Христијански легенди - Крстот

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Во првите 4 века крстот не се користи во христијанството, се користи рибата. Поради својот назив кој значи ИСус Христос Син божји спасителот. Значи со риба се преставува ИСУС. Крст е симбол на христијанството но крстот не го преставува Исус експлицитно.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
За сите православни членови на форумов: рибата во својата глава има коска во вид на крст. Затоа го добила тоа место. Можете да се уверите (видите) со свои очи - јас лично се уверив во тоа кога наидов на геометриски совршен крст.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
За сите паметни членови на форумот, Рибата беше симбол на богови и пред Исус, рибата ги преставувала сириската Атаргатис, арамејската Атари, Каанската Аштатра (та со коска во вид на крст та без неа) Христијаните го прифатиле тој симбол поради кратенката со која називот “риба“ се означувал Исус I.H.T.I.S што значи Исус Христос син Божји, Спасителот. Крстот беше симбол на страв терор срам и понижувачка смрт. Се додека не престана крстот да се користи како средство за смртна казна крстот не се користи како симбол на Исус или христијанството (било како коска во глава на некој клен било како дрвен крст) Крстот почнува да се користи од 5-ти век откако распнувањето како смртна казна беше прекинато (децении) и веќе избледе сликата на секојдневни распнувања на крст на арамии убијци крадци бунтовници.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
За православните членови на форумот: Долго време откога Исус бил распнат на крст, не се знаело кој крст е оној на Исус. Биле откопани три крста, од кои еден бил на Исус ама не се знаело кој. Еден болен човек бил допрен со сите три крста. Кога го допрел еден од крстовите, оздравел. Така се утврдило кој е крстот на кој бил распнат Исус.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
За членовите кои бараат подлабоки знаења и познавања:
во првите 4 века немало никакви сознанија за Исусовиот гроб ниту било каков интерес за него. Пребарувајќи ја рано христијанската литература, не можиме да видиме ниту трага од неговото споменување. Христијански извори го споменуваат Давидовиот, Соломоновиот гроб но не и гробот на својот учител. Хегезип, првиот историчар на Христијанството пишува дека им бил покажуван гробот на Јаков справедливиот (Братот на Исус) но не го споменува гробот на самиот Исус. Бискупот Мелитон од Сарда, кога пишува за Ерусалем и местата кои треба да се посетат, никаде не го споменува гробот на Исуса. Можеби најчудно од се е што Павле, иако нашироко пишува за воскресението на Исус, никаде не го споменува гробот на Исус. Тој дури и доаѓа во Ерусалем, разговара со Јаков, Петар, но иако се уште свеж во сеќавања не го посетува гробот на својот Господ. Ова прашање се уште ја мачи црквата, која нема адекватен одговор. Јосиф од Ариматеја, загадотолна личност кој го споменуваат евангелијата кој не припаѓал на Исусовите ученици, се појавува и исчезнува од евангелијата лаконски, попатно како некој кој треба да пополни очигледна дупка во нарацијата. Тоа се должи веројатно што Исус бил закопан во заеднички гроб, како што и се закопувале сиромасите и осудениците. Но тоа преставуваше проблем за прикаската за воскресението, каде требаше да се докаже со положено тело па развој на акцијата и откривање на празен гроб дека Исус е месија, син божји кој се вознесел на небото, или како што вели Павле во Првото послание до Коринтјаните “околку Христос не воскреснал нашето проповедање е неосновано, неоснована е и нашата вера“. Традицијата за “откривање на гробот“ вели дека св.Елена, набожна кралица, која живееше отприлика 247-327, кон крајот на својот живот, била на поклонение во Ерусалем. Таму некој стар Евреин и го покажал местото каде се наоѓал гробот на Исус, велејќи дека таа информација е во неговото семејство со генерации. Започнале ископувања и спрема традицијата, наскоро биле откриени во една пештера три крста, венец од трње, синџир, грст шајки, сунѓер од кој му давале оцет и табла со натпис “Исус Назаратјанинот кралот еврејски“. Прашањето кој од тие три крста е Исусовиот го решиле на следен начин, на секој крст легнувале до умирање болна жена, која кога легнала на Исусовиот крст веднаш оздравела. За да се потврди експериментот, на истиот крст ставиле мртов маж, и веројатно погодувата - тој оживеал. На тоа место Константин изградил црква во која беа изложени најдените реликвии но покрај нив беа поставени и: прстенот на Соломон, пехарот на Давид, послужавникот на кој лежела главата на Јован Крстител, пехарот од тајната вечера, па дури и трската на која бил наденат сунѓерот кој римскиот војник му го подал на Исус. Да се осврнима малку на историјата. Во време кога Елена спрема традицијата требало да е во Ерусалем и да го открие крстот, бискуп во Јудејската Цезрија беше Евзебиј, познат христијански историчар а бискуп во Ерусалем познатиот теолог Кирил. Двајцата зад себе оставиле големи дела, околу историјата на црквата но ниту еден од нив со ниеден збор не спомнуваат дека во нивно време во нивна бискупија дошла некоја кралица а уште помалку дека е пронајден гробот на Исус. Чудно е што една толку набожна монахиња која сигурно патувала со голема придружба не ги посети во светиот град и место, тамошните црковни великодостојници. Всушност целата прикаска околу Елена и реликвиите, се појавува еден век подоцна, кога производство продавање и трговија со реликвии зафдати широки размери и наликуваше на фетишизам. На пример, Исус бил закован со најмногу 4 шајки. Денес една од нив е вградена во железната круна која се чува во катедралата во Монза, втората е употребена за потковица на кралот Константин, третата служела како украс на шлемот на Константин а четвртата св. Елена кога со брод се враќала дома ја фрлила во морето за да ги смири разбранетите бранови. Но денес во светот во разни места, цркви, катедрали се чуваат околу 30 “оригинални“ шајки. Истата практика е и со крстот. Уште св.Кирил во својата Катехеза рекол дека “целиот свет е преполн со неговите делови“ а Херберт Милер пресметал дека ако се соберат на едно место сите делови од крстот, тој би тежел неколку тони. Копјето и венецот пак беа во сопственост на царот Балдвин 2ри кој кога запднал во финансиски проблеми го продал и тоа копјето во 1239 на Венеција а венецот на францускиот крал Луј 9ти. Копјето подоцна исчезнува а венецот и денес се чува во катедралата Нотр-Дам. Денес имаме околу 30 чаршави со кои било завиткано телото на Исус, околу 13 трски на кој бил сунѓерот од кој пиел оцет и неколку круни од трњ. (сите оригинал)
 
Член од
25 јули 2007
Мислења
100
Поени од реакции
1
За сите христијани +оние што сакаат да дознаат

Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа три крста. Додека царицата беше во недоумение како да го распознае Христовиот Крст, покрај местото поминуваше поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рече да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. А кога го ставија врз него третиот крст, покојникот оживе. По тоа познаа дека е тоа вистинскиот Христов крст, чесен и животворен. Потоа го положија врз една болна жена и жената оздраве. Тогаш патријархот го крена крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пееше: „Господи помилуј!“ Царицата Елена направи ковчег од сребро и го положи во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазеде Ерусалим, многумина ги одведе во ропство, а Крстот Господов го однесе во Персија. Во Персија Крстот лежеше четиринаесет години. Во 628 година грчкиот цар Ираклиј го победи Хозрој и со слава го поврати Крстот во Ерусалим. Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носеше Крстот на своите плеќи. Но одеднаш застана и не можеше да зачекори ни чекор. Патријархот Захариј виде ангел којшто му попречуваше на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по којшто Господ одеше бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објави на царот. Тогаш царот се слече, па босоног и во бедна облека го зеде Крстот, го изнесе на Голгота и го положи во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот христијански свет.
а елена е мајка на ?
Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател. Максенциј се удави во реката Тибар. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните. Откако ги победи Византинците, тој изгради прекрасна престолнина на Босфор, којашто оттогаш се нарече Константинопол. Но пред ова Константин западна во тешка проказна болест (лепра). Жреците и лекарите го советуваа да се бања во крв од заклани деца, но тој тоа го одби. Тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му рекоа да го побара епископот Силвестер, којшто ќе го излечи од страшната болест. Епископот го поучи во христијанската вера и го крсти и проказата исчезна од телото на царот. Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година. Овде се осуди ереста, а се утврди Православието. Благочестивата мајка на царот, Света Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господ, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на Светите апостоли во Цариград.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Да така некако оди легендата за елена и пронаоѓање на крстот. Само што за тоа нишо не ни кажуваатни Евзибиј ни Кирил, што под гооолем сомнеж ја става целата скаска.
 

Моето_е_поголемо

муа не ме лазе
Член од
22 јули 2005
Мислења
475
Поени од реакции
21
Една од многуте легенди која е испреплетена во христијанството е и онаа за крстот.Таа е прикаска тргнува од “адамовото јаболко“ т.е дека мажите го добиле кога на Адам му запна во грлото јаболкото од дрвотона познанието. Кога Адам умира, од семките во неговото гло растат дрва (три) од кои од едното се зема за да се направи крстот на кој е распнат Исус. Во други пак поопширни легенди, семките од јаболкото му ги сади во грлото синот на Адам - Шет и тоа од дрвото на животот.Од тоа дрво прво е направен стапот на Мојсие а потоа тој стап го наоѓа Давид кој со него изведува разни чуда за на крај стапот да го посади во својата градина. Од него расти дрво кое Соломон го сечи за време на градењето на светиот Храм но не го вградува во храмот туку го фрла во ендек каде стои како мост. Преку тој мост требаше да премини кралицата од Саба но таја сфаќајќо од што е дрвото, ги собува обувките и ја преминува преку водата. На нејзин совет Соломон го вградува дрвото во храмот над вратата и го украсува со злато и сребро, но неговиот внук Абијах, ги кради украсите а дрвото го закопува. На тоа место подоцна се создава езеро чија вода благодарение на дрвото во неа станува лековито и ги лечи сите болести. Кога се доближи времето на распнувањето на Исус, дрвото испловува и оттука е земено и од него направен е крстот на кој е распнат.
1. Никаде не пишува дека забранетото дрво е јаболко.
2. Какви дрва израснале од грлото на Адам, уште и од едно од нив да биде направен крстот на кој бил распнат Исус. Знаеш ли колку години поминале од Адам до распетието Христово. Кое дрво би траело толку години, да не спомнувам и за големиот потоп. Како не ти текна да напишеш дека од другите две дрва Ное ја изградил Арката.
3. Адам не се задавил од "наводното јаболко" и умрел после тоа, туку тој и Ева биле протерани од Едем.
4. Фантазирањето нема никогаш да те донесе до вистината. Сето ова што го пишуваш се купишта лаги. Некаде прочитав дека 20 години си истражувал, си имал повеќе верзии на библии но далеку си од вистината. Многумина беа повикани но малкумина беа избрани.
5. Крстот го имаат и египќаните и ацтеките и инките. Христијанскиот крст е избран како симбол на христијанството на 4 (не сум баш сигурен) собор во Никеја.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Ти дали воопшто читаш што пишувам јас?
Некако си ми збунет и расеан. Историјата на христијанството не е само новиот завет. Кристијанството откако се отцепило од Јуизмот поминало долг пат на еволуција, оформување, во кој пат настанале мнооогу идеји, насоки, верувања, прикаски. Некои од нив беа пошироко прифатени некои не.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Христијаните го прифатиле тој симбол поради кратенката со која називот “риба“ се означувал Исус I.H.T.I.S што значи Исус Христос син Божји, Спасителот..
Точно(на грчки)...баш затоа е избрана рибата..плус службата на Исус е тесно поврзана со рибата..неколку од неговите ученици биле рибари..а тој им зборувал дека ќе ги направи рибари(ловци) на луѓе.
И Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе" - Марко 1-17
Рибата е уште и симбол на крштевањето бидејки водата е нејзина природна средина.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
м?

Тоа се христијански легенди... остатоци на пагански верувања и прикаски... како денес што се останати ... бакнување на икони... амкање јајца... вапцање јајца... носење јадења на гробишта.
Овие се работи што ние самите си ги имаме пренесено од нашите предци... т.е. од Македонската антика, никаде во Библијата или Каноните на Црквата ќе слушнеш нешто од овој стил... плус памти дека паганците биле загубени души, односно тие некогаш го познавале вистинскиот Бог но избегале од патот, што значи дека некои работи од паганството не се 100насто забегани, макар формите на нивното манифестирање е целосно неприфатливо за Православнат Вера.
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21


Гледам луда дебата погоре, не навлегувам во истата.
За да не отворам нова тема а прашањето ми е поврзано со крст, ќе го поставам овде.

На горната слика на фреската има медаљон со рамнокрак крст и четири точки (кругчиња) распоредени.
Дали некој знае што значи така поставен крст, од кога постои, линкови добри за истиот (значи за конкретниот крст, не општо за крстот)

Ако нешто ви значи, фреската е од Кратовскиот регион и насликан е Василиј.

Ви благодарам.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Na freska ta ne e Vasilij, tuku Sv.Vasilij Veliki, ne ti e sigurno bratuced ili nasto slicno pa da bidi Vasilij sepak e svetitel. Cetirite tocki na okolu gradniot krst na Sv.Vasilij, nemaat nekoe posebno dogmatsko znacenje, cesto se crtaa za da se prikazat spored nekoj Otci deka gi pretspavuvaat cetvoricata Evangelisti, no najveridostojno e toa deka se slikaat zaradi podobar izgled, po izbor na zogrfot, inace freskata e retka so specificen nacin na crkanje i karakteristicen ton na boite.
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21


Дали крстот на почетокот од текстот спага во истата категорија како и оној на медаљонот на Св. Василиј Велики. Текстов се наога во Старо Нагоричане над влезната врата на црквата Св. Горги.

Има ли некој линк каде може да се прочита повеќе.

Инаку благодара за претходниот пост.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Za takov link neznamn ne sum sretnal. Inace tekstot ne e celosen, OD ZBORIVTE STO SE TUKA MOZAM DA GI DESIFRIRAM SAMO SLEDNIVE ZBOROVI: IZBOLEN(NEZNAM PREVOD, MISLAM DEDKA NE E CELOSEN ZBOROT), MUCENIKA(MACENIK), A TRETIOT ZBOR NE E JASEN FALAT BUKVI ILI ZBOROT E OD NEKOJ DIJALEKT SLOVENSKI.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom