и таквите закони никогаш нема да профункционираат... Тоа што се случува моментално, затварањето на неколку sharing сајтови, линкот што го постираше Ио, тоа се само изолирани инциденти, така ли?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Она што не ми е јасно, откако ја прочитав целата тема беше зашто побогу се прашуваат компании како Филип Морис или не знам кои беа другите компании кои врска немаат со интернет? Мислам што има врска Филип Морис? Некој ќе постира слика од нивните производи на интернет? Или ќе ги download-ира цигарите?o_O Мислам според мене не треба да се прашуваат сите компании, особено тие кои не се ни имплицирани во ова. Ај режисери, музичари, до некаде ги разбирам (не дека ги оправдувам, правете разлика) што поддржуваат, ама вакви компании... нема никаква смисла, искрено.
 
Anti-Counterfeiting Trade Agreement.

Зошто не го опфаќа само интернетот...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.187
Поени од реакции
84.059
Смешно е што на таквите теми кога те читам постојано ги "предвидуваш" најлошите можни сценарија, успут ќе постираш некој инцидент и плукаш по тие кои тврдат дека тоа се само изолирани случаи и се е во ред,
Така е, и во војната во Босна имаше неколку изолирани инциденти кои им донесоа зло име на чесните четнички војски.

И ти ли си на мнение дека све што се дешава од 2001, па наваму, се изоолирани инциденти? Не ме чудиш со оглед на погоре презентираната логика околу поклопувањењто на мислењата.

а тука пишуваш како се ќе биде во ред и таквите закони никогаш нема да профункционираат... Тоа што се случува моментално, затварањето на неколку sharing сајтови, линкот што го постираше Ио, тоа се само изолирани инциденти, така ли?
Тука се работи за нереалната перспектива, која ја имаат повеќето приврзаници на теориите на заговор.

Да се разбереме, јас верувам дека има некоја вистина во теориите на заговор (кои се многу романтично претставени од conspiracy-заедницата) и секако сум против ваквите рестриктивни закони, кои не осе поклопуваат со духот на 21-от век, но како и да е, нив ги има се повеќе во сите сфери општественото живеење.

Не верувам во рушење на сопствениот рејтинг од страна на политичарите. - тоа е всушност одговорот на тоа како и дали ќе профункционира ова.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Anti-Counterfeiting Trade Agreement.

Зошто не го опфаќа само интернетот...
Ок, тоа да. Но, реално главниот акцент е ставен токму на интернетот, ако не се лажам, така? Што ќе добие Филип Морис или Ролекс рецимо од затварање на Pirate Bay или Замунда? Тие може да се залагаат за други видови закони кои казнуваат фалсификување (а такви има секаде на светов како што знам), но не и за ваков тип, кога се знае неговата првична намена. Мислам, добро, може не сум во право, не тврдам дека сум во право. :) Само забелешка дадов, деновиве читам што повеќе за ова, не сум ептен 100 посто запознаена, па можеби и грешам. Затоа и реков дека не ми е јасно. :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.295
Поени од реакции
26.179
Она што не ми е јасно, откако ја прочитав целата тема беше зашто побогу се прашуваат компании како Филип Морис или не знам кои беа другите компании кои врска немаат со интернет? Мислам што има врска Филип Морис? Некој ќе постира слика од нивните производи на интернет? Или ќе ги download-ира цигарите?o_O Мислам според мене не треба да се прашуваат сите компании, особено тие кои не се ни имплицирани во ова. Ај режисери, музичари, до некаде ги разбирам (не дека ги оправдувам, правете разлика) што поддржуваат, ама вакви компании... нема никаква смисла, искрено.
Се прашуваат сите, бидејќи носители на актите се политичарите. :) Тие што навистина се оштетени од пиратеријата се користат како параван. Инаку многу веројатно е да го зауздаат и интернетот. Колку време ќе им треба ќе зависи од отпорот што ќе го пружаат граѓаните.
 
D

dystopian

Гостин
Така е, и во војната во Босна имаше неколку изолирани инциденти кои им донесоа зло име на чесните четнички војски.

И ти ли си на мнение дека све што се дешава од 2001, па наваму, се изоолирани инциденти? Не ме чудиш со оглед на погоре презентираната логика околу поклопувањењто на мислењата.

Тука се работи за нереалната перспектива, која ја имаат повеќето приврзаници на теориите на заговор.

Да се разбереме, јас верувам дека има некоја вистина во теориите на заговор (кои се многу романтично претставени од conspiracy-заедницата) и секако сум против ваквите рестриктивни закони, кои не осе поклопуваат со духот на 21-от век, но како и да е, нив ги има се повеќе во сите сфери општественото живеење.

Не верувам во рушење на сопствениот рејтинг од страна на политичарите. - тоа е всушност одговорот на тоа како и дали ќе профункционира ова.
Ми ја промаши поентата со "изолираните инциденти"... Само сакав да покажам недоследност во твоите мислења. Мислам дека е претерано идиотски да се верува дека нема да поминат тие закони ако граѓаните низ целиот свет не се побунат. Секако дека нема да поминат ако се чуе гласот на луѓето, виде и самиот што се случи со поддржувачите на СОПА, како повеќето ја променија својата позиција.

А ако поминат, секако дека ќе профункционираат. Не ми се верува дека еднаш штом имаат законска моќ да затвораат вебсајтови без претходен судски процес, тие ќе се сожалат од засега непознати причини...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Се прашуваат сите, бидејќи носители на актите се политичарите. :) Тие што навистина се оштетени од пиратеријата се користат како параван. Инаку многу веројатно е да го зауздаат и интернетот. Колку време ќе им треба ќе зависи од отпорот што ќе го пружаат граѓаните.
Да, но како е оштетен Филип Морис како таков? Пиратерија на цигари? Прв пат слушам, искрено. :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.187
Поени од реакции
84.059
Има и други чудни работи околу имињава на подржувачи на закониве.
Како тоа, сите издавачки куќи за електронски игри напраија рачуница и заклучија дека не им е во корист подршката на закониве, а само на И Еј им текна дека ОК им се закониве?
 
D

dystopian

Гостин
Ок, тоа да. Но, реално главниот акцент е ставен токму на интернетот, ако не се лажам, така? Што ќе добие Филип Морис или Ролекс рецимо од затварање на Pirate Bay или Замунда? Тие може да се залагаат за други видови закони кои казнуваат факсификување (а такви има секаде на светов како што знам), но не и за ваков тип, кога се знае неговата првична намена. Мислам, добро, може не сум во право, не тврдам дека сум во право. :) Само забелешка дадов, деновиве читам што повеќе за ова, не сум ептен 100 посто запознаена, па можеби и грешам. Затоа и реков дека не ми е јасно. :)
Реално, немаат ништо од затворањето на тпб или замунда, меѓутоа ако помине АКТА, ќе помине цела или воопшто нема да помине. Затоа ја поддржуваат.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.187
Поени од реакции
84.059
Ми ја промаши поентата со "изолираните инциденти"......
Па муабетот со Србите ми беше дека сигурно не си баш до толку за да сфатиш дека некаде е објективно да се зборува за изолирани инциденти, а некаде не.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Реално, немаат ништо од затворањето на тпб или замунда, меѓутоа ако помине АКТА, ќе помине цела или воопшто нема да помине. Затоа ја поддржуваат.
Ок, фала на одговорот. :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.295
Поени од реакции
26.179
Да, но како е оштетен Филип Морис како таков? Пиратерија на цигари? Прв пат слушам, искрено. :)
Филип Морис како Филип Морис. Секогаш се чувствуваат повикани да дадат свое мислење, па дури и за работи во кои директно не се инволвирани. „Општествено одговорна компанија“, која го користи фалсификувањето на цигари (која сама го дозволува свесно, црниот тефтер на Шутурков е доказ за тоа) како причина да ги поддржи иницијативите на најзините пријатели во политиката. :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.470
..а со светот владее масонска фамилија на еврејски гуштери кои се хранат со нашиот страв.

Џабе се потресувате, ни пипа, ни мипа ни сопа нема никад да профункционираат.
Шо ќе се потресуваме. Дечкото што направил сајт со линкови до други сајтови кои имале други линкови до пиратски материјали, завршува во екстрадиција во друга држава, иако во својата не направил криминално дело. Убајни. Уште неколку такви апсења и ќе ти се тресе маусот кога ќе ставаш линк од нешто на форум. Исто како што после апсењето на дечките од Мегааплоад останатите колективно се предадоа. Кога луѓето ќе бидат преплашени да стават линк од било што, да направат видео со слика и звук и да му направат аплоад... тогаш нема да е проблем ништо, затоа што никој нема да знае за Пипи и Сопи. Интернетот се претвора во телевизијата - медиум контролиран од корпорации.

Мене искрено не ме потресуваат ваквите закони толку многу, колку што ме потресува фактот дека и без нив може човек да заврши во апсаана. Пред едно време еден дечко во Њујорк купил пиратска копија од незавршен филм, на улица. Дошол дома, го изгледал и го споделил на интернет. Го чека казна до 10 години. Не го уапсија тој што му го продаде филмот, ни тој што му го продал филмот на продавачот (оние кои оствариле профит). Не го уапсија ни тој што го извадил незавршениот филм од студиото (пак за профит). Го убија гласникот.

Мене сите овие мерки ми изгледаат како „дисциплинирање“. Без разлика дали се работи за обични морони од US Goverment, корпорациите кои ги плаќаат, масони, илуминати, вонземјани... воопшто не е важно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom