Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.371
N

Nessa Alcarin

Гостин
Стрелец (19.03.2013)
Вторникот нема да е по ваша волја и тертип, веројатно волјата ќе биде лоша, оптимизмот заборавен некаде во некоја фиока, а тоа може да рефлектира со нескладни човечки односи дома, со партнерот, со оние со кои сте и најмногу во текот на денот. Внимавајте и на видот на храната што ја консумирате, барем таа мора да ви е по волја за да имате причина зошто би ви се поправило расположението. Многу сексуални провокации и возбуди се можни денов, но не знам како ви стојат личните хороскопи во однос на можностите за реализација.
:vozbud: (почна сезоната на краставици нели?)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Вага и риби – љубовна комбинација


Кога вага и риби се во љубовна врска, тие имаат урамнотежена романса во која партнерите одлично си одговараат. Овие два знака се многу компатибилни и градат навистина „мазна“ љубовна врска. Двата знака живеат во склад со естетиката, но исто така имаат и доста да си понудат еден на друг.
Кога рибите ќе се загубат во фантазии, вагата со својата склоност да балансира може да му помогне на партнерот да се врати на правата патека, додека тој ќе возврати со тоа што ќе ѝ помогне на вагата да ја види убавината во љубовта и соживотот. Ова е искрена врска која ги вреднува хармонијата и вистината во љубовните односи и во светот воопшто.

Овие два знака покрај тоа што се одлични љубовни партнери, се и многу добри другари. Тие меѓусебно се разбираат. И двајцата можат да бидат неодлучни и да имаат тенденција да се насочуваат кон повеќе работи одеднаш.
Проблеми помеѓу нив ретко се јавуваат, но вагата некогаш може да биде премногу манипулативна со рибата. Понекогаш може да се случи тие дури и да престанат на сред некоја работа поради својата неодлучност. Ако работат заедно на проект, без разлика дали станува збор за подобрување на нивната љубовна врска или нешто друго, може да биде тешко да тргне работата напред. Доколку вагата и рибите имаат некаква кавга, тие гледаат што побрзо да си простат и да заборават на тоа. Вагата не поднесува кавги и ќе направи скоро сѐ за да ги избегне, а рибите поседуваат голема емпатија и се во состојба да простуваат, разбирајќи ја позицијата во која се наоѓа нивниот партнер.
Вагата е водена од Венера (љубов), а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузии). Овие два знака се доста компатибилни поради тоа што женските енергии на Венера и Нептун функционираат како тандем. Под влијание на Јупитер и Нептун, рибите се многу замислени. Влијанието пак на Венера на вагата, ја прави заљубена во љубовта. Вагата е знак на партнерството и се чувствува поудобно кога се наоѓа во интимна љубовна врска. Двата знака ги користат двете глави за да ги решаваат проблемите, што е добитна комбинација. Најдобрите одлуки ги донесуваат и со помош на емоциите и со помош на разумот, заради што оваа врска е флексибилна и може да се подобрува.
Сепак, кога ќе им се случи некаков проблем, тие ја губат способноста за комуникација. Вагата која знае да биде манипулативна, може да го игнорира партнерот со молчење. Во оваа врска, секогаш има скриени струења на неслога, но ниеден од партнерите никогаш нема да се осмели да почне дискусија за нешто вакво. Иако може често да имаат несогласувања, нивните разлики во размислувањата не траат долго.
Единствен реален проблем кој можат да го имаат, може да произлезе од нивната тенденција да го забавуваат случувањето на работите, до степен сосема да ги игнорираат кога ќе се видат на наредниот состанок.
Вагата добива нови идеи и почнува со работа на нови проекти, додека знакот риби се сложува да ја следи вагата во ова и прифаќа каква било улога која ќе му биде доделена. Ако двајцата почнат да работат на проект кој не се однесува на нивната љубовна врска, тие добро ќе функционираат заедно. Тие се однадвор скромни, но вагата сака да добива признание, а на рибите тоа не им пречи. Исто така, ако на вагата ѝ се случи да се загрее за некоја идеја и потоа наеднаш да се премисли (што често се случува), на рибите нема да им пречи и тие да ја променат насоката.
Најдобриот аспект од нивната врска е нивниот заеднички интерес за помагање на други луѓе во светот. Тие се одличен пар заради ентузијазмот, енергијата и желбата за искрена врска.

--- надополнето: 19 март 2013 во 22:52 ---
Вага и стрелец – љубовна комбинација

Љубовната врска помеѓу вага и стрелец претставува рај за двата знака. Тие се на некој посебен начин длабоко поврзани и имаат огромно разбирање еден за друг. Стрелецот има авантуристичка природа, поради која постојано е во потрага по некаков облик на слобода. Вагата пак има вродена дарба за уметност и естетска убавина. Таа е стимулирачко друштво на стрелецот во нивните заеднички патувања и го збогатува неговото искуство. Оваа врска секогаш е свежа бидејќи и двата знака знаат како да ја задржат возбудата. Нивното меѓусебно разбирање си доаѓа по природен пат и прави партнерите да се чувствуваат како да ја пронашле својата сродна душа. Заеднички тие ги прошируваат своите хоризонти во љубовта и во животот воопшто.
Покрај тоа што се одлични љубовници, овие два знака добро се согласуваат и како пријатели. Меѓу другото, вагата и стрелецот се високо компатибилни и како резултат на нивниот здрав, оптимистички и младешки поглед кон светот. Двајцата се големи ентузијасти кои трагаат по вистината и убавината во искуствата кои ги собираат.

Несогласувања помеѓу овие два знака се навистина реткост. Тоа е можно, доколку стрелецот каже нешто пред да размисли и со тоа ги повреди чувствата на вагата. Вагата пак од своја страна, може понекогаш да биде премногу затворена и да не му кажува на стрелецот како се чувствува. Благодарение на вродената дипломатија кај вагата, која навистина мрази да се расправа, таа ќе успее да ги „измазни“ недоразбирањата со стрелецот. Надминување на несогласувањата е навистина лесна задача за овие два знака, бидејќи тие имаат дарба за брзо опростување и заборавање.
Вагата е предводена од Венера која е симбол на љубовта, а стрелецот од Јупитер, кој ги претставува среќата и филозофијата. Женственоста која Венера ѝ ја дава на вагата и мажественоста која Јупитер му ја дава на стрелецот, го прави овој љубовен пар многу компатибилен и хармоничен. Стрелецот е секогаш во потрага по крупни одговори – вистината, значењето на животот и смртта. Во тој контекст, секогаш кога на вагата ќе ѝ надојде нова идеја, тој е спремен да ја поддржи и да тргнат заедно во потрага по нови доживувања. Ова е навистина страсна и возбудлива врска, во која авантуристичките походи немаат крај.
Стрелецот е лидерот кој ги контролира конците во врската, но вагата на посуптилен начин ги одржува во рамнотежа ситуациите, во моментот додека се случуваат. И двата знака се екстремно енергични и активни личности, кои можат да постигнат многу успеси заедно. Оваа врска е во својата најсовршена фаза кога стрелецот се чувствува независно и слободно во неа. Вагата е иницијаторот на нови идеи и места кои треба да се посетат, но таа има тенденција да се предомислува во последен момент, како резултат на нејзиниот неодлучен карактер. Како и да е, стрелецот е многу флексибилен и се прилагодува и ги прифаќа сите измени кои вагата сака да ги направи во нивните планови.
Најдобриот аспект од оваа уникатна љубовна врска е нивниот заеднички интерес за култивирање на знаењето и проширување на интелектуалните капацитети. Тие добро се согласуваат на емотивен и на географски план.
--- надополнето: 19 март 2013 во 22:56 ---
Надворешниот изглед на вагата



Детското лице на вагата
Вагата има нежно ангелско лице, кое најверојатно е резултат на тоа што Купидон во митологијата бил слуга на божицата Венера, а истоимената планета е водилка на овој хороскопски знак. Доколку го анализирате детското лице на вагата можете да забележите неколку специфични карактеристики. Сликите во продолжение ќе ви доловат какво влијание имаат физичките карактеристики на Купидон, во реалниот живот…
Кожата на вагата
Овој хороскопски знак како резултат на влијанието од планетата Венера – симболот на љубовта, најчесто има прекрасна кожа која изгледа како да блеска однатре, отсликувајќи го жарот и страста кои ги поседуваат вагите.

Рајска коса
Вагите најчесто имаат густа, благо навиткана коса. И покрај тоа што некои астролошки фактори индицираат меко и слабо влакно, сепак веројатноста дека вагата ќе има по некоја локна, е голема.
Сјајни очи
Во комбинација со витканата коса одат очи со облик на бадем, но тие не се премногу потенцирани. Средишниот дел од окото е заоблен, кој на краевите се стеснува во бадемов облик, давајќи ѝ шармантен и сексапилен изглед на вагата.

Привлечни усни
Нежната вага најчесто има исполнета долна усна и потенка горна усна, која е подвиткана надолу.

Сензуална убавина
Повеќето жени родени во знакот вага имаат голем апетит за слатка храна, па затоа не е чудно доколку им се случи да качат некое кило. Сепак, вагите сакаат и да ја одржуваат својата линија, но се додека имаат добро друштво и забава, во текот на спортските активности.

Витко тело
Машките ваги својата самодоверба ја добиваат кога се чувствуваат привлечно и секси, а тоа значи дека се подготвени да одат на џогинг, да спортуваат или да ја посетуваат редовно салата за вежбање, секогаш кога се јавува потребата за намалување на килограмите. Сè што ќе им овозможи да изгледаат добро во секој миг, е добредојдено за нив.
Симпатични дупчиња на образите
Без разлика дали се помалку забележителни или подлабоки и потенцирани, речиси сите ваги имаат слатки дупчиња на образите.

Таа насмевка…
Насмевката на вагата може буквално да ја подигне атмосферата и расположението на сите луѓе кои се околу неа. Без разлика дали станува збор за машка или женска вага, шармот и позитивната енергија која ја носи овој знак е несомнена. Кога еднаш ќе видите насмевка на вага, многу е тешко да не ја возвратите назад.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Знае ли некој како се нумерирани знаците? Овенот е прв с ете не започнува во јануари?!
 
Член од
4 април 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Шкорпијата е еден од најсилните знаци во хороскопот заедно со лав, водолија и јарец. Оние кои што ќе се обидат да го променат карактерот на шкорпијата ќе наидат на проблеми, затоа што никој не знае која е тајната мотивација за нивните постапки.
Јас лично верувам во хороскоп и мислам дека е 100% точно :)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.682
Поени од реакции
4.421
Кажете нешто за Јарец со подзнак Рак.(За знаков си знам сакам да занм повеќе подзнаков како влијае :D )
 
Член од
15 април 2013
Мислења
53
Поени од реакции
34
Секако дека не верувам во хороскоп , кога и да прочитам секогаш излегува обратно од тоа што е напишано или па некогаш се случува да ми ,,погоди‘‘ нешто ете онака што се вели на среќа . Неможе на сите луѓе на светов што се под ист хороскопски знак да им се случи се она што е кажано во тие неколку реченици .. Нема логика ..
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Работи кои хороскопските знаци ги мразат

Секој хороскопски знак на "пик" има некои ситници кои напросто го излудуваат. Дознајте ги топ десетте ситници кои го излудуваат секој хороскопски знак.

Овните мразат:
- Луѓе кои се влечкаат додека одат
- Невозвратен телефонски повик
- Мобилни кои не работат
- Животни во кафез
- Луѓето кои спамираат на чат
- Луѓето кои заобиколуваат
- Луѓе кои се облекуваат премногу лежерно
- Народна музика

Биковите мразат:
- Фалбаџии
- Неред и неорганизираност
- Искината облека
- Лоши готвачи
- Кога ги игнорираaт во јавност
- Јавни говори
- Луѓе кои не користат дезодоранс
- Кога се предмет на нечија шега
- Кога не се доволно паметни или доволни интелектуални
- Брза храна

Близнаците мразат:
- Луѓе кои немаат смисла за хумор(y)
- Кога не се во центарот на вниманието (n)
- Расипани часовници(y)
- Лошо вино(y)
- Неудобни чевли(y)
- Луѓе кои зборуваат бавно(y)
- Луѓе кои одат бавно(y)
- Песимисти(y)
- Зависници(y)
- Неисправна технологија(y)


Раковите мразат:
- Големи жештини
- Волна која ги боцка
- Кога мораат да спијат на каучот
- Луѓе кои прерано доаѓаат на состаноци
- Луѓе кои лошо или бавно се облекуваат
- Критика во било која смисла
- Насилни филмови
- Неблагодарни деца
- Кога ќе ги изгубат очилата за сонце
- Луѓе кои им го крадат центарот на вниманието

Лавовите мразат:
- Луѓе кои се облекуваат подобро од нив
- Луѓе кои имаат подобри автомобили од нив
- Игнорирање
- Провокација и љубомора
- Кога е премногу ладно
- Кога е премногу мокро
- Присилување да прават нешто што не сакаат
- Кога на сончев ден не можат да излезат надвор
- Кога им велат да не брзаат

Девиците мразат:
- Неорганизирани и неуредни луѓе
- Невозвратени телефонски повици
- Луѓе кои постојано доцнат
- Губење време на Facebook
- Луѓе кои прават граматички грешки
- Луѓе кои премногу пцујат
- "Stand up" комичари
- Претерано пцуење


Вагите мразат:
- Луѓе кои ги тераат да ја стишат музиката
- Луѓе кои не сакаат брза храна
- Ѓубре во паркот
- Луѓе кои крадат цвеќиња
- Луѓе кои се груби кон животните
- Невозвратени телефонски повици
- Секс за една ноќ
- Лоши фризури
- Луѓе кои се дрогираат
- Родители кои грубо ги дисциплинираат своите деца

Шкорпиите мразат:
- Луѓе кои позајмуваат работи и никогаш не ги враќаат
- Љубовници кои не доживуваат оргазам
- Кога партнерката ги прави љубоморни
- Кога некој ќе ги засени со знаење
- Вечера набрзина
- Озборување
- Кога ги обвинуваат дека се неверни (дури и да биле неверни)
- Луѓе кои слепо ја следат модата
- Луѓето кои тврдат дека имаат посебна моќ
- Што не можат да паркираат на местото за инвалиди

Стрелците мразат:
- Доцнење
- Кога не летаат со прва класа
- Луѓе кои имаат морска болест
- Луѓе кои премногу се жалат
- Луѓе кои се плашат да ризикуваат
- Кога ги обвинуваат дека не знаат со пари
- Преголеми очекувања
- Изгубен багаж
- Насилство врз животни
- Читање за кршење на човековите права

Јарците мразат:
- Луѓе кои трoшат пари без размислување
- Кога даваат пари на позајмување
- Луѓе кои не враќаат пари
- Луѓе кои не ги дисциплинираат своите деца
- Луѓе кои не ги одржуваат ветувањата
- Луѓе кои не ја затвораат пастата за заби
- Читање поезија
- Кога ги бараат да бидат шофери
- Кога мораат да ги остават децата дома
- Лоши фризури


Водолиите мразат:
- Луѓе кои се облекуваат без замисла
- Брза храна
- Разговор за минатото
- Психијатри
- Трачеви
- Непрактични луѓе
- Луѓе кои не го собираат нередот на своите миленичиња
- Недостаток на лојалност
- Да "им држат свеќа" на некој пар
- Да си ги извалкаат рацете

Рибите мразат:
- Места на кои е прежешко
- Луѓе кои прегласно се смеат
- Луѓе кои не прифаќаат аргументи
- Алкохоличари
- Кога не можат да си ги видат саканите
- Критика
- Стари автомобили
- Бавни возачи
 
A

andrea85

Гостин
Ко што гледам јас сум у малцинство бре! Ај нешто за стрелец?
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
515
Поени од реакции
22
Риби-Овен добра љубовна комбинејшн?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Риби-Овен добра љубовна комбинејшн?
Не е, бидејќи Рибата е воден знак, а водата го гаси Овенот (огнен знак).

Дури и ако има ваква комбинација, се препорачува да биде женско Риби и маж Овен. Обратното е исклучително ретко, дури и невозможно.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Јарците мразат:
- Луѓе кои трoшат пари без размислување (y)
- Кога даваат пари на позајмување (y)
- Луѓе кои не враќаат пари (y)
- Луѓе кои не ги дисциплинираат своите деца - :unsure: Генерацииве се' позаникаде се, но кривицата не е цела кај родителите
- Луѓе кои не ги одржуваат ветувањата (y) - Оуууу да !
- Луѓе кои не ја затвораат пастата за заби (y) - И сл. неодговорности кои прават хаос по дома
- Читање поезија - ВТФ o_O ?! Нема веза ова
- Кога ги бараат да бидат шофери (y)
- Кога мораат да ги остават децата дома - Рано ми е за ова, нз :)
- Лоши фризури (y)
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
170
Поени од реакции
64
Не е, бидејќи Рибата е воден знак, а водата го гаси Овенот (огнен знак).

Дури и ако има ваква комбинација, се препорачува да биде женско Риби и маж Овен. Обратното е исклучително ретко, дури и невозможно.
извини вака морам да те прашам оти гледам дека имаш познавање од хороскоп.јас сум скорпија воден знак и сеа ако се фатам со некоја од копнениве знаци,а според горе напишаноно ''водата го гаси оганот'' во овој сличај водата ја полева земјата па ај шо мислиш кој од кого ке има ќар ....?:unsure:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Да не знае некој како да проверам што сум во месечина ? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom