Хуманизам и Ренесанса.

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Хуманизам и ренесанса не постоеле како период. Наспроти тие неколку уметници кои живеат на растојание од 30-90 години и работат за своите господари, овој период е познат по сите срања за кои членовите пишаа погоре.
Не дека многу од идеите кои се појавувале тогаш не се значајни за нас денес...
Али, кога луѓето зборуваат за „Хуманизам и ренесанса“, замислуваат таков некој епик период, со многу журка, пиќиња, уметност и дроги. Не.

Тоа се уметници кои дркаат на грчка култура, биле фокусирани на човекот, но религиозни до јаја. Повеќето од луѓето во Италија и околните земји не ни биле свесни за „ренесансата“ и живееле беден живот. За овие хуманистички насочени уметници биле свесни највисоките благородници и шупаци, пошто овие кои ја „создавале“ ренесансата им служеле на нив.
Ренесансата не е некоја дешавка, туку е збир од ралзични поврзани/непорзани работи кои се случуваат стотици години и доведуваат до тоа што сме денес, модерно општество (не сегде).
Али ок, митовите и симплифицирањето на историјата се увек поинтересни од де факто реалната ситуација.
Во право си за работиве што ги кажуваш, особено за делот каде сакаме да ги класифицираме периодите. Така со се се прави, исто и со антиката и средновековието земено воглавно. Во антиката на пример сите замислуваат дека во Рим и Хелада секојдневно шетале филозофи и од дрва никнувале вајари. Но, ти повеќе го кажуваш ова од аспект на тогашниот народ. Точно е дека луѓето не биле свесни за ренесансата, исто како што можеби по 1000 години ние ќе сфатиме дека не сме биле свесни за нешто што се случува денес, и овој период ќе биде наречен со друг назив. Па сепак, сега кога ќе се погледене назад на тој период, јасно е дека тоа е период со сериозно значење врз понатамошниот тек на човештвото, колку и да не биле свесни луѓето тогаш. Што според мене значи дека не е битно дали биле свесни или не, кога зборуваме за општо за периодот.

А колку е тоа неповрзано зависи од аспектот од кој гледаш. Неповрзани се бидејќи повеќето не се познавале меѓусебно и немале директен контакт, но низ годините едни врз други имале влијанија и делата на едните биле неопходни за да се остварат делата на другите. Иако тоа не се случувало свесно, работите и те како биле поврзани.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Хуманизмот и ренесансата се значајни само за белата западна цивилизација. Испаѓа дека ако западниот човек бил под константна религиска стега, глад и војни и сл. срања и сите други биле.
Ова е гледиште на самобендисаниот бел човек од западната цивилизација кој со свои мерила мери се што било, што е и што ќе се случува понатаму. Според тој став само тие бели снобови биле луѓе, а другите стока, па според тоа она што ним им паднало како идеа на ум - само тоа е вредно да се забележи и почитува...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Инаку кога говориме за хуманизам и ренесанса генерално го опишуваме католичкиот западноевропски феномен кој се појавил во 13, 14 и 15 век.

Вредно е да се напомене дека и тука на балканот постоела своевидна ренесанса, првично ренесансата на територијата на македонија во 9 и 10 век започната од словенските просветители и нивните следбеници, охридскиот универзитетски центар, па подоцна пак во 13 и 14 век со засилениот развој на византиската уметност и култура, за што сведочат многуте манастири и цркви на територијата на Македонија од тој период.

Затоа кога пред некој ден на една друга тема реков дека оваа територија е вукојебина со векови, на тоа мислев, нашата ренесанса е насилно и брутално пресечена од турските освојувања, а подоцна турците не заглавија во нивниот ориентален феудализам со векови, додека европа тераше напред, кај нас од 14 век до втората половина на 19 век речиси ништо не се менуваше.
 

Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
Хуманизмот и ренесансата се значајни само за белата западна цивилизација. Испаѓа дека ако западниот човек бил под константна религиска стега, глад и војни и сл. срања и сите други биле.
Ова е гледиште на самобендисаниот бел човек од западната цивилизација кој со свои мерила мери се што било, што е и што ќе се случува понатаму. Според тој став само тие бели снобови биле луѓе, а другите стока, па според тоа она што ним им паднало како идеа на ум - само тоа е вредно да се забележи и почитува...
Бушманите сигурно имаат свој критички осврт врз ренесансата, напишан пред 500 години, сличен на оној на индијанците, кој е малку постар.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.822
Поени од реакции
2.914
Интересно е што во тоа време се уште не постоело Америка(САД) и немало големо зло како денес. Значи според библијата САД е вториот ѕвер под плаштот на сатаната,а првиот ѕвер е папството односно инквизиција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom