Слешер хорори се најдобри за мене. Баш синоќа го гледав Friday the 13th (2009) и очекував дека ќе биде срање, како и повеќето remakes/reimaginings/reboots. Али филмов беше партали. Од почеток до крај - стариот добар Jason Voorhees...
Кога сум кај remakes/reboots морам да кажам дека новиот Freddy ме разочара. Аман - педофил?! Знам дека тоа била идеа и за оригиналниот A Nightmare on Elm Street, али...некако не ми идеше тоа
Барем радува веста дека слешер хоророт повторно се враќа на голема врата. Halloween и H2 (исто remakes/reboots), Hatchet и Hatchet II - конечно нов убиец на сцената, а не само копија на филмовите од 80тите. За жал, уште не сум го видел Victor Crowley во акција.
Scream 4 искача на 15ти април, така да ќе биде интересно и тоа да се погледне. Старата екипа плус нови лица и најважно - Wes Craven и Kevin Williamson повторно заедно