Psyside
Nocturnal
- Член од
- 30 јануари 2009
- Мислења
- 18.743
- Поени од реакции
- 18.492
Во тоа време се користела имагинација, игра со камера, и перфектна позадинска музика/сетап (фотографија, сценографија!) за да ти доловат состојба на подсвеста на некој лик од филмот, или приказ на некоја моќна сцена. Во старите филмови атмосверата те обзема, и те воведува во филмот беспрекорно за разлика од новите кои користат многу по ефтин методи: цицки,крвишта, нагли моменти, бесни коли, мафијаши...неинвентивен хумор. Или пак, главен лик кој мисли дека е над сите или под сите?? повлечен тип кој треба да го сожалуваме, или некој фраер??Ја затоа одам ретро, гледам се што сум пропуштила. Најголемите ремек дела се создадени во минатото, сега тек тук, ќе се создаде некое дело кое има потенцијали да премине во култно, ама не успева тоа да стане и покрај квалитетот, зашто во толкав наплив на филмови не може да го постигне ефектот кој го имал филм пред десет , дваесет па и повеќе години кога не штанцал Холивуд филмови ко да е на норма.
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Нормално да не ги заборавиме специјалните ефекти и ултра дасадните клишеа, како од поглед на дијалози и целото сценарио, и од поглед на градба на истото како финален производ или било каква "тензија" во филмот??
Еден добар филм треба да биде како музика, повеќе него како фикција..нешто како прогресија помеѓу двете, или поточно состојбата на гледачот. Саундтракот треба да ја означува емоцијата, значењето на истата е се она што доаѓа потоа, најбитниот момент. Ако во овој дел режисерот потфрли, најверојатно потфрлил од секој поглед. Да ова го гледаме се повеќе во денешно време, ништо ново би рекол. Ултимативно, добар филм е оној од којшто при секое гледење осозноваш нов момент.