Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Овој Флорентино изгледа мрази се живо во Реал Мадрид. Од тренери и фудбалери до чистачки. Аудио снимките се комедии.
Не е се до мразење!
Се има изнагледано и изнатрпено разни гадости. Да бидеш патерфамилиус на таков собир на егоа и карактери и плус да им одиш по ќејф, ради успех на клубот, не е лесна работа.
А со годините кочниците не држат толку, па излетал од така треба патот.
Не верувам дека има трошка лага во неговите изјави, само гола и грда вистина, која на нас ни се чини неприкладна.
Што мислите, да испадне ваков неофицијален лаф-муабет со Ферги, дека ќе биде попристоен? Јас мислам дека би бил уште побрутален.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.567
Поени од реакции
62.572
Што се бараат играчите кога се преговара за трансфер, може само да замислам што се се случува зад кулиси...
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Некако си мислам дека дури и да отиде Кејн во Шити, нема голема промена кај нив да се деси. Кејн е машина, ама и Пеп е тврда тиква! Ќе ја издоминираат ПЛ, скоро па стопосто. Е за ЛШ, куј знеа, таму некогаш нијанси одлучуваат! Кејн е убиец, ама затоа Стерлинг дели поклони во вид на утки колку сакаш! Де Брујне некако губи на свежина, уште зависи како ќе пазаруваат во средина и одбрана, а ќе пазаруваат сигурно!
На почеток ме плашеше дека неговото одење таму дека ПЛ ќе биде неинтересна, ама посакувам Јунајтед да направи добар пазар, Лузерпул да го заобиколат повредите и да им се врати ВВД, Челзи да продолжи како на крајот( ама упорно и Вернер да го играат :ROFLMAO: ), па да гледаме успешна сезона! Штета што Арсенал застранија со политиката на држење на Артета, за кокошките ако им отиде Кејн не знам што да мислам!
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.860
Поени од реакции
7.702

Се у курац заминато е
Дај нека си гледаат хокеј ако не му е интересен фудбалот и нека не измислуваат топла вода.

Ова со жолтиве картони ќе донеси само дополнителни тепачки и уште повеќе полемики дали судијата погрешил или не.

Неограничените замени само го уништуваат темпото и синхринизираноста на тимот.

Ако се дозволи секој аут да биде изведен со нога, ќе нема фудбал и постојано ќе има застој каде дефанзифците ќе одат во напад.

Моментално активно играње фудбал е околу 25 мин полувреме, што сакаат да почни еден натпревар во 20:00 и да заврши во 23:30??
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Не знам кој будала ова го има предложено, а искрено не верувам дека има некој уште побудала да го прифати. Од сите наведени, единствено би ставил некои шанси да се спроведи е аут со нога, за кој се вергла веќе доста години уназад. Останатото е лудост од невидени размери. Според мене се ќе остани само на овие тест натпревари.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
5 мин. пауза за жолт е добра идеја, ама ова со стопирање време на секој прекин е дно.
Има правила кои треба да се променат пошто важечкиве се донесени пред 150 години во Англија.
Пример, наголемување на стативите за пола метар ширина и 25цм висина. Во времето кога ширината на голот бил осум јарди биле времиња кога голманите биле 30-40цм пониски од денес, за физичката спрема да не правиме муабет.
Со тоа би се наголемила ефикасност, а фудбалот пред и над се е игра за голови.
 
Нема потреба ништо да се менува, се си е на место. Единствено би можело замените да останат на 5 и понатаму за стално. Се останато е навлегување и мешање со други спортови.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Нема потреба ништо да се менува, се си е на место. Единствено би можело замените да останат на 5 и понатаму за стално. Се останато е навлегување и мешање со други спортови.
Секогаш има простор за промени, правилата од 1863 не се запишани во камен. Порано немало измени воопшто, немало жолти картони, офсајдот бил поинаков...промени кои би довеле до поголема ефикасност и атракција би биле добродојдени.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Секогаш има простор за промени, правилата од 1863 не се запишани во камен. Порано немало измени воопшто, немало жолти картони, офсајдот бил поинаков...промени кои би довеле до поголема ефикасност и атракција би биле добродојдени.
Ништо од горенаведеното нема да донесе поголема атракција, само ќе го унакази фудбалот. Си гледам ракомет и кошарка кога сакам огномет од голови/поени.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Ништо од горенаведеното нема да донесе поголема атракција, само ќе го унакази фудбалот. Си гледам ракомет и кошарка кога сакам огномет од голови/поени.
Исклучување на 5 мин. за жолт би придонело за помалку фаули, и онака жолтиот нема некое значење денес. Другите промени кои се споменати се дно, можеби аут со нога би било ок, но тоа не значи дека нема простор за измени, правилата мора да еволуираат заедно со времето, како што споменав околу стативите.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.260
Поени од реакции
7.263
Како тоа жолтиот нема значење, а играч е суспендиран еден натпревар на секој 5 жолти картони? Ова е бааги битно во купови во нокаут дел.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Како тоа жолтиот нема значење, а играч е суспендиран еден натпревар на секој 5 жолти картони? Ова е бааги битно во купови во нокаут дел.
Со 5 мин. пауза жолтиот ќе има значење во самиот меч а не само како можност во најава (втор жолт, петти жолт за пауза).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom