Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп

  • Вкупно гласачи
    1.373
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Јас би сакал да се вмешам во дискусијата со провокација, како што несомнено се случува на темава од време на време. Премногу сум мрзлив да разгледувам како и колку пати ви го потопиле слаткиот брод на празноверие низ претходните 84 страници, па ќе влетам со типичното „на што е базирано вашето празноверие?“
на наука
 
F

FallenHypaspist

Гостин

Знаеш нешто што го викаат не-егзактна наука ? И како таа работи ?
 
G

galaxy

Ама астрологијата е толку егзактна само што не е наука.
Според формули и равенки се поставува хипотеза и потоа се чека да се види исходот кој може да се измери. Ете на претходната страна имаше хипотеза дека на 3 февруари ќе има поплави. Ќе почекаме, ќе измериме колку поплави имало, колку имало на истиот ден лани и колку се разликува процентот на случајност.
Мене тоа ми личи на егзактност.
Астрологијата има емпириски пристап, не се основа на лични претпоставки туку на бројки, дијаграми и табели.
Иако во науката нема таков пристап на егзактна и неегзактна поделба, сепак за неегзактна наука би било на пример социологија. Всушност со редукционизам секоја наука може да се доведе до емпириска, ама за астрологијата нема потреба од редукционистички пристап кога веќе има емпириска вмешаност.
Астрологијата била наука, ама кога виделе дека не прави точни претпоставки ја тргнале од науките.
 
-Мислев не е егзактна во смисла дека целта која ја докажува не е фиксна и е мултидимензионална, крајниот резултат може да се изрази во повеќе области, на повеќе начини, но секогаш се изразува во една или повеќе од претпоставените. Се пресметуваат и поставаат, ајде да кажам тези и домен во кој може да влијае таа енергија под тие услови. Поради тие и тие случувања, кои се одвиваат во тие и тие услови, ќе се случи случај 1, случај 2, случај 3 итд.

-Вака површински го опфаќам, зашто при добивање на некоја глобална слика на нештата, пример ситуација во светот, во одредена држава, личности родени одреден знак и сл мораат да се поставаат тези , секако поради различните енергетски вредности кои ги имаат нештата во светот.

-Но доколку се работи за ситуација помеѓу две тела, те едно тело за кое се знае енергетската вредност и друго тело закое исто така се знае енергетската вредност и дадената енергетска вредност на моментот, сето тоа запишано во 2 до 3 натални карти, мислам секој професионален астролог може да дојде до одговорот со неверојатна егзакност, без разлика на мултидимензионалноста.

-Па за вакви читања на сончев знак, глобални предвидувања, врски помеѓу личности во одреден знак егзакноста може да се доведе на пониско ниво, те да се претпоставуваат сродни тези, каде што на крај секако точна ќе биде една од нив .Но кога се работи за случај каков што го опишав погоре, тогаш ништо поегзактно од астрологијата не постои :)))
 
G

galaxy

Гостин
-Мислев не е егзактна во смисла дека целта која ја докажува не е фиксна и е мултидимензионална, крајниот резултат може да се изрази во повеќе области, на повеќе начини, но секогаш се изразува во една или повеќе од претпоставените. Се пресметуваат и поставаат, ајде да кажам тези и домен во кој може да влијае таа енергија под тие услови. Поради тие и тие случувања, кои се одвиваат во тие и тие услови, ќе се случи случај 1, случај 2, случај 3 итд.
Значи признаваш дека хороскопот на начинот на кој се презентира е глупост?
И дека не е наука штом не се обидува да ги открие и објасни тие енергии и енергетски вредности.
 
Штом се занимава со факти и методики со кои доаѓа истите значи наука е, само егзактноста знае да биде во различни нивоа. Во зависност што бараш секако ...

За астрологија зборуваме, хороскопот е запис..диаграм..
 
Не ги преиспитува, објаснува и подобрува методиките на правањето на хороскопот, значи не е наука, а астролозите не се научници. Само астрономскиот дел од астрологијата колку им е застарен и погрешен, не зборуваме за резултатите за кои е докажано дека немаат подобар ефект отколку статистички значајниот. А да не зборуваме колку, со развитокот на психологијата, се развиени нови подобри теории за предвидување на однесувањето.
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Не ги преиспитува, објаснува и подобрува методиките на правањето на хороскопот, значи не е наука, а астролозите не се научници. Само астрономскиот дел од астрологијата колку им е застарен и погрешен не зборуваме за резултатите за кои е докажано дека немаат подобар ефект отколку статистички значајниот. А да не зборуваме колку, со развитокот на психологијата, се развиени нови подобри теории за предвидување на однесувањето.

Астрономскиот дел на астрологијата е совршен. Аспектот од кој се гледаат нештата е многу различен. Астролошкиот термин планета е многу по различен од истиот астрономски термин. Има добра причина зошто Месечината, Сонцето, Кајрон или пак Церес се водат како астролошки планети и на сите астролози им е јасно што е астролошка планета, што е астрономска.

Па и не сум баш сигурен дали психологијата сама по себе може да дојде до одговорите кои може да ги даде психолошката астрологија или самата астрологија како целина. Психологијата никогаш нема да даде одреден датум на предвидувањето и тоа тогаш и на тој начин да се случи, додека астрогијата да. Никогаш нема да дијагностицира некоја болест при самото раѓање на личноста, да се однесува на период 20 години во иднината, а тоа да е точно.

Можеби поради пристапот кои го имаат научните дисциплини и целта кон која тежнеат астрологијата не би ја ознаиле како наука. Но нејзината точност и методика никогаш не биле доведени во прашање, а да некој се посомнева..
 
G

galaxy

Гостин
Астрономскиот дел на астрологијата е совршен. Аспектот од кој се гледаат нештата е многу различен. Астролошкиот термин планета е многу по различен од истиот астрономски термин. Има добра причина зошто Месечината, Сонцето, Кајрон или пак Церес се водат како астролошки планети и на сите астролози им е јасно што е астролошка планета, што е астрономска.
Не зборувам за термините. Туку во грешките во пресметувањето. Имам читано порано, не можам да најдам сега, астролозите не ги пресметуваат точно рамнодениците.
Па и не сум баш сигурен дали психологијата сама по себе може да дојде до одговорите кои може да ги даде психолошката астрологија или самата астрологија како целина. Психологијата никогаш нема да даде одреден датум на предвидувањето и тоа тогаш и на тој начин да се случи, додека астрогијата да.
Не може ни астрологијата да даде такво нешто, и тоа е докажано со испитувања.
Никогаш нема да дијагностицира некоја болест при самото раѓање на личноста, да се однесува на период 20 години во иднината, а тоа да е точно.
Те молам дај ми пример за вакво нешто.
Можеби поради пристапот кои го имаат научните дисциплини и целта кон која тежнеат астрологијата не би ја ознаиле како наука. Но нејзината точност и методика никогаш не биле доведени во прашање, а да некој се посомнева..
Не биле????
 
Член од
17 декември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
18
Знаеш нешто што го викаат не-егзактна наука ? И како таа работи ?
Типичен обид за шлепање на легитимна категоризација на науките. Општествените науки се неегзактни, но слично на егзактните, се базираат на емпириски докази, како на пример социологијата, која се базира на набљудување на социјалната динамика и извлекување заклучоци од истата. Од друга страна, астрологијата се базира на неосновани предикати. Тие табели и равенки кои ги наведовте немаат никаква основа, изведени се од набљудувања на некакви светлуцави точки на небото под смешно егоцентричната претпоставка дека извршуваат некаков универзален план за ништожните човечки суштества. Терминот „неегзактна наука“ не може да служи како амнестија за празноверие кога веќе има улога во одвојување на легитимни видови науки.

-Мислев не е егзактна во смисла дека целта која ја докажува не е фиксна и е мултидимензионална, крајниот резултат може да се изрази во повеќе области, на повеќе начини, но секогаш се изразува во една или повеќе од претпоставените. Се пресметуваат и поставаат, ајде да кажам тези и домен во кој може да влијае таа енергија под тие услови. Поради тие и тие случувања, кои се одвиваат во тие и тие услови, ќе се случи случај 1, случај 2, случај 3 итд.
Значи млатење празна слама. Наведување на сите можни исходи од една ситуација не резултира со ништо повеќе од тавтологија. Патем, таа „енергија“ за која зборуваш е уште еден пример за обид за шлепање. Поимот енергија е уредно дефиниран во физиката, како и видовите енергија кои постојат.

-Но доколку се работи за ситуација помеѓу две тела, те едно тело за кое се знае енергетската вредност и друго тело закое исто така се знае енергетската вредност и дадената енергетска вредност на моментот, сето тоа запишано во 2 до 3 натални карти, мислам секој професионален астролог може да дојде до одговорот со неверојатна егзакност, без разлика на мултидимензионалноста.
Можеби имаш чуено за James Randi, човек со константна ерекција кон мистични измамници и празноверија како ова кое што го дискутираме. Тој човек повеќе од еднаш се решил да ја тестира неверојатната егзактност на професионалните астролози, па доколку би прогуглал малку за тоа, би видел колку се професионално егзактни. Без матни изјави, без тавтологии, професионални познавачи на планетите ставени на сцената на научниот метод. На крај посрамени, секако.
--- надополнето: 21 јануари 2012 во 19:39 ---
Можеби поради пристапот кои го имаат научните дисциплини и целта кон која тежнеат астрологијата не би ја ознаиле како наука. Но нејзината точност и методика никогаш не биле доведени во прашање, а да некој се посомнева..
Нејзината точност и методика биле доведени во прашање, биле испитани и паднале на тестот. Методиката, а со тоа и точноста паѓа уште на првиот чекор, во испитувањето на предикатите врз кои се базира целиот систем. А предикатите се арбитрарно доделени и креативно нацртани со доза на религиозност. Таму паѓа астрологијата, уште на почетокот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: H8R
F

FallenHypaspist

Гостин
Не зборувам за термините. Туку во грешките во пресметувањето. Имам читано порано, не можам да најдам сега, астролозите не ги пресметуваат точно рамнодениците.

Не може ни астрологијата да даде такво нешто, и тоа е докажано со испитувања.

Те молам дај ми пример за вакво нешто.

Не биле????
-Можно е да правеле грешки, постојат воглавно неколку астролошки системи, ведскиот е заоснован на стари традиционални принципи, нештата со текот на времето се менуваат, а тие бавно ги вградуваат во нивниот систем, мислам дека скоро сватија дека на секоја 71 година претставата на небото се менува за 1` , па можно е да се промашиле некоја рамнодневница :)

-Не верувам дека е докажано со испитувања, дај ми пример каде еден транзит на Јупитер,Уран,Нептун,Плутон или Сатурн не бил проследен со голема промена и дека периодот на неговиот транзит не го носел неговото обележје. Или пак одреден моќен аспект помеѓу нив.

-Не можев да скенирам од физичките натални карти што ги имам, а пак немам нешто во дигитална форма. Еден пример, наталните карти селошо сликани, но доколку сакаш подетално да ги анализираш, постојат истите по различни сајтови, оти за големи личности се работи ипак..
http://www.astralis.it/epilep.htm

-Не биле доведени во прашање, а да некој се посомнева. Јас не познавам некое угледно истражување што го направило тоа, ако има постави. Знам дека е доведена во прашање, но крајниот сомнеж никогаш не го имало.
 
Значи биле погрешни и хороскопите?
-Не верувам дека е докажано со испитувања, дај ми пример каде еден транзит на Јупитер,Уран,Нептун,Плутон или Сатурн не бил проследен со голема промена и дека периодот на неговиот транзит не го носел неговото обележје. Или пак одреден моќен аспект помеѓу нив.
Не знам за такво нешто, дај ми ти примери.

-Не можев да скенирам од физичките натални карти што ги имам, а пак немам нешто во дигитална форма. Еден пример, наталните карти селошо сликани, но доколку сакаш подетално да ги анализираш, постојат истите по различни сајтови, оти за големи личности се работи ипак..
http://www.astralis.it/epilep.htm
Во заклучокот и самата кажува дека ТРИ (????) примери не се доволни за да се направи статистика. И овие тврдења немаат никаква основа. Нема никаков доказ за тоа како електричните зраци на далечните планети делуваат на електричните процеси во мозокот па да не зборуваме за тоа како астролозите би ги знаеле сите детали и би пресметале какво влијание би имале тие.
-Не биле доведени во прашање, а да некој се посомнева. Јас не познавам некое угледно истражување што го направило тоа, ако има постави. Знам дека е доведена во прашање, но крајниот сомнеж никогаш не го имало.
Биле доведени во прашање не само резултатите, туку и методите на астрологијата и двете паднале на тестот. Има десетици истражувања кои довеле до негативни резултати. Ама јас мислам дека е залудно времето потрошено на такви тестови кога дури ни методите на астрологијата немаат никаква основа.
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Типичен обид за шлепање на легитимна категоризација на науките. Општествените науки се неегзактни, но слично на егзактните, се базираат на емпириски докази, како на пример социологијата, која се базира на набљудување на социјалната динамика и извлекување заклучоци од истата. Од друга страна, астрологијата се базира на неосновани предикати. Тие табели и равенки кои ги наведовте немаат никаква основа, изведени се од набљудувања на некакви светлуцави точки на небото под смешно егоцентричната претпоставка дека извршуваат некаков универзален план за ништожните човечки суштества. Терминот „неегзактна наука“ не може да служи како амнестија за празноверие кога веќе има улога во одвојување на легитимни видови науки.

Значи млатење празна слама. Наведување на сите можни исходи од една ситуација не резултира со ништо повеќе од тавтологија. Патем, таа „енергија“ за која зборуваш е уште еден пример за обид за шлепање. Поимот енергија е уредно дефиниран во физиката, како и видовите енергија кои постојат.

Можеби имаш чуено за James Randi, човек со константна ерекција кон мистични измамници и празноверија како ова кое што го дискутираме. Тој човек повеќе од еднаш се решил да ја тестира неверојатната егзактност на професионалните астролози, па доколку би прогуглал малку за тоа, би видел колку се професионално егзактни. Без матни изјави, без тавтологии, професионални познавачи на планетите ставени на сцената на научниот метод. На крај посрамени, секако.
--- надополнето: 21 јануари 2012 во 19:39 ---

Нејзината точност и методика биле доведени во прашање, биле испитани и паднале на тестот. Методиката, а со тоа и точноста паѓа уште на првиот чекор, во испитувањето на предикатите врз кои се базира целиот систем. А предикатите се арбитрарно доделени и креативно нацртани со доза на религиозност. Таму паѓа астрологијата, уште на почетокот.
Типичен обид за шлепање на легитимна категоризација на науките. Општествените науки се неегзактни, но слично на егзактните, се базираат на емпириски докази, како на пример социологијата, која се базира на набљудување на социјалната динамика и извлекување заклучоци од истата. Од друга страна, астрологијата се базира на неосновани предикати. Тие табели и равенки кои ги наведовте немаат никаква основа, изведени се од набљудувања на некакви светлуцави точки на небото под смешно егоцентричната претпоставка дека извршуваат некаков универзален план за ништожните човечки суштества. Терминот „неегзактна наука“ не може да служи како амнестија за празноверие кога веќе има улога во одвојување на легитимни видови науки.

Значи млатење празна слама. Наведување на сите можни исходи од една ситуација не резултира со ништо повеќе од тавтологија. Патем, таа „енергија“ за која зборуваш е уште еден пример за обид за шлепање. Поимот енергија е уредно дефиниран во физиката, како и видовите енергија кои постојат.

Можеби имаш чуено за James Randi, човек со константна ерекција кон мистични измамници и празноверија како ова кое што го дискутираме. Тој човек повеќе од еднаш се решил да ја тестира неверојатната егзактност на професионалните астролози, па доколку би прогуглал малку за тоа, би видел колку се професионално егзактни. Без матни изјави, без тавтологии, професионални познавачи на планетите ставени на сцената на научниот метод. На крај посрамени, секако.
--- надополнето: 21 јануари 2012 во 19:39 ---

Нејзината точност и методика биле доведени во прашање, биле испитани и паднале на тестот. Методиката, а со тоа и точноста паѓа уште на првиот чекор, во испитувањето на предикатите врз кои се базира целиот систем. А предикатите се арбитрарно доделени и креативно нацртани со доза на религиозност. Таму паѓа астрологијата, уште на почетокот.

Значи имаш проблем тука ...
Не отварај и црпи информации од Википедија, не се арни. Таму нема да ја видиш границата помеѓу егзакното и неегзакното. Науката е неегзактна тогаш кога во текот или на крајот од истражувањето, резултатот е неегзактен, те точноста е доведена во прашање поради нештата кои се неопфатливи, или пак резултатот движи помеѓу повеќе крајни опции. Пример за тоа е археологијата, се што излегува се става на чинија, се формулираат тези, егзакноста е намалена, со излегувањето на нови материјали и формирање на нови тези или пак потврдување на старите егзакноста се зголемува.По завршувањето на истражувањето егзакноста е сведена на максимално ниво, но сепак никогаш ситуацијата нема никогаш да е егзактна. Зошто можеби никогаш нема да дознаеш дали таа скитска стрелка е донесена од некој друг или пак некој скит бил тука .. Затоа е неегзактна наука во спортивно со пр физиката, каде што топчето според законот на гравитацијата секогаш во тие услови ќе падне на земјата. Да не спомињам дека цитирам врвни научници и професори.

Не се тоа никакви светлосни точки, се знае што се, се знае со која брзина движат, се забавуваат или убрзуваат, каде и кога навлегуваат и во кој сооднос стапуваат. А тоа што ти сакаш се што можеш во епрувета да ставиш, а тоа што не можеш, да за тебе не постои, е тоа веќе муабетот за егоцентричноста. Ти го дадов примерот со стрелата...

Демек цитираш физика, а не си ни во тек ни со неа .. Квантна физика листаш од време навреме, ако толку ти е битен научниот пристап кон нештата, ако се мора во епрувета да биде.ставено.
Ако сакаш лично да дојдеш во контакт со таа енергија за која ти зборувам. Научи да медитираш и посвети се секојдневно на медитација, по еден месец ќе сватиш точно за што ти зборувам. Но секако дека нема да го направиш тоа, поставен ти е пристап каде што ти веќе гледаш кон одреден одговор, не истражуваш. Тоа е крајно... не-научно.

haha сега ги гледав овие со James Randi ....
А ако веќе зборуваме за њус пејпр астролози, немам коментар, сите знаеме што се тие и што пишуваат :)) Уште веднаш се виде колку и до каде ја читал наталната карта. Не е тоа професионален астролог.

Еве солидни примери на професионални астролози на кои си ја вршат работата како што треба.
http://yourastrologysigns.com/
http://www.insightfulastrology.com/
 
G

galaxy

Гостин
...

Што подразбираш под професионален астролог? Кое образование треба да го има?
Дали ти се занимаваш со астрологија? Дали заработуваш пари од неа?
Дали во Македонија има професионален астролог?

Овие кои ги посочи:
Barbara has an M.B.A. from Manchester Business School and is a Qualified Financial Advisor. (
CeFA, CeMAP & Cergi),
I serve as the Vice President for the
Long Island, New York chapter of the National Council for Geocosmic Research (NCGR), one of the leading professional astrology organizations. In 2004 I achieved certification in astrology and I also hold a B.A in psychology.
 
ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Ќе може ли да ми кажете како би функционирала љубовна врска девица - лав, лав - бик
и карактеристики на човек со знак девица подзнак лав?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom