- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.840
- Поени од реакции
- 6.332
Христијанството сеуште е далеку најбројна религија и после период на стагнација денес станува се повеќе присутна и бројот на верници се наголемува, особено во некои земји. Бројот на христијани е тешко да се одреди со стопроцентна точност но процените варираат од 2,6 до 2,8 милијарди што значи секој трет жител на планетава. Како поединечна земја, САД е на прво место со 214 милиони верници.
Која е улогата на христијанството во модерниов свет? Дали вредностите кои потекнуваат од вековната христијанска традиција сеуште се актуелни? Имајќи предвид во кој правец се движи општествената сфера во многу западни земји, сето тоа ѓубре од воукизам и слично се совпаѓа со намалувањето на бројот на христијани во тие средини.
Зошто во најбогатите земји се појавуваат такви состојби и верата се омаловажува па и исмева? Само слушнете некој од водечките комичари на стенд-ап, сите го исмејуваат христијанството, но некако се срамежливи кога станува збор за јудеизам и особено за исламот.
Христијанството како лична определба и прифаќање на Неговата жртва е едно, но христијанството како општествена сила е нешто сосема друго.
Имајќи во предвид погоре наведеното, се поставува прашање дали враќање кон христијанската традиција е легитимен пат по кој поединци и групи би требало да тргнат со цел заштита на вековните тековини на христијанството и актуелизирање на христијанските морално-етички норми кои се во криза, колку на запад толку и на исток.
Темата не е стриктно само за христијани, но однапред замолувам атеисти и агностици да се воздржат од беспотребни провокации.