Хардвер вести

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Темава е за вести, а не за дискусии и дофрлања, иначе ке бришам. Ако ви се дискутира, ке отворите нова тема.

Секој може да постира вест.

Ако некоја вест е too good/bad to be true, арно ке биде и линк да се постави до веста.

Значи целта ми е да има тема во која што луѓето ке можат да читкаат блиц вести секој ден/втор/трет ден. Е сеа колку ке биде успешно зависи од сите нас.


Еве за почеток јас да ве предупредам за нешто:

ДДР2 рамот ке поскапи наредниот месец, така да купувајте евтини стикчиња дур можете. Некои фирми кај нас веќе ги качија за 100 денари, ама ке идат многу нагоре. Причина за ова е поскапувањето на мемориските чипови за 20-30%. Кога и АМД ке се пребаци на ДДР3, ке паднат цените на ДДР3ките, во моментов се 100-200 евра гигабајт.

Нвидиа нема да ги издаде 9ките овој месец туку летоска. Штедете пари. Во исто време ке излезат и R700ците на АТИ.

Wolfdale E8xxx 45nm пристигна и кај нас. Се клока ко луд. Да не праам реклама на фирми, нема да ви кажам кај го има.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
7,8 и 9 процесор по ред од горе се Quad процесори и пишува дека ке излезат таму накај Март во Април најкасно :wink:
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Интеловиот X48 чипсет ке излезе кон средината на март месец. Први што ке понудат плочи ке бидат Асус, Гигабајт и МСИ, кој ке има дури 4 х16ки, за правење спајдер машина. Кај нас се очекуваат накај април месец и би требало да бидат над 12 иљадарки.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Ново гејминг глувче од Razer.
Razer Salmosa.
Нема голема разлика од претходните модели на Разер, да речеме Deathadder... но сепак би тебало да има одредени подобрувања.
 
Член од
16 јануари 2008
Мислења
180
Поени од реакции
1
Intel 45nm quad-core конечно во продажба....
[FONT=&quot] има Q9300 45nm процесорот по цена од 299.99 долари. Овој процесор е дел од Yorkfield фамилијата кој работи на 2,5GHz 333MHz FSB x 7.5 множач со 6MB деллива L2 кеш меморија. [/FONT]
 
Член од
27 септември 2008
Мислења
375
Поени од реакции
24
Излезе новата серија графички картички од N-VIDIA ,поточно серијата GTX-200.Како најмоќен модел од оваа серија е моделот GTX-280,за кој од N-VIDIA тврдат дека перформансите се зголемени дури за 40-50% за разлика од претходните водечки графички картички од N-VIDIA.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Излезе новата серија графички картички од N-VIDIA ,поточно серијата GTX-200.Како најмоќен модел од оваа серија е моделот GTX-280,за кој од N-VIDIA тврдат дека перформансите се зголемени дури за 40-50% за разлика од претходните водечки графички картички од N-VIDIA.
Уште од поодамна излезе gtx-200 серијата. Не сум 100% сигурен али мислам дека 9800gtx x2 е појака од 280. Вчера поминував низ гтц и ја видов новата продавница на Сет и имаше 9800gtx+ i 260gtx и двете на Asus и цената и на двете им беше околу 17500 денари. Јас земав EVGA 9800gtx+ Superclocked за упола цена :)
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
За пола месец ке дојдат Нехалем(Core i7) и се очекува цените да им бидат 20000+денари само за процесор, а сето тоа повлекува X58 матична и минимум три плочки рам.
:nesvest:
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.237
Поени од реакции
30
За пола месец ке дојдат Нехалем(Core i7) и се очекува цените да им бидат 20000+денари само за процесор, а сето тоа повлекува X58 матична и минимум три плочки рам.
:nesvest:
Drugar ovie procesori ke ke mozat li da se stavat na maticna MSI P45 FSB 1600 OC Jumper LGA775
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Не, ќе ти треба X58 матична.
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.237
Поени од реакции
30
Нов вирус зарази милиони компјутери

Среда, 21.01.2009

Сигурносните компании предупредуваат на ширење на нов вирус кој до сега има заразено околу девет милиони компјутери и на корисниците им советуваат надградба на антивирусниот софтвер.

Од сигурносната компанија F-Secure предупредуваат на вирусот кој е познат под повеќе имиња - Conflicker, Kido, како и Downadup. Вирусот во компјутерот ја бара датотеката наречена "services.exe" со која се поврзува и потоа влегува подлабоко во системот менувајќи ги регистрите.
Повеќето заразени компјутери со вирусот кој се појавил уште во октомври се наоѓаат во Русија, Кина, Бразил и Индија, а од F-Secure велат дека кога еднаш вирусот ќе влезе во компјутерот, продолжува да симнува малициозни програми кои му нанесуваат штета.
Од Kaspersky Labs велат дека голем проблем импретставува и фактот што се издаваат нови варијанти на овој вирус, а последната од нив се појавила пред две недели. Microsoft издаде закрпа за овој вирус - MS08-067, која може да се симне од нивната страница.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Asus Marine Cool

На CeBIT кој ќе започне наредната недела многу компании ќе претстават голем број свои уникатни хардверски решенија. Она што пред почетокот на CeBIT ни падна во очи е новата плоча на ASUS, која компанијата планира да ја претстави токму таму.
Матичната плоча која би требало да се појави на CeBIT се вика Marine Cool, наменета е за Intel процесори и обилува со многу специфични дизајнерски решенија. Она што на прв поглед паѓа во очи кај оваа плоча се футористичките ладичници за ладење на чипсетот и регулаторите на напонот. Долниот дел на плочата, односно елементите на принтаната плоча се така поставени да наликуваат на стилот на ладилниците, што и дава дополнителна цврстина на целокупната конструкција.
ASUS-овата micro-porus ceramic технологија исто така дополнително помага за одведување на топлината. Поради големината на ладилниците, оваа плоча има само две лежишта за меморија и тоа од типот SO-DIMM, што би можело да биде голем проблем доколку некогаш оваа плоча започне со сериско производство. Моменталната лимитираност на фреквецијата на SO-DIMM модулите како и нивната помала оверклокерска моќ би била уште еден проблем со кој би требало да се соочат оверклокерите.
Освен оверклокот како главна намена, Marine Cool ќе се карактеризира со уште една многу уникатна можност. Имено на самата матична плоча се наоѓа литиум-полимерска батерија со враден UPS. Ова дополнително ја зголемува безбедноста и гарантира довршување на започнатата работа и при снемување на електрична енергија. Тука се и двата слота за PCI-Express графички картички, неколку прекинувачи и еден куп ситници кои се прилагодени за оверклокерите. Повеќе информации за Marine Cool очекуваме да се појават деновиве.

http://www.time.mk/?slot=327&cluster=124-r&forward=http://tehnologija.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1951&Itemid=2&size=1
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Нов процесор од AMD Phenom II 955 Black Edition
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Гласини на Computex

Сигурно сите ги набљудувате репортажите од Computex низ многуте интернет извори. Она што многу паѓа во очи е гласината за новиот хард диск на Western Digital.
Raptor на 20.000 вртежи се подготвува во лабораториите на Western Digital, како одговор на SSD (Solid State Drive) дисковите чија брзина веќе се искачи до 200 MB/sec, а притоа цената драматично им паѓа (се очекува оваа година да им падне за цели 30 проценти). Се поставува прашањето дали некогаш ќе се помислеше да се креира ваков хард диск да не излезеа SSD. Конкуренција е многу здрава работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom