- Член од
- 21 април 2006
- Мислења
- 612
- Поени од реакции
- 11
Фирма од Фиренца, специјализирана за леење во бронза е изведувач на спомениците нарачани од Општина Центар, вредни околу десет милиони евра.
Ова денеска го пишува „Дневник“ и наведува дека дошол до пет договори меѓу Општината и италијанската „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“.
Според весникот десетте милиона евра ќе бидат платени за изработката и монтирањето за коњаничките скулптури на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, како и за четирите лава што ќе треба да се постават на мостот „Гоце Делчев“, како и за „скулптури и релјефи од бронза од готови модели“ вредни 4,5 милиони евра.
Најверојатно токму последниов договор, во кој не е именуван ликот-мотив, се однесува на грандиозната скулптура на Александар Македонски, пишува „Дневник“.
За едниот пар лавови цената е 1.150.000 евра, а за другиот е 1.180.000 евра. За коњаничка скулптура на Никола Карев во бронза Општината ќе и' плати на фирмата 715.000 евра, а за онаа на Гоце Делчев и на Даме Груев - 850.000 евра.
Договорите за јавна набавка се од 2008 година и се од доверлив карактер. Според нив скулптурите треба да бидат готови до крајот на 2010 година.
Весникот наведува дека општина Центар две години ги крие точните суми што ќе се потрошат за скулптурите што предизвикаа многу контроверзи и полемики во јавноста и поради висината на средствата - пари од даночни обврзници и поради таканаречената антиквизација.
Портпаролот на Општина Центар, Лидија Неделковска, вели дека општината тендер за изработка на скулптурите распишала на некои меѓународни интернет-сајтови, притоа не именувајќи ниеден од нив.
Таа посочува дека конкурсите и тендерите за спомениците се објавени и во службеното гласило на Општината.Сепак, во службеното гласило во 2008 година воопшто не е објавен тендерот за скулптурите, туку само програмата, наведува „Дневник“. Веста е превземена од макфакс
Народот кука за леб а само општина центар расфрла 10 милиони по скулптури и споменици, да не излезеше оваа вест народот немаше ниту да знае ниту пак ќе има право во иднина да се побуни на ваквиот проект и ваквата енормна сума...