Имаш рап групи и ги имаш The Roots. Вистински професионалци од времето на MTV кога пушташе музика, и покрај сите нови критики дека не требаше да одат во шоуто на Jimmy Fallon, тие како да ги искористија овие сомнителни зоборови и на цел свет му го докажаа спротивното.
После излегувањето на нивниот осми албум “Rising down”, сите најави беа дека тоа ќе му е последен албум на групата, муабет што мене лично многу ме погоди.
Но кога Questlove на Twitter соопшти дека снимаат нов албум насловен “How I got over”, скокав како мало дете. И конечно на 22 Јуни 2010, албумот издаден!
Албумот има 14 песни, со многу интересни и докажани музичари. Тука се старите другари на The Roots кој ги има и на претходниот албуми: P.O.R.N, Peedi Peedie и Dice Raw. Исто има и некои нови лица како: STS, Truck North, Blu, Phonte, Joanna Newsom, Monsters of Folk и John Legend. Последните две имиња завршија изворедна работа на 3 траки на кои се најдоа. Од толку многу гости, Black Thought само на 2 траки рапува соло, што не викам дека е лоша работа.
Албумот почнува со изненадувачки монотони, тажни траки, но траки кои даваат надеж дека овој свет ќе се подобри иако е во лоша состојба со извртени вредности и навики. Така на “Walk alone” P.O.R.N вели: “I\'m a snake in the garden of bones/ I\'m a loner in a world of clones”. Потоа следи Dear God 2.0, трака за која се зборува одамна меѓу сите рап фанатици. На траката гостуваат една од најпоуларните инди-рок групи Monsters of Folk, кој го прават рефренот да удира право во срце и прават кожата да ти се ежи. Натаму следат уште две траки со тој ист монотон шмек, па после следи водечката песна на албумот “How I got over” (еве од каде е името на албумот), песна во која може да го слушнете Black Thought да пее! Да, да, и тоа го прави проклето добро: “Out on the streets, where I grew up / First thing they teach us, not to give a fuck / That type of thinking can’t get you nowhere / Someone has to care”. Колку свест носи овој рефрен а? Тоа ти се The Roots. Едноставно, но многу интелегентно.
Потоа следат песни со стварно добри вокални рефрени, тука мора да се спомне Joanna Newsom на “Right on” која прави една мистична атмосфера со своето пеење, и секако тука е John Legend на “Doin it again” и “The Fire” вокал кој остава извореден печат на рефрените каде што се појави. Крајот на албумот го красат две траки, едната е “Web 20/20” песна која има еден чуден електронски шмек, песна на која 3 артисти ги докажуваат своите лирички battle способности. Последната песна на овој албум е “Husta”, трака за која Questlove изјави дека најмногу се мислеле дали да ја стават на албумот, затоа може стои како бонус трака. На песната гостуваат STS, тип кој одлично си ја заврши работата и на рефренот и на делот кој требаше да рапува. Е сега другиот гостин е многу непожелен помеѓу раперите, тој гостин се вика Auto-tune, елемент кој го придружува рефренот, и прави една заразна певлива песна. Песна во која се зборува татковски кон своите деца, барем Black Thought тоа го прави. Да деца, родителските маки нека бидат ваши потпори и сили во животот.
Тука ја привршувам мојата рецензија на овој магичен рап исполнет со jazz/blues/fank примеси. “How I got over” мора да се слушне, иако не е совршен, носи јака порака преку сите метафори, споредби и фрустрации кој ги пружи овој чуден живот. Иако деветти албум, иако премногу издаде песни, пак The Roots успеаа да донесат звук кој мора повторно да се слушне. Овај албум мора да се најде во вашиот звучник, едноставно немате никакво оправдание. Да да, не примам никакви медицински белешки, не примам родители и не верувам во блиски смртни случаи. Нема оправдание за отсуство од овој час!
P.S Еве линк на кој можете целосно да го преслушате овој албум
http://www.myspace.com/theroots/music/albums/how-i-got-over-16019281
Џоџо (Стрес)