Леллеле јас испаднав крива што имате вие најкрш знаци
Леа, моите шкорпионски карактеристики во натална (Плутон во 1 куќа, Сонце и Меркур во 8 куќа) не ми даваат да преќутам, пошто гледам војна покрена против Близнаците на темава
Ајде сега вака, ќе ми кажеш дека не си злопамтило и дека не си осветољубива?

Ако кажеш дека не си, не ќе да си Шкорпија.
Дволичноста или искреноста зависи од човековиот карактер, од самата индивидуа, а не од хороскопскиот знак. а ако веќе упорно се држиш до тоа, од мое лично искуство, сите Шкорпии што ги знам, ама баш сите, од прв до последен ми имаат забиено нож в грб (дали за бизнис, дали приватно). И покрај тоа, не им робувам на предрасудите за авшиот знак, бидејќи сметам дека секој е индивидуа за себе.
Непостојаноста која ја спомуваш кај Близнаците се должи на тоа што осцилираат меѓу разумот и емоциите. Но, ако се стабилизираат, умеат да бидат итекако јак знак. Исто како што Шкорпијата мора да се избори со одењето во екстреми (те сакам-те мразам, осветољубивоста, посесивноста), така и Близнаците мораат да се соочат со својот предизвик - воспоставување на баланс и хармонија меѓу умот и емоциите.
Секој знак си има свои добри и лоши страни и предизвици кои треба да ги надмине. Затоа ве молам да не генерализирате, бидејќи ниеден знак не е совршен. А кој не е идеален, нема никакво право да бара совршенство од останатите.
И да не сте ми го гибнале знакот више
Поздрав од Близначка, виш тип