Христијанството денес

Член од
17 септември 2022
Мислења
1.071
Поени од реакции
2.565
Како јас ширам сатанизам, може да објасниш? Како може некој кој не верува ви Бог да шири сатанизам? Дали знаеш спрема христијанската митологија кој го создал Сатаната? Одговорот на наградното прашање е Бог, лично и персонално. Ајде сега да ги поврземе точките, може? Атеистот не верува во Бог, како може да шири верување во ентитет кој е созададен од друг ентитет за кого атеистот не верува дека постои?

Наместо да напишеш нешто нелогично и да се бламираш, не ти е попаметно прво да промислиш? Знам дека на форум се пишува под никови, но дури и под ник не е убаво да се бламираш.
Ti prijatele izgleda stvarno si nov cim so ron seriozno se pishuvash.. filosofija?

Ja pa se ponadevav stavro si...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.057
Поени од реакции
5.241
Џабе глумат атеисти, на крај пак попот ќе им ја отпее. А додека се тука меѓу нас само шират сатанизам и други одвратни неприродни практики.
И попојте не се тоа што беа. Колку ми е познато, кај нив постои пракса на докажување (документирано) за начинот на кој се упокоил одреден лик.
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.071
Поени од реакции
2.565
А кој е Рон? Треба да го избегнувам за дискусија? Истресе глупост па сакав да му објаснам. :unsure:
Ron ja tresnuva i zasekogash ostanuva nejasno dali trola ili seriozno neshto stav iskazuva.... no sigurno mu e rodnina na sopstveniko na forumo. Sho i da mu pishesh toa ne dopira do Ron.
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.857
Поени од реакции
21.660
Ron ja tresnuva i zasekogash ostanuva nejasno dali trola ili seriozno neshto stav iskazuva.... no sigurno mu e rodnina na sopstveniko na forumo. Sho i da mu pishesh toa ne dopira do Ron.
Апдејтиерана верзија на некогашниот Сунгер Боб.
Не е могуќе што сфе има напишано Рон.
Ако не веруеш у бога, ондак си лош, сатанист,елџибитист.

Зашто не сфатите едн пут Ви верници.
Ми атеисти тражимо логику,да се докаже нешто емпириски,научно.
Ми сакамо да размислуемо разумно сс нашу главу,а не сс некоју недокажану сфету књигу.

И ја неам нитшо протиф обични верници од било који религију,него само не су ми јасни радикални догмаши кои се понашаф возвишено само затој што се родиле у православну фамилију.И се удараф у груди без да принесеф јасан факт за божјо постоење.

Христијанстфото денес.
Очи меѓу себе ке си извадиф,а камоли на други сс различно верување.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
...тренд на спојување на сите заедници кои се нарекуваат „цркви„, во една заедница.
Благодарам за одговорот, немам чуено за тој поим до сега.
Сепак јас сум за органско обединување а не спојување на цркви. Ако тоа бил Негов план до денес сите цркви ќе беа едно. Но знаеме дека не се, така што ни останува да се помириме со ситуацијата и да бараме друг начин за да Христијанството се врати на старите патишта и застане на браникот во борбата против увоз на западна декаденција отелотворена во Воук и кансел движењата.

Ние обичните Христијани треба да најдеме заднички јазик, да се сплотиме пред наездата која полека но сигурно заигрува и на наша врата!
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.057
Поени од реакции
5.241
Благодарам за одговорот, немам чуено за тој поим до сега.
Сепак јас сум за органско обединување а не спојување на цркви. Ако тоа бил Негов план до денес сите цркви ќе беа едно. Но знаеме дека не се, така што ни останува да се помириме со ситуацијата и да бараме друг начин за да Христијанството се врати на старите патишта и застане на браникот во борбата против увоз на западна декаденција отелотворена во Воук и кансел движењата.

Ние обичните Христијани треба да најдеме заднички јазик, да се сплотиме пред наездата која полека но сигурно заигрува и на наша врата!
Ние, обичните рисјани, најнапред треба да го гледаме своето спасение, а второстепено е што се случува со другите заедници, кои велат дека се рисјани. Да, треба да им сведочиме дека вистината е во православаната вера и Црква, но не и да си го арчиме денот и животот во бесплодни сведочења кон луѓе кои битисуваат (и сакаат да битисуваат) во заблуда.

Нема потреба од никакво обединување, оти нештата се поставени така како што се поставени-кој ја сака вистината, ќе почне да ја бара и ќе ја најде, а сам Бог ќе го привлече трагачот по вистината кон Себе и ќе го насочи кон Неговата Црква.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Џабе глумат атеисти, на крај пак попот ќе им ја отпее. А додека се тука меѓу нас само шират сатанизам и други одвратни неприродни практики.
Ти крстен ли си?
И ти си ширел небулози и невистини и дезинформации, па пак те прифаќаме како такво човечко битие.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
852
Поени од реакции
1.274
Стварно не знам од каде толку голема омраза кон Христијанството?

Во ред, и јас не се сложувам со некој работи кои произлегуваат од Христијанството, пример попови, цркви, папи итн.

Но моралите, кодексите и поуките кои што се извлечени од животот и делото на Исус Христос до ден денес се едни од нај-позитивно влијателни фактори во модерното опшество.

Сигурно нема да влечам совети и поуки од некој рандом лик на МК КАЈГАНА, туку од најдобро проучениот и документираниот лик кој некогаш се родил на Земјата, Исус Христос. Немора се да си земите за срце, извадете поука, анализирајте дали позитивно би влијае на вашиот живот, и доколку е така, имплементирајте.

Наречи го бог, наречи го човек, наречи го божество. Како сакате, пак повеќе во него ќе верувам отколку во вас што немате ништо добро да кажите туку сте дојдени овде само да критикувате, да ширите личен нарцисизм и да јадите лања за Христијанството и да добиете валидација, нели? Иначе зошто би сте бунеле овде?

Едни од најубавите опшества, држави и градови што се појавиле на земјава се точно потекнати од Христијански земји, на денешницава малце владеат дегенерациски срања но и тоа не е крај.

Што кур, ако не ви одговара, преселете се во Иран, Пакистан, Афганистан, видете таму како ќе ви е. Таман ќе можите заедно со муслите да бидите педофили и да се жртвувате во името на "Allah" и да следите обичаи на убиец, прост, неписмен, силувач и педофил (Piss be upon him) Мухамед.

@Хептаграм XI

Можиш да јадеш лања, да критикуваш и да се буниш против Христијанството, бидеќи сепак живееш во демократско опшество и православните не се замараат толку со богохулие и ќе те игнорираат бидеќи си обичен internet keyboard warrior, да беше во Муслиманска земја и ова да го правеше досега одамна главата на трупче ќе ти беше, знаеш ? Гарантирам дека немаше толку да ти работат прстите на тастатура и кур вуста ќе имаше.

Чудек факт, но секогаш hardcore атеисти забележувам се доста по-негативни луѓе во многу работи, не само додека критикуваат религија, општо се лањо од карактер на човек.

Особено овој Хептаграм, тежок филозоф мајке ми, незнам како има енергија толку да се вложува во толку непотребни дебати и пробува да докажи своја перспектива која како што гледам 3% не го фермаат, discord mod 150kg incel behavior, до овде мириса.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Ние, обичните рисјани, најнапред треба да го гледаме своето спасение, а второстепено е што се случува со другите заедници, кои велат дека се рисјани. Да, треба да им сведочиме дека вистината е во православаната вера и Црква, но не и да си го арчиме денот и животот во бесплодни сведочења кон луѓе кои битисуваат (и сакаат да битисуваат) во заблуда.

Нема потреба од никакво обединување, оти нештата се поставени така како што се поставени-кој ја сака вистината, ќе почне да ја бара и ќе ја најде, а сам Бог ќе го привлече трагачот по вистината кон Себе и ќе го насочи кон Неговата Црква.
Нормално дека секој треба да гледа Спасение но и да биде морален џин кој ќе се исправи пред богоборечките тенденции кои еманираат од запад и веќе земаат замав и кај нас!
Прогресивците се најновото орудие на Сатаната, знаејќи или не, тие ја шират ѓаволската мисла насекаде.
Треба да бидеме заедно во Бога, Светото Писмо е јасно во тој поглед, имавме цитат поназад на темиве неможам да ја најдам ако ја најдам ќе ја постирам. Каде тоа Бог заповеда дека вистината била во православната вера и особено Црква, од каде таква идеја?
Линијата е тенка, не попусто се вели дека ѓаолот ни ора ни копа.
"Extra Ecclesium nulla salus" било мото на Католичката црква во некои одамна минати времиња...
 
Последно уредено:
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Чудек факт, но секогаш hardcore атеисти забележувам се доста по-негативни луѓе во многу работи, не само додека критикуваат религија, општо се лањо од карактер на човек.
Уште почуден факт, јас имам приметено дека повеќето религиозни луѓе се елементарно неписмени. На пример, ти не знаеш дека компарацијата на придавки во македонскиот јазик се прави без цртичка. Значи, негативни, понегативни, најнегативни.

Исто не знаеш дека зборот лањо веќе не се користи ни во најселските дијалекти.

Инаку, што се однесува со негативноста, христијанството во основа е осуда на животот и култ на смртта.

Не ми веруваш? Дали знаеш која е најдепресивната книга во историјата на светот, заедно со "Светот како волја и престава" на Шопенхауер?

Прашањето е се разбира реторичко, нормално дека не знаеш. Книгата се вика “De contemptu mundi sive de miseria humanae conditionis” и ја напишал Папата Инокентије или Иносентије третиот. Еве ти еден извадок од неа за животот на човекот:

"Човекот е роден за работа, за болка, за страв и за смрт. Животе беден, животе трошен, животе нечист, кого соковите го квасат, болките го исцрпуваат, горештините го сушат, грижите го застрашуваат, безбедноста го отупува, богатството го надувува, бедата го разградува."

Прилично позитивно, а?

Ако не ти е доволна оваа позитива на христијанството го имаме Св. Августин кој вели дека луѓето се ПРЕДОДРЕДЕНИ од Бог, мал број за Рајот, огромен број за Пеколот.

Сакаш уште христијанска позитива?
 
На наведеното дело на папата Инокентиј III би можел да се надоврзе еден филозоф од 20.век, влашкиот принц на сивилото Емил Чиоран чија филозофија ако не грешам се базирала на премиса дека страданието е нешто прекрасно па дури и заслужувало свесна тенденција на поединецот кон него. Страданието ја чистело душата и го дестилирало она највредното кај човекот од блатото на хедонизмот и чулните уживања.
 
Емил Сиоран е атеист колку што знам, блиски му се ставовите на егзистенцијализмот. Имам читано нешто за него, ништо од него. Мене Ежен Јонеско ми е близок.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.057
Поени од реакции
5.241
Нормално дека секој треба да гледа Спасение но и да биде морален џин кој ќе се исправи пред богоборечките тенденции кои еманираат од запад и веќе земаат замав и кај нас!
Прогресивците се најновото орудие на Сатаната, знаејќи или не, тие ја шират ѓаволската мисла насекаде.
Треба да бидеме заедно во Бога, Светото Писмо е јасно во тој поглед, имавме цитат поназад на темиве неможам да ја најдам ако ја најдам ќе ја постирам. Каде тоа Бог заповеда дека вистината била во православната вера и особено Црква, од каде таква идеја?
Линијата е тенка, не попусто се вели дека ѓаолот ни ора ни копа.
"Extra Ecclesium nulla salus" било мото на Католичката црква во некои одамна минати времиња...
Не е никаква идеја дека вистината е во Црквата Христова.

Апостолот е јасен:
„А ако случајно се позабавам, да знаеш како треба да се однесуваат во Божјиот дом, кој е Црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината„.
Тимотеј, 3.15.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom