Чавез претстави мобилен телефон за 14 долари
11.05.2009 10:49
Телефонот и покрај ниската цена, може да се конектира на интернет
Венецуелскиот претседател Хуго Чавез, го презентираше првиот домашен мобилен телефон наречен "El Vergatario", кој ќе се продава за само 14 долари.
Чавез го претстави телефонот во своето синоќешно шоу „Ало президенте“, од каде во етер го направи и првиот разговор на телефонот, јавувајќи и се на мајка му, со цел да го одбележи венецуелскиот Ден на мајката.
„Ова ќе биде најпродаваниот мобилен телефон во светот“, изјави Чавез, додавајќи дека „веднаш ќе му се јави на Фидел Кастро, а нивниот разговор при тоа нема да може да го прислушкуваат американските власти“.
Телефонот и покрај ниската цена, може да се конектира на интернет, има опции за МП3, СМС, будилник и слични опции.
Апаратот го произведе кинеска и венецуелска фирма, која е во сопственост на Владата.
извор а1 тв
еве го првиот чекор..кој одамна требаше да се направи..спротивставување на скапата технологија..ова е баш човечки ..ете кој мисли на својот народ..а не се обидува да пљачка...
бравос за Хуго !