Johnny B
Misogynist, racist, anti woke
- Член од
- 15 февруари 2010
- Мислења
- 11.782
- Поени од реакции
- 12.114
Ужасна споредба.Замисли дека си фронт - енд Ангулар девелопер. Земаш одлична плата за македонски стандарди од некои си 1800 еур, со можност да одиш нагоре и да напредуваш во твојата компанија, те тапшаат по рамо дека те гледаат како иден тим лидер.
Од друга страна гледаш како индустријата е во страшна криза и компании што биле стабилни до вчера пропаѓаат, колега твој кој бил солиден девелопер му е врачен отказ преку ноќ и со месеци бара работа.
Иако си млад полека губиш и мотивација за да учиш нови технологии и фрејмворци кои ќе се бараат во иднина. Не сакаш да се замараш да учиш бекенд за да ти се прошири кругот и да станеш фул стак, па да имаш можност за повеќе работа и повисока плата.
Платата е одлична, ама имаш годишно покачување од 200 еур што инфлацијата го топи како јануарски снег што се топи во Скопје.
Гледаш како цените околу тебе растат и таа плата, иако е добра, сфаќаш дека долгорочно и не е баш најдобра за да успее да ти покрие одличен живот. Веќе не можеш да си приуштиш по 5 одмори годишно, оти кредитот за станот во Тафталиџе те стиска. Од друга страна веќе нејќеш да возиш Ауди А5 од 2012, туку сакаш да се подновиш со нешто ново, модерно од 2025.
Во меѓувреме го гледаш колегата твој што заминал пред една година и закачил некој добар фриленс клиент од САД како ужива во Шпанија и зима 3 пати повисока плата. Сфаќаш дека ти си заебаниот во случајов што си уште тука.
Еден ден ти пишува некоја Надја Шерехтовскаја од Абу Даби на Линкедин дека имаат отворена позиција кај нив и ти нуди 6 пати повисока плата од таа што ја заработуваш, бесплатен стан, бесплатна кола, многу други поволности како скратено работно време, хибридно (кога сакаш одиш во офис, кога сакаш не), Петок ти е буквално слободен ден.
Нема токсични менаџери да ти се дерат над глава и да те притискаат да работиш прекувремено, нема стрес, нема бркање рокови.
Што ќе правиш?
Никако не се научивте дека овие работи не се споредуваат