Има безброј промени од книгата во филмот. Голем дел од крајот на книгата е променет, со кулминантната борба и погребот на Дамблдор целосно отстранети. Хејмен коментирал дека крајната битка е исфрлена за да се „(избегнат) репетиции“ со престоечката адаптација на Реликвиите на смртта. Погребот е отстранет бидејќи сметале дека не одговара со остатокот од филмот.[14] Уривањето на мостот на Нормалните кратко споменат во книгата служи како отворачка сцена во филмот.[15] Сцени од Дијагоналната уличка, со разурнување од Смртојадите и напад на Дувлото од Белатрикс Лестрејнџ и врколакот Фенрир Грејбек се додадени, како што може да се види во трејлерите. Сите но не и две сцени со сеќавањата, вклучувајќи го и тоа со Испиени се исфрлени. Само ретроспективи од Том Ридл во сиропиталиштето и разговорот на Ридл и Слагхорн за Хоркруксите, прикажани двапати, остануваат.[15] Јејтс вели дека тие донеле одлука да го смалат бројот на сеќавањата, но сепак „да имаат некои навистина добри“.[16] Во ликови кои се отфрлени спаѓаат Дарслиеви, Кричер, Доби, Бил и Флер, Руфус Скримџер, Корнелиус Фаџ и Премиерот на Нормалните. Како и да е, Квидичот[17], исклучен од минатиот филм, се враќа. Белатрикс Лестрејнџ исто така ќе учествува во борбата во астрономската кула, додека ја нема во книгата, видена на слика со Кауроеви и со Грејбек, славејќи ја смртта на Дамблдор. Во книгата, на Хогвортс Експрес, откако е парализиран и скриен под невидливата наметка од страна на Драко Малфој, Хари е спасен од Нимфадора Тонкс. Во филмот, Луна Лавгуд го спасува, користејќи ги своите Спектреспек очила за да го пронајде.