Ingvar
MONAD
- Член од
- 28 март 2020
- Мислења
- 4.052
- Поени од реакции
- 9.416
Зошто нешто мора да се наоѓа некаде?Уште еден обид за чисто материјалистичко толкување.
Учењето од Црквата вели дека човековата душа се наоѓа и во мозокот и во срцето човекови, па оттаму доаѓа површниот заклучок дека мозочните келии произведуваат одлуки, што е само делумно точно, но само на материјално ниво‘, оти е неспорно дека меѓу душата и телото постои взаемно влијание, но не до мерка во која био-хемиско-молекуларните процесци, на било кое молекуларно, атомско или податомско ниво‘ би влијаеле на слободноволноста.
Пред повеќе години наидов на една претпоставка дека принципот на статистичка веројатност, кој е својствен за податомските честички, поточно за електроните, можел да влијае и на мозочните активности а последично, и на човековото однесување, што е само уште еден обид за еволуцонистичко-материјалистичко „докажување„ за непостоењето на душата, на слободната волја и во крајна инстанца, на Бога Творецот.
Проблемот со застарените толкувања на објаснување на животот е што не земаат у предвид што се случува на елементарно материјално ниво, отприлика 10 на -33 метри, planck scale. Физиката која се бави со оваа работа е квантна механика, па таму една работа може да биде на две места одеднаш, има принцип на нелокалност, суперпозиција и т.н.
Единствено место каде нешто надвор од универзумов, ако веќе сакаме да биде надвор од истиот и да го наречеме така, имат интеракција со истиот е кога се случува колапс на бранот. Еве ти еден линк каде Stuart Hameroff ја објаснува проблематикава, и кај се случува тоа...во микротубулите. Сега за сега ова е најблиску ми се чини до наоѓање на тој линк и објаснување на потеклото на свеста.
#30 - Current Events in Orch-OR: an interview with Stuart Hameroff
In episode 30 of the Quantum Consciousness series, Justin Riddle sits down with Stuart Hameroff to get an update on current events in the Orchestrated Object...
www.youtube.com