Ако некој правел операција на хемороидите да сподели некое искуство. Каде сте направиле преглед, кој доктор прегледувал, по кој метод ве оперирале. Барам добра клиника и добар доктор каде можи првенствено да се направи преглед а потоа и операција. Ве молам за препораки. Хемороидите ги имам одамна, внатрешни. Пред два месеци почнаа да болат за прв пат во животот и сега засега сеуште ништо ми нема помогнато. Користев Faktu, грчка маст Procto-Synalar N, пијам апчиња Флебавен, чај од Поддабче, голтам секој ден парчиња од некаков корен. Сега засега сеуште имам тегоби и размислувам за операција