Хуманизам и Ренесанса.

  • Креатор на темата Креатор на темата Dream girl
  • Време на започнување Време на започнување

Dream girl

Singer
Член од
11 јануари 2015
Мислења
60
Поени од реакции
17
Овој период е кога се се вртело околу човекот, цртеле голи мажи,.... се појавил во XIV век.
Што знаете вие друго за ова хуманизмот и ренесансата?:-)
 
Стварно никогаш не сфатив зошто „хуманизамот“ е спомнат во овој период кога истовремено инквизицијата, колонизацијата, врвот на робовладетелството, отоманската експанзија, гладта, црната чума, Јованка Орлеанка, поплави и пустош, константни војни и интриги низ цела Европа се случуваат во истиот временски период :)
 
Ренесанса значи преродба, со ова ќе поминеш.
 
Стварно никогаш не сфатив зошто „хуманизамот“ е спомнат во овој период кога истовремено инквизицијата, колонизацијата, врвот на робовладетелството, отоманската експанзија, гладта, црната чума, Јованка Орлеанка, поплави и пустош, константни војни и интриги низ цела Европа се случуваат во истиот временски период :)

Па веројатно токму заради самата колонизација, експанзија во технологија, во архитектура, во протестантизмот и религиските превирања, акцентот е ставен на делумното ослободување од стегите на католичкта црква.
 
в епохата до ренесанса ц'рквата диктува начина на живот в обштеството, тја определја ценностите и поставја господ в цент'ра на всичко. с наст'пване на ренесанса наст'пва и една основна промјана развива се така нареченија антропоцентриз'м, тоест човек'т е в цент'ра на всичко нај-обшто казано. и докато през т'мното средновековие всички произведенија имат ц'рковен характер или са вд'хновени от ц'рквата и вјарата то през ренесанса навлиза светско разведрјаване сред западните творци. за п'рви творби се считат декамерон на бокачо, божествена комедија на данте и др.
 
Треба треба некоја ренесанса, некој хуманизам и реформација па да се удри по сите религии, за да се живее во мир и слога. Само, што би се преродило ако има ренесанса.....
 
Клучната работа зашто овој период е толку битен за човештвото и неговата историја е бидеќи ова е времето кога акцентот почнува да биде ставан врз самиот човек. Дотогаш Бог е се и се е Бог, односно секој изговор за војна, мир, даноци, природни непогоди сеуште се препишуваат на волјата на Бог. Тоа се отсликува и врз уметничките дела. Но, за време на Хуманизмот и Ренесансата обичните луѓе почнуваат да разбираат дека тие се тие кои го движат општеството, дека се зависи од нив, дека луѓето низ светот се поврзани низ мрежа и самите си ја бираат судбината, дека црквата и феудалците само манипулираат со народот за повеќе да го исцедат. Акцентот е ставен врз луѓето, изразувајќи го тоа преку творби, затоа и се цртаат „голи луѓе“. Токму ТУКА е моментот кога светот конечно разбира дека човекот е оној кој ја има моќта да го промени тоа што го сака и не го сака, па дури и успева да го направи тоа. Доаѓа до сосема различен начин на размислување, сериозен пресврт во историјата, а тоа со себе поттикнува истражувања, желба да се дознае повеќе. Најголемите полимати (ова неразбирливото што ми го пишува под аватарот и јузернејмот) се појавуваат токму во овој период. Луѓе со огромни познавања придонесуваат кон развитокот на општеството, се засилува интензитетот и доаѓа до огромен број на откритија, дел од кои до ден-денес ги користиме, дел од кои пак прават домино-ефект за понатамошниот историски процес и развој. Сметам дека нема потреба да ги набројувам кои се.

Дефинитивно еден од најважните периоди во историјата на која треба да му се посвети многу поголемо внимание :)
 
Секоја чест на Данте Алигери за неговото дело (Пекол, Чистилиште и Рај) кое го одбележало тој период. Буквално се е опфатено и искритикувано во права смисла за тоа постоење во тоа време и во тоа општество. Не случајно многу често повисоката свесноста доаѓа преку уметниците, музичарите, писателите. Уметноста како дело и инспирација барем во тоа време на правите уметници им идело од нешто повисоко.
 
Хуманизам и ренесанса ти значи преродба поточно ставање на ЧОВЕКОТ во центарот на развојот на уметноста и науката место дотогашното БОГ и црквата.
 
Овој период е кога се се вртело околу човекот, цртеле голи мажи,.... се појавил во XIV век.
Што знаете вие друго за ова хуманизмот и ренесансата?:)
па немало порнхаб во кветроченто, морале куреви рачно да цртаат, сосема логично.
 
Хуманизам и ренесанса не постоеле како период. Наспроти тие неколку уметници кои живеат на растојание од 30-90 години и работат за своите господари, овој период е познат по сите срања за кои членовите пишаа погоре.
Не дека многу од идеите кои се појавувале тогаш не се значајни за нас денес...
Али, кога луѓето зборуваат за „Хуманизам и ренесанса“, замислуваат таков некој епик период, со многу журка, пиќиња, уметност и дроги. Не.

Тоа се уметници кои дркаат на грчка култура, биле фокусирани на човекот, но религиозни до јаја. Повеќето од луѓето во Италија и околните земји не ни биле свесни за „ренесансата“ и живееле беден живот. За овие хуманистички насочени уметници биле свесни највисоките благородници и шупаци, пошто овие кои ја „создавале“ ренесансата им служеле на нив.
Ренесансата не е некоја дешавка, туку е збир од ралзични поврзани/непорзани работи кои се случуваат стотици години и доведуваат до тоа што сме денес, модерно општество (не сегде).
Али ок, митовите и симплифицирањето на историјата се увек поинтересни од де факто реалната ситуација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom