Aх , пак отворивте дискусија за Егзорцист. Само едно ќе кажам 1973 !!! Буквално бев фрапиран кога ја видов годината кога е снимен филмот . Како Хичкок беше пред времето со своите трилери во 50-тите и 60-тите , така е и овој филм во однос на Хорорите . Едноставно не ти дава да стивнеш , не е како глупите денешни хорори , со милион рестрикции што ги прават по 3-4 "страшни" сцени во цел филм . Јас го гледав сам , пред година дена и со оглед на тоа дека оддамна сум 18+ можам да кажам дека кога го изгасив светлото да спијам филмот си имаше ефект врз мене , нешто што бев убеден дека нема да ми се случи после хорор. Е сега , имате право за она шо викате пародиите што се прават со некои сцени , едноставно те омекнуваат колку толку . Но не бидете смешни со извјавите "Ми беше смешен" . Are you kiddin' me ? Сам во мрак никако не може да се смееш на филмов.
п.с некој што го гледал филмот да ми одговори нешто . дали има некое значење на крајот на филмот , кога Отецот му го дава ланецот на тој во колата ? Мене ли ми се чини , или ланецот ја смени формата ?
Егзорцист I си е веќе класика, евергрин. Тоа значи дека во извесна смисла на зборот е недопирлив, дека нема потреба од преоценување и евентуално омаловажување. Се работи за еден од ретките хорори за кои постои општа согласност дека се ремек дела. Да се разбереме, има многу одлични хорор филмови, но поради самата природа на жанрот, поретки се остварувањата кои наишле на широка потврда за квалитетот и кои го издржале тестот на времето (Претскажување 1+2, првиот Хеловен, Сјаење и уште неколку други филмови), од оние кои на пример, не сакаат хорор. Еден Титаник? ќе добие куп оскари, во многу категории, додека хоророт најчесто е осуден на оскар или само номинација за музика, специјални ефекти и сл. Не е Оскарот крајното мерило за квалитет, само за споредба.
Што се однесува до серијалот Егзорцист, најдобри се првиот и третиот дел. Вториот, многумина го прогласиле за еден од најлошите хорори воопшто (мене ми остави половичен, мошне млак впечаток, не мислам дека е дно на дното, ама како за продолжение на одличниот оригинал, сепак е разочарување. Од двојката нешто подобри се третиот дел, потоа релативно новиот приквел, а има мислам уште едно приквел-продолжение, кое според сите мерила веќе е најобична б-продукција. Сите овие филмови, освен 3-от дел, не можат да се рамнат во ништо со оригиналот, иако веројатно имаат далеку поголем буџет. Не ги вади ни тоа што се снимани многу подоцна па располагаат со понапредна технологија и имаат во таа смисла и поголеми можности. Едноставно, Егзорцист ја имаше истата судбина како и серијалите за Фреди, Хеловен, Претскажување итн.