Убава тема, хип-хопот не се прави, тој се живее.
Јас сум зависник од него, го слушам и го пишувам, а што е најбитното го живеам.
Рапот почнав да го слушам од второ одделение, прво почнав со Eminem, 50 Cent, а потоа одредено време и со Македонските артисти (скоро сите).
Имам голема желба да снимам албум во студио, но од тремата ли е не знам се некако рано ми е.
Имам напишано два албума (вкупно 25 текстови) комерцијала, андерграунд, хардкор, љубовни, и секако стандарден рап (вистински).
Рапот во Македонија е оставен самиот на себе, имаме квалитетни артисти, да кажеме дека сме на помало ниво од Србија, а на исто ниво со Бугарија.
Проблемот во Македонија со рапот е тоа што рапериte се мразат меѓу себе, иако тоа не го признаваат. Има и такви, почнуваат со кариера снимаат еден албум и се откажуваат, причината е тоа што неможат да се пробијат, да заработат нешто за трудот (ако имаш пари, имаш се). Но не е се во парите, тука важен е талентот но голема улога играат и парите. Во рапот се зависи како ќе се поставиш и колку ти е квалитетна траката, па од тука натаму како ќе те прифатат слушателите. Тоа е рапот во Македонија !!!