Царината варира, зависно од производот. Пребарај имаа некаде од царина на веб страна за кој производи колку царина зимаат. ДДВ-то е фиксно, од тоа мислам нема бегање.
Јас имам искуство со царина преку ДХЛ, не преку МК пошта. Така што ми се јавија, ми рекоа дека треба да се царини производот. Беше платено 1700 ден (царина + ддв) + 1500 услуга(ДХЛ), на производ од ~150 евра. (царината платена преку вирман во пошта/банка).
За во пошта би требало да те известат(дали преку телефон или писмо во сандаче) да си платиш во пошта се што треба и веројатно ќе биде се во ред. Откако ќе дојде пакетот на царина имаш 2 опции, плаќаш се, и си зимаш пакет. Или плаќаш поштарина и го враќаш пакетот назад. Трето, да не преземеш ништо, незнам што би било