Христијанството денес

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.457
Поени од реакции
5.965
Христијанството сеуште е далеку најбројна религија и после период на стагнација денес станува се повеќе присутна и бројот на верници се наголемува, особено во некои земји. Бројот на христијани е тешко да се одреди со стопроцентна точност но процените варираат од 2,6 до 2,8 милијарди што значи секој трет жител на планетава. Како поединечна земја, САД е на прво место со 214 милиони верници.

Која е улогата на христијанството во модерниов свет? Дали вредностите кои потекнуваат од вековната христијанска традиција сеуште се актуелни? Имајќи предвид во кој правец се движи општествената сфера во многу западни земји, сето тоа ѓубре од воукизам и слично се совпаѓа со намалувањето на бројот на христијани во тие средини.
Зошто во најбогатите земји се појавуваат такви состојби и верата се омаловажува па и исмева? Само слушнете некој од водечките комичари на стенд-ап, сите го исмејуваат христијанството, но некако се срамежливи кога станува збор за јудеизам и особено за исламот.

Христијанството како лична определба и прифаќање на Неговата жртва е едно, но христијанството како општествена сила е нешто сосема друго.
Имајќи во предвид погоре наведеното, се поставува прашање дали враќање кон христијанската традиција е легитимен пат по кој поединци и групи би требало да тргнат со цел заштита на вековните тековини на христијанството и актуелизирање на христијанските морално-етички норми кои се во криза, колку на запад толку и на исток.

Темата не е стриктно само за христијани, но однапред замолувам атеисти и агностици да се воздржат од беспотребни провокации.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.790
Поени од реакции
11.838

Прво ова велиш, дека во УСА има многу христијани (но забораваш да напоменеш дека има и 10к различни христијански деноминации, не се обединети под ниту една палка, само мафтаат со иста книга (која пак мислам дека се разликува во превод) и си ја толкуваат сите како сакаат и си градат свои групи на следбеници), а потоа велиш дека најбогатите земји како верата се омаловажува и исмева?
Религијата се исмева бидејќи е нападна и е научена да го осудува другиот, да му го омаловажува патот на другиот кој што не гледа ништо посебно во дадена религија....

Сакаш примери што зборуваат и верници и свештеници за другите? И тоа за нив „другите“ се сите кои не се дел од нивната група, значи христијани против христијани зборуваат злобно едни за други! А не пак релација христијани кон муслимани...

Така да, имам прашање: кон кое христијанство да се „врати“ светот? Православие? Католицизам? Протестанитзам или ... некоја друга форма? И што правиме со Истокот и нивните религии, секти и учења кои се многу постари од ова зборување „како новото и западот “ се големото зло :)

И како тоа една религија ќе биде она што ќе го одредува општеството во кое живееш? Тоа не може, ќе има војна и крв... ако размислиш подобро.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.033
Поени од реакции
4.215
Прво ова велиш, дека во УСА има многу христијани (но забораваш да напоменеш дека има и 10к различни христијански деноминации, не се обединети под ниту една палка, само мафтаат со иста книга (која пак мислам дека се разликува во превод) и си ја толкуваат сите како сакаат и си градат свои групи на следбеници), а потоа велиш дека најбогатите земји како верата се омаловажува и исмева?
Погрешно-американските протестанти се обединети, иако реално глумат оригиналност. Протестаните се гледаат себе си за „вистинската црква„, иако се свесни дека се „происход„ од римо-католицизмот па токму Рим и Папите им се омилена „мета“ за критика.

Протестантизмот воопшто не го смета православието за засебна Црква.
Автоматски споено мислење:

Религијата се исмева бидејќи е нападна и е научена да го осудува другиот, да му го омаловажува патот на другиот кој што не гледа ништо посебно во дадена религија....
Релијата (било која) е предмет на исмевање од Маркс па наваму. Науката (науките) станаа предмет на модерното обожување, а воедно и замена за религијата, која е, нели, заостаната, ама науките постојано ни нудат нови и нови (и најнови...) сознанија па затоа религијата е исмејувана пред се‘ од поклониците на сциентизмот.
Автоматски споено мислење:

Сакаш примери што зборуваат и верници и свештеници за другите? И тоа за нив „другите“ се сите кои не се дел од нивната група, значи христијани против христијани зборуваат злобно едни за други! А не пак релација христијани кон муслимани...
А би требали да се сакаат едни со други, нели...
Автоматски споено мислење:

Така да, имам прашање: кон кое христијанство да се „врати“ светот? Православие? Католицизам? Протестанитзам или ... некоја друга форма? И што правиме со Истокот и нивните религии, секти и учења кои се многу постари од ова зборување „како новото и западот “ се големото зло :)
Еден Е Христос, една е Црквата Христова, една е верата во Христа Бога.

И сега што мислиш, кои христијани се „во право„?...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.790
Поени од реакции
11.838
Значи христијанството денес е во распад и поделено од внатре. Никој не е виновен за тоа освен самите свештеници и мирјани кои ги следат... никој од надвор не ви кажа да се врзете со политика и нација и народ и слично....
Но како и евреите, и вие го следевте тој пат... исто го прават и муслиманите!
Ограничување!

Едни против други „кој да биде во право“. Кој подобро ја знае догмата, кој подобро ги изведува ритуалите, кој подобро го разбира тројството и слично... постојано исти процедури за да едните бидат над другите и ги „анатемисаат“ за да бидат „во право“ само едни - оние „вистинските“!

Тие што велат дека се најмногу во право пак си играат топло ладно со признавање на национални цркви бидејќи религијата сеуште им е врзана со нација и држава и тоа никако да разберат дека не оди денес, не е ова времето на Византија.

Треба слобода, потоа светлина, потоа љубов, потоа живот - за сите!
Инаку без ова - се е клетва. И постојано гледам броење глави колку христијани имало... колкумина од нив ќе умрат маченички за Христос? 22-ца! Доста е....

Нема повеќе „кој е во право“ во однос на христијанството и нивната догма... премногу се поделени и премногу заплеткани во политички интриги на Земјата... тие го направија својот чекор: измешаа политика и догма во едно!

Но никој не ја оспорува или ограничува слободата некој да е христијанин (и да избере по негова волја во кој табор ќе биде). Но треба да разберат денешните христијани дека не се само тие, дека нивното верување е само за нив, не за другите.
Нивното христијанско верување нема моќ да го осудува другиот кој што не е во ниту една христијанска црква!

Тогаш и само тогаш христијанството ќе може да се одржи на здрави нозе, инаку се ќе биде пропаганда и политика, омраза која води кон крвопролевање, во 21 век... заради богови, односно „кој е во право“!
Никој не е во право во однос на верувањата ако нема иницијација и искуство!

П.С. Една е и Библијата но човекот се подели заради превласт над другите, заради чудната потреба да ги осудува другите, најде некаква бесцелна моќ во догмата и направи партали...

Како што вели и во „Книгата на Законот“:

„Сите зборови се свети и сите пророци вистинити; освен што тие разбираат малку...“
- Liber AL, I:56

Наследниците се секогаш проблемот. Неправилно наследување на учењата и преминувањето од езотерија во егзотерија значи мешање на земски интриги и човечки разум во учењата на светот, а тоа не е дозволено. Затоа христијанството е таму каде што е, а во ист чекор доаѓа и исламот, со мало задоцнување.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.508
Поени од реакции
28.869
постојано исти процедури за да едните бидат над другите
не знам, мислам дека не е целта некоја супериорност да се глуми, во однос на другите христијани, туку да им се посочи што им недостасува.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.790
Поени од реакции
11.838
не знам, мислам дека не е целта некоја супериорност да се глуми, во однос на другите христијани, туку да им се посочи што им недостасува.
Ништо не им недостасува, ни на едните, ниту на другите... Имаат премногу.

Грешката им е тоа да се бара дека кај другиот нешто недостасува, односно нешто е заменето со зло, дека е погрешно бидејќи тие така веруваат и така мислат дека треба да се уредени нештата во светот, надвор од религиите и верувањата.
И тоа е дел од догмата, наследство од сите собири и анатемисувања и омраза едни кон други...

Кој ги повика да посочуваат кај другиот што недостасува, да сатанизираат туѓи идеали и која е целта? Целта е таа што ја кажав претходно...
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.508
Поени од реакции
28.869
Грешката им е тоа да се бара дека кај другиот нешто недостасува, односно нешто е заменето со зло, дека е погрешно бидејќи тие така веруваат и така мислат дека треба да се уредени нештата во светот, надвор од религиите и верувањата.
Сакаш да кажеш дека тоа што папата се прогласил за безгрешен меѓу луѓето не е погрешно?
Или тоа што барале пари за прошка на гревовите не е погрешно?
Зошто тогаш поради ова од револт се роди протестантизмот?

Дали треба посебна дискусија што е осуда наспроти што е укажување на погрешното? Не ти е јасно гледам, сè групираш во осуда во повеќе теми.
 
Последно уредено:

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.236
Поени од реакции
1.041
10те божји заповеди, тоа ги обединува сите Христијани. Јас сум Православен, жена ми е Католик. Иако има разлика, заповедите се исти кај сите.
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
489
Поени од реакции
1.694
10те божји заповеди, тоа ги обединува сите Христијани. Јас сум Православен, жена ми е Католик. Иако има разлика, заповедите се исти кај сите.
Христијаните имаат само 2 Божји Заповеди - значењето на крстот. Во стариот завет има 613 или 616 (не сум точно сигурен) Божји Заповеди, ама тие 10 најпознатите се сума сумарум од сите Заповеди во Стариот Завет. Инаку Христијанството и денес и пред 20 века е исто, само проблемите со кои се соочува и притисоците кои ги има се различни, а суштината не е променета од почетокот.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.790
Поени од реакции
11.838
Сакаш да кажеш дека тоа што папата се прогласил за безгрешен меѓу луѓето не е погрешно?
Или тоа што барале пари за прошка на гревовите не е погрешно?
Зошто тогаш поради ова од револт се роди протестантизмот?

Дали треба посебна дискусија што е осуда наспроти што е укажување на погрешното? Не ти е јасно гледам, сè групираш во осуда во повеќе теми.
Тоа е минато мислам, за наплата и простување гревови.... За денес зборуваме... христијанството денес... самото православие си има свои проблеми со признавања на црква и овоземска политика поврзана со држави и народи! А религијата е над сето тоа, односно би требало да го надминува тоа, а со тоа и да обединува... но послабо нели?
Зошто свештениците се пуштени во национализам и омраза кон народи кои се исто така христијани, барем така тврдат дека македонецот е христијанин, гркот исто... а тоа не е точно, погрешно тврдење е крвта да се меша со духовното!

Зарем не се наплаќа за се и сешто по црквите во христијанството? Зарем не се полни црквите со злато? Зошто, кога од друга страна се бара скромност, задоволување со малку, колку што е доволно... изгледа не е баш така како по книгите!
Една венчавка е купишта пари... едно време имаше и забрана во манастири да не се прави венчање без пари, туку во црквите во градот!
Важи тоа? Би венчале без да им се плати на поповите? И да има некој пари, едноставно тие пари би ги донирал за нешто друго отколку за 2 свеќи од 56цм кои ќе горат 25 мин!

Секаде постои поделеност, секој на секого ја гледа реската во туѓото око, ама гредата - нека ја, таа не смета :)
Автоматски споено мислење:

Христијаните имаат само 2 Божји Заповеди - значењето на крстот. Во стариот завет има 613 или 616 (не сум точно сигурен) Божји Заповеди, ама тие 10 најпознатите се сума сумарум од сите Заповеди во Стариот Завет. Инаку Христијанството и денес и пред 20 века е исто, само проблемите со кои се соочува и притисоците кои ги има се различни, а суштината не е променета од почетокот.
Не е исто. Имаа купишта црковни собири и одредување на догмата. Фрлање анатеми, омраза, градење стратегии, смислување оправдувања за се и сешто што е „сомнително“ или што отвара прашања во однос на догмата...
Дури после IV век веќе имаат така, средена философија. Па потоа пак се делат, заради ова или она... Откако се врзуваат со државата, со световното!
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.094
Поени од реакции
81.045
10те божји заповеди, тоа ги обединува сите Христијани. Јас сум Православен, жена ми е Католик. Иако има разлика, заповедите се исти кај сите.
не

Исус Христос е мој личен спасител - тоа ги обединува.
 
ovs

Член од
4 јануари 2021
Мислења
326
Поени од реакции
467
Христијанството денес е смешно споредено со тоа што било во среден век а и во ренесанса.
Црквата одлучувала кој смее да живее а кој треба да се изгори жив на клада.Имало ред со инквизиција кој не им бил по кеф ајт у зандана на превоспирање,за жените имало посебен третман која многу и мрда јазикот ајт вештерка е оваа носи ја на клада да гори жива.Денес црквата премногу е воук свештениците од секои тројца двајца се хомоси.оној архиепископон оди на ручеци со оџи и дервиши на ифтарски вечери брука.
Христијанството денес е бледа копија на она што некогаш било.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.033
Поени од реакции
4.215
Христијаните имаат само 2 Божји Заповеди - значењето на крстот. Во стариот завет има 613 или 616 (не сум точно сигурен) Божји Заповеди, ама тие 10 најпознатите се сума сумарум од сите Заповеди во Стариот Завет. Инаку Христијанството и денес и пред 20 века е исто, само проблемите со кои се соочува и притисоците кои ги има се различни, а суштината не е променета од почетокот.
613-те заповеди се однесуваат на Законот Мојсеев, не на 10-те Божји Заповеди, кои се‘ уште за важечки. Законот Мојсеев е неважечки во новозаветниве времиња и заменет е со евангелието Христово, како духовно повозвишено и посовршено.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom