Хрвативе се проклет народ, лажговци и лицемери.
Како што читам некои што пишувате ние сме глупаци и простаци.
Луѓето таму го сакаа Тоше, Тоше ги сакаше нив.
Не треба барем малку да имаме разбирање и да ги почитуваме???
Што лошо направиле?
Во Хрватска на кој човек да му кажеш дека си македонец веднаш ќе го спомне Тоше.
Хрватска тагуваше и тагува по него, исто како и во Србија, БиХ, Црна Гора, Бугарија ...
Музиката нема граници, Тоше пееше за сите, ја имаше таа харизма сите народи да ги сплоти. Тој секаде кажуваше дека е македонец. Пееше на сите јазици и ги обединуваше сите со неговата музика.
Ние треба да продолжиме онаму каде што тој застана.
А не да поставуваме рампа на неговата музика.
Тоше е македонец но со балканска и светска слава, па не треба да бидеме себични и да велиме дека ние сме единствени кои го сакаме Тоше. Таа негова љубов ја познаваа сите. Како што тој ги сакаше сите народи без предрасуди и ги обожаваше сите свои фанови од секој крај од светот. Истите тие и ние треба да ги почитуваме.
Ако сакаме засекогаш неговите песни да се слушаат, да му ја исполниме неговата желба да има светска слава, треба и да бидеме фер и да ги почитуваме сите.
Неговата музика немаше граници, немојте да доволите ние да ги поставиме.