Христијански легенди - Крстот

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Искрено, за платното ќе проверам иако не ме чуди и сега да се прават традиционално како што се правеа пред 2000 години некаде низ Израел, па конкретно овде во Македонија со векови на ист начин се правеа платна се предеше волна, се до појава на индустриските производи, ќе видам што за тоа кажуваат китабите па ќе ти напишам ако излчези некој интересен податок, инаку собор во 10сети век..... Имаме шизма во 1054 , имаме собори во Латеран во 1123, 1139, 1179, 1215, во Лион 1274..... има многу собори на овие конкретно од позначајните одлуки е догмата за претворање на лебот и виното во тело и крв на Исуса како и обид за измирување на двете цркви (Источната и Западната). Искрено реликвиите не се измислица на христијанството, тие се познати и доста употребувани во паганските религии.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
ако најдиш несто подетално за собирот можеме и да најдиме, а дали знаиш барем по што беше битен соборт... која одлука се донесе на него?
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Абе не ми текнува... Одамна го гледав тоа.. мислам на дискавери или нејшнл џеоџрафи.. и онака ептен ме заинтересира...

ок.. друго...
а да... За тие Евангелијата по Јуда и Марија Магдалина....
знаеш нешто повеќе околу тоа?​
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
ок.. друго...
а да... За тие Евангелијата по Јуда и Марија Магдалина....
знаеш нешто повеќе околу тоа?​

Тоа се едни од евангелијата која црквата ги отфрли. Всушност евангелијата се (четрите кои се влезени во Новиот Завет) накнадно компилирани доработени и преработени од повеќе усни и и пишани прикаски или како тоа е напишано во догматската конституција на 2риот ватикански собор “А светите писатели напишаа четри евангелија така што од многуте од онаа што беше усно или веќе писмено предадено некои работи подобрија а нешто подстегнаа или со оглед на состојбите во Црквата - проширија“
Надвор од Новиот завет постои богата и голема т.н. апокрифна литератуеа која е и те како драгоцен извор за раното христијанство и историја на црквата, нејзините филозофии, мислења и сфаќања а во нив се и гореспоменатите евангелија по Јуда и по Марија. Тие се пронаоѓани на папируси, глинени плочки, книги, свитоци, па и како натписи надгробни како цели дела или фрагменти, на местат или во близина на раните христијански заедници.

Долга и опширна тема.
 
Член од
25 јули 2007
Мислења
100
Поени од реакции
1
kaj krstost
дали тоа смртно оржје е навистина она што ние денес го знаеме како крст и ако што рече имало и во другите религии крстови ?
кажа рибата ме интересира каде ја изгубивме давидовата ѕвезда?

кај реликвиите колку повеќе некој црква(како објект или од држава)има повеќе мошти или реликвии толку е побогата од тамо и толку копии
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Давидовата звезда нее изгубена, таа си е симбол на друга вера (нација), новата вера (христијанството), го зеде новиот симбол (крстот). Давидовада звезда, би можело да е речи дека е “изгубена“ кога се изгубиа и врските со првите христијани, христијанската заедница во Ерусалем, на Јаков, Петар, Варнава.
 
Член од
25 јули 2007
Мислења
100
Поени од реакции
1
Давидовата звезда нее изгубена, таа си е симбол на друга вера (нација), новата вера (христијанството), го зеде новиот симбол (крстот). Давидовада звезда, би можело да е речи дека е “изгубена“ кога се изгубиа и врските со првите христијани, христијанската заедница во Ерусалем, на Јаков, Петар, Варнава.
вера е едно нација е башка
како што укапирав јас Христијанството е монотеистичка религија

а верува во богот на Аврама а симболите ги знаеме
а додека раните христијани за симбол гозеле рибата
потоа константин или елена (мајкаму) го пронајдува светиот крст
нзс ?
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Да една од разликите меѓу христијанството и јудаизмот р дека вера и нација се различни термини, Јудаизмот е верата на Еврејскиот народ, тие (евреите) се од Бог избраните, тие се синови божји, тие ја имаат давидовата звезда, тие го чекаат месијата кој ќе ја ослободи божјата земја и кој ќе седни на престолот Израилски, ќе го возобнови храмот ерусалемски и ќе суди по законите божји. Христијанството кога се отцепи од јудаизмот смена доста во тоа, сега тоа е вера за сите народи во светот, месијата станува божество кое е духовен искупител на цело човештво а не како кај евреите човек, од кралска лоза кој ќе ги победи со меч неприателите и како крал ќе владее....
Инаку рибата беше од памивек симбол на многу божества (во Сирија на Атаргатис, во Арамеја на Атари, во Каан на Ататра...) Првите христијани го усвојиа тој симбол како преку влијанијата на другите религии како и поради тоа што називот риба (IHTIS) се теолошки иницијали за “Исус Христос, син на Бога, Спасителот“
 
Член од
25 јули 2007
Мислења
100
Поени од реакции
1
да да кој првин ќе го струши храмот ерусалемски па потоа ќе го обнови за три дена
тоа мислам дека не се десило
ама ги сласил луѓето
како беше :со смрта смрта ја победи
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Крстот не бил користен како симбол на христијаните се до некој 5ти век. Симболизирано Исус бил преставуван како овчар, жртвено јагне (спрема Исаија и Еремија) а најчесто како риба. Рибата од памнтивек била симбол на разни божества, меѓу кои на сириската Атаргатис, на арамејската Атари, на каанската Астарта, Христијаните го усвоиле тој знак дотолку полесно што на грчки риба (ihtis) ги има теолошките иницијали “Исус Христос син на бога спасителот“ Крстот од друга страна за тогашните луѓе преставувал симбол на ужас и страв “Обесениот е проклетство Божје“ 5-та Мојсеева. На крст беа распнувани убијци, крадци, арамии, бунтовници. Смртта на крст беше тешка мачна така да и римјаните негодуваа на таков начин на казна (Цицерон, Сенека) Крстот како симбол на христијанството се јавува 100тина години по укинувањето на казната со распнување од страна на Константин, кога во главите на луѓето избледнало сеќавањето на срамната понижувачка, погрдна и тешка смрт на осудениците на крстот. Инаку крстот како верски симбол на други религии постои од памтивек. Откриени се симболи на крст во Сумер, Вавилонија, Месопотамија, Индија, Сирија, Персија,во Европа од дона на каменото доба, во индијанските култури на двете Америки, Во Галија (денешна Франција) во предхристијанско време бил во оптек монета со крст. Во Египет Крст со тркало на врвот е симбол на боженственост......

Демек рибата е симбол на христијанството поради тоа што на грчки риба се вика ihtis? Ц ц ц ц ц...
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Демек да, но демек да читаше поподробно текстовите (не само овој) ќе откриеше дека рибата и пред Исус била симбол на други божества и демек како што христијанството превземало и имало влијаниа од други религии, така демек ја прифатиле и рибата ДОТОЛКУ ПОЛЕСНО што ИХТИС (риба) значи (иницијали) Исус Христос син на Бога, Спасителот.

Демек.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Демек да, но демек да читаше поподробно текстовите (не само овој) ќе откриеше дека рибата и пред Исус била симбол на други божества и демек како што христијанството превземало и имало влијаниа од други религии, така демек ја прифатиле и рибата ДОТОЛКУ ПОЛЕСНО што ИХТИС (риба) значи (иницијали) Исус Христос син на Бога, Спасителот.

Демек.
Ете колку знаеш... :pos2:

Рибата е земена за симбол на христијанството затоа што во главата на секоја риба може да се најде коска во форма на крст.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Ете колку знаеш... :pos2:

Рибата е земена за симбол на христијанството затоа што во главата на секоја риба може да се најде коска во форма на крст.
хахаххаааааа

е златни деца... а врне оти дедо боже се капи
хахаааааа

охххххх како знат вака мали работи да ми го исполнат дено со радост и восхитување!!
Значи НЕ бил симбол крстот туку риба во чија глава имало коска во вид на крст?!?!?! Во што е логиката да наместо КРСТ за симбол се зема риба која внатре откако ќе ја убиеш и оголиш ќе најдиш коска во вид на крст!!!?? што ги спречувало да го стават одма крстот на лице место?
Крстот, дете, бил симбол на срам и понижување, распнувани на него биле злосторници, убијци, арамии, крстот затоа се до 5ти век (100 години откако беше укинато распнувањето како казна) не бил прифатен како симбол на Исус. Кога од народот избледеле ужасните слики на казнетите распнати на крст, тогаш тој станува симбол. До тогаш Исус е преставуван или како риба или како жртвено јагне или како овчар.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Каде реков дека не е крстот симбол на христијанството?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom