Ајде вака, како прост северџан, ќе се обидам во една реченица.
Друже, вие буквално ГО ИЗДАВАТЕ СТАДИОНОТ ЗА СВАДБИ, КРШТЕВКИ И СУНЕТИ, ПО ПОВОЛНА ЦЕНА.
Било кој оштур со полу-програмерска плата, за еден месец може да дојде на Ноу Камп, да се изнаигра чочеци, да се изнајаде пирошки и лошо телешко со уште полош сос, да изврши голема нужда во тоалетот каде што тоа го правел Лео Меси и да се врати во Ташмаруништа. Притоа, да тркне до Лорет де Мар и да се избања чесно во тоа убавата вода и на тоа убавите плажи.
Во кој свет вие живеете, Господе Господе.