Зависи. Ако бараш на македонски јазик нема да најдеш многу, а и преводот би можел да биде проблематичен. Изборот е доста поголем ако имаш намера да читаш на англиски, српски-хрватски итн.
К. Баркер, Ширли Џексон, Р. Матесон, Д. Кунц, Д. Симонс се некои од авторите чии романи/новели можеби би ти се допаднале. А можеби и не.
/Роберт Луис Стивенсон е човек длабоко заинтересиран за проучувањето на мистериите на животот. Само автор…
kupikniga.mk
Исто ова може да помине мислам. Не е хорор хорор, ама има некои моменти од тој жанр.
A на времето од Скопје, ја зедов оваа, доста занимлива книга. Од таа страната што имаше строго англиска литература, не ни паметам како се викаше. Имаа претставништво во Скопје.
Ок е го дефинираше хорор жанарот мислам пред него немаше премногу што имаа успех во хоророт, ма да претерува со расизмот во делата ипак си имам свое мислење дека е еден од подобрите во овој жанар.
Good Luck со Кинг
тупач е невиден, ко ќе те заглави со некој референци од тв шоу од 1950 пола поглавје ќе ти дојди сам да се исфрлиш од прозор.
Батката е Генијалец со многу пролив проза.
иначе ако сакате нешто да читните на македонски од Ловкрафт, на линкот имате неколку раскази преведени.
Не знам колку се „новели“, но делата на Едгар Алан По секако спаѓаат во хорор жанрот. Ко што скоро прочитав, според делото „Пени Дредфул, убиствата на...“ е именувана и истоимената одлична тв-серија.
Penny Dreadful Presents ... The Murders in the Rue Morgue and The Canterville Ghost (Illustrated): A Penny Dreadful Double Bill - Kindle edition by Poe, Edgar Allan, Wilde, Oscar. Download it once and read it on your Kindle device, PC, phones or tablets. Use features like bookmarks, note taking...
На илустрацијата покрај По, претставени се и Х.П. Ловкрафт и Стивен Кинг. Дали некој од вас знае каде можат да се најдат нивните дела преведени на македонски, лично особено ме интересираат оние на првиот?
Стивен кинг го имам видено по саеми, и можда во матица...
Ама едгар алан по бил тежок емо, така да не..не би го нарекол хорор новелист.
Дракула ја има скоро секаде...
Стивен кинг го имам видено по саеми, и можда во матица...
Ама едгар алан по бил тежок емо, така да не..не би го нарекол хорор новелист.
Дракула ја има скоро секаде...
Јас сепак би го нарекла како еден од втемелувачите на хорор жанрот и криминалистиката во литературата и секако, пасив-агресив „емо“.
Инаку, и романот „Дракула“ е базиран на некоја постара историска жена-вампир, која на Брам Стокер му послужила како инспирација за романот, а и грофицата Ержбет (Елизабет) Батори е спорена историска вампирка која се капела во крвта од девици, нејзините дворски слугинки, иако се смета дека сепак била наклеветена и стигматизирана од нејзините машки политички ривали на кои им пречела како моќна женска владетелска фигура. Топла препорака за филмот, чисто за запознавање на нејзиниот лик.
Сепак ќе да била некоја друга, а мислам дека јас гледав документарец за некоја скроз трета историска благородничка-вампирка.
"Carmilla was the first Vampire, 26 years older than Bram Stoker's Dracula. Written by the Irish writer of Gothic tales and mystery novels, Joseph Sheridan Le Fanu, Carmilla is a Gothic novella first published in 1871. It was a series of stories narrated by a woman who becomes obsessed with a vampire named Carmilla."
Постои и дистинкција меѓу класични вампири и ликантропија т.е. врколаци - претварање на луѓе во волци.
Друг филм за историски познат врколак во тој контекст, одамна гледан, солиден и покрај очајната оцена на imdb.
Ок е го дефинираше хорор жанарот мислам пред него немаше премногу што имаа успех во хоророт, ма да претерува со расизмот во делата ипак си имам свое мислење дека е еден од подобрите во овој жанар.
Лавкрафт не е лош поради расизмот во делата (земи го историскиот контекст кога гледаш такви работи). Лавкрафт е лош писател поради стилистиката. Пишувал предолги реченици со непотребни придавки, се изразувал некохерентно и екстремно лошо пробувал да биде Англичанец. Јас му имам читано неколку дела и тоа со огромна мака. Повеќето се слагаат дека Лавкрафт не пишувал добро. Oн бил писател што прво пишуел за „Weird Tales“, списание за палп фикција у кое пишувале фаци како Роберт Хавард и Блоч и не бил баш обучен занаетчиски (иако не е нужно да бидеш за да си стилистички добар). За некое чудо, многу работи од тоа списание стануваат култни и фациве имаат екстремно влијание на жанровите што ги набројав. Таму Хавард ги пишуел приказните за Конан (он е татко на фантастичниот поджанр „Меч и магија“), „Црвите од земјата“ итн. Лавкрафт, на пример, е стилистички многу полош од Хавард.
НО!!!!
Од аспект на инспирација, Лавкрафт е еден од највлијателните писатели во историјата на хоророт. Неговиот космицизам е таткото и инспирацијата на милион популарни хорор дела, научно фантастични дела, епски фантастики, мрачни фантастики и тристо други чуда. Од „Осми патник“ и „The Thing“, до WoW, MTG и скоро све со тентакл у него. Сите овие, Стивен Кинг, јада јада, црпат тешки инспирации од Лавкрафт. Дури има и една тајна ложа која верува дека Дагон, Ктулу и остала банда се реални ентитети или архетипови. Според нив, Лавкрафт не знаел дека инспирациите ги црпи од колективното несвесно. До тој степен е влијателен.
А кога се гледа величината на еден писател, чинам дека инспирацијата е најзначајната работа, стилистиката и другите занаетчиски работи се вежбаат до некаде иако и во тоа има уметност. Од тој аспект, Лавкрафт е еден од најзначајните хорор писатели во историјата.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.