Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Јас бев да замине пред да го објави тоа, ти ми викаш не сум спиел заради него :icon_lol: со тоа што бара фри да си оди ми оди на нерви, мора да се наплати или да седи на трибини во спротивно:toe:
Како сега не е океј тој на фрии да си иди, ама Суарез треба да се откажи од останатите пари од договорт?
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Не правиме муабет за кловнот Пике или спориот Бускетс него збориме за едниот од двајцата гоат во фудбалот - МЕСИ, знаеш кога ќе седи он на трибини, така?
Кој сака нека е, ако покаже непочитување кон клубот и одбие да тренира, фино лепо го ставаш на трибини. Никој не треба да е поголем од клубот.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.515
Поени од реакции
18.781
Јас бев да замине пред да го објави тоа, ти ми викаш не сум спиел заради него :icon_lol: со тоа што бара фри да си оди ми оди на нерви, мора да се наплати или да седи на трибини во спротивно:toe:
Епа тоа е најјако го губиш играчот кој го бара цел свет, најдобриот играч на сите времиња за без пари.
Арно викаат сите играчи се колнат во клубот во кој играат како биле заљубени и не знам шо се дури не дојди мала криза.Друга работа е шо кешот е на прво место.
Преку бурофакс бе им соопшти дека ќе бега, им се помоча на клубот, како викаше на секое Меси, "мас ке ун клуб" тешко лигле испадна.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Не правиме муабет за кловнот Пике или спориот Бускетс него збориме за едниот од двајцата гоат во фудбалот - МЕСИ, знаеш кога ќе седи он на трибини, така?
кога ќе отиде во пензија грмехехехехехе
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.515
Поени од реакции
18.781
Не правиме муабет за кловнот Пике или спориот Бускетс него збориме за едниот од двајцата гоат во фудбалот - МЕСИ, знаеш кога ќе седи он на трибини, така?
Верувај ниту Бускетс и Пиќе би ги седнале на трибини а камоли Меси. :)
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Како сега не е океј тој на фрии да си иди, ама Суарез треба да се откажи од останатите пари од договорт?
Не сум јас во управа, мое мислење е дека и тој требаше да биде продаден, очигледно одбиваше и раскин на договорот е единствен начин. Тоа покажува колку тие мислат добро на клубот, ама со зборови само.
Автоматски споено мислење:

Епа тоа е најјако го губиш играчот кој го бара цел свет, најдобриот играч на сите времиња за без пари.
Арно викаат сите играчи се колнат во клубот во кој играат како биле заљубени и не знам шо се дури не дојди мала криза.Друга работа е шо кешот е на прво место.
Преку бурофакс бе им соопшти дека ќе бега, им се помоча на клубот, како викаше на секое Меси, "мас ке ун клуб" тешко лигле испадна.
Ако бега во Аргентина може да си оди без пари, тука нема проблем. Ама капетан да бега од еден брод кој почна да се навалува за да оди на друг постабилен, еби му матер на таков капетан.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Ако си даде Бартоломеј оставка на крај и замине он а Меси и Суарез останат, ондак ќе треба дефинитивно мотото да си го преправат во Messi que un club, пошто дефинитивно ќе испанде поголем од клубот, не дека сега не е, милион пати вака ги уцени да му удоволат све. :rolleyes:
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Кој одбил да тренира ?
Ако одбие, а се пишува дека нема да се појави на 31 август кога почнуваат припремите.

Пишав за ова во фан клуб, ако се деси тоа, јас престанувам да ја подржувам Барса додека не заминат тие.
 
Хмм, вака сега за случајот на Меси ако испадни дека стварни постои во клаузулата дека можи да си замини фри пред јуни ама во случај на пандемија да можи тој договор да се поништи, те да се пролонгира датумот тогаш вашите ништо не можат да направат, и законски тој ќе си го напушти клубот за без пари.
Е сега тоа што си заминува знаеме поради кои причини и тоа што ги известил преку бурофакс е стварно некоректно од негова страна.
Ама пак од управа и голем дел од навивачите не сте реални, од една страна викате дека не било фер спрема клубот така Меси да направи а од друга страна викате Суарез и останати флегми да се откажат од парите и да си заминат од клубот без оштета.
Значи така ако гледаме не е фер ни спрема Суарез, така ?
Никој не ги фати за врат кога му продолжуваа договори по 5 години а ги гледаа дека се испукани пушки ( Бускетс, Алба, Пиќе па и Суарез) сега на еднаш не рачунаме на вас ако го сакате клубот одете си.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Ако одбие, а се пишува дека нема да се појави на 31 август кога почнуваат припремите.

Пишав за ова во фан клуб, ако се деси тоа, јас престанувам да ја подржувам Барса додека не заминат тие.
Значи горе доле, ќе мењаш клуб за брзо време :D

Туку си пишал ти уназад или можда друг беше, не е до парите и слично, како прифатиле 70% pay cut.
Вие знаете подобро, ама нели увек ве оставаше до последна година од договорите како еден вид притисок за да лапа се поголема и поголема плата, нели и таткому е голем лакомџија праеше некои далавери и со даноците у Аргенитина и Шпанија.
Сеа одеднаш ќе прифати и следнава сезона 70% помалце пари а, незнам баш за тоа... а пак си знае Сити или ПСЖ за нафта, пари и плати немаат зима :)
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
На Манчестер Сити секако најголемиот проблем минатата сезона, а и оние пред неа, беше недостатокот на креација и ефикасност. Сега со Меси ќе добијат еден тон голови и асистенции и конечно ќе можат да освојат Лига на Шампиони, Премиер Лига, Лига Куп и ФА Куп. Тоа што ги спречуваше сите сезони да го победат Лион, или да го победат Норич на домашен терен, сега ќе биде отстрането.

Искрено, мислам дека нема потреба да се игра следната сезона, бидејќи Меси ќе даде 50 гола како од шала, кога може еден 33 годишен Варди, пих.

Немојте да ме сфатите погрешно, Лео Меси е Лео Меси. Залудно е да зборуваме за каква големина се работи. Неговото заминување од Барселона е спортска вест за 2020 година. И не само за 2020, заминувањето од Барселона е историски момент, навистина. Но да не заборавиме уште нешто. Да не се однесуваме како да ги преспавме последните три години во светскиот фудбал.

Меси трансферот во Сити би го направил на 33 години. Неколкуте години позади нас во Барселона, му беа целосно подредени нему и на неговата игра. Не дека Меси бил претерано ангажиран и тимски играч во минатото и дека ќе проследел десен бек од противничка половина до својата. Не, ниту пак имало потреба. Ама Меси во Барселона овие години буквално стоеше на 30 метри од гол и ја чекаше својата шанса. Тој самиот го смени начинот на игра, затоа што знаеше дека телото лека полека го издава. Сепак, не е Роналдо. Меси не е, ниту бил работа.

Меси е чист талент. Чекаше прекини, чекаше клучен пас, ги разигруваше тие околу себе. Ваквата физичка состојба пред сѐ, најдобро беше манифестирана во Лигата на Шампионите. На сите важни натпревари од Рома до Баерн, Меси не постоеше. Да, опкружен беше со просечни фудбалери, да на чело на Барселона беа изгубени тренери. Само порано на Меси не му беа потребни ниту јаки соиграчи, ниту ништо. Решаваше тоа што тој сакаше да реши. Кого сака и како сака. Денес тоа не е случај.

Е сега, Меси на 33 годишна возраст доаѓа во поприлично натпреварувачка лига. Односно, најнатпреварувачката лига во светот. Најконкурентата. Лига која бара трчање, лига во која се игра поприлично остро, лига во која нема фаворити. Доаѓа во земја со друга култура (особено за него знаеме колку би било тоа проблем), различен фудбал, различен тим. Во Сити играта не е конципирана врз еден или двајца играчи. Сити е колектив каде што секој играч си има своја задача и секој играч апсолутно мора да контрибуира во двата правци. Кога Пеп прави пресинг лудачки на противничка половина, прави со девет играчи. Двајца плус Едерсон стојат позади за да спречат евентуална контра. Не знам како тоа ќе биде изводливо со Меси во екипата, особено ако го земеме предвид фактот што Меси во последните три-четири години има истрчано вкупно 50 километри (секако карикирам, да не запне некој).

Уште еднаш, огромно засилување би бил за Манчестер Сити. Огромно.
Ќе дава и голови, ќе асистира, не е спорно. Само, не е тоа толку едноставно и просто и не е „Меси во Сити, ај да видиме дали ќе ги победи некој“. Не го прави тоа Сити апсолутен фаворит. Сакам да кажам, не е Меси засилувањето на 33 години кое буквално може да „пресече“ и на грб да однесе сѐ) занемарувајќи ги останатите екипи и околности во Премиер Лига.

Мене во глобала фаворит за освојување на титула во Премиер Лига ми бил оној кој е актуелен шампион и кој ја брани титулата. Останувам на тоа и сега. Ако го земат Тиаго и ако се доосвежат со уште еден-двајца играчи плус Цимикас, Ливерпул е број еден и за 2020/21. Нормално, не очекувам 20 поени разлика, ниту пак очекувам титула на Ливерпул од февруари. Ќе биде жестоко.
И да, заминувањето на Меси од Барселона е добра работа за двете страни во перспектива. Особено за Барселона. Начинот на кој го напушти клубот (каков и да е, со каква и да е управа и колку и да го мразам) е претерано љангарски и недостоен.
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Ако си даде Бартоломеј оставка на крај и замине он а Меси и Суарез останат, ондак ќе треба дефинитивно мотото да си го преправат во Messi que un club, пошто дефинитивно ќе испанде поголем од клубот, не дека сега не е, милион пати вака ги уцени да му удоволат све. :rolleyes:
Камо среќа тоа да се случи, ама нема шанси. Тек тогаш ќе биде уште поголема легенда од сеа, покрај се што им донесе ко играч на фановите, ќе им донесе нова радост, бркање на Барто.

Иначе стварно не глеам ништо лошо во тој потег? Недоразбирања со управата. Или нека си одат, или си одам? Што е поисправно од тоа? Ќе останам и ќе се понижуваме на терен за фотељата на Барто?
Ни прв ни последен со ваков услов.
Башка што потегот му е поддржан и од сегашниве играчи, и од легендите, и од навивачите, уште поголема тежина добива со тоа.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Значи горе доле, ќе мењаш клуб за брзо време :D

Туку си пишал ти уназад или можда друг беше, не е до парите и слично, како прифатиле 70% pay cut.
Вие знаете подобро, ама нели увек ве оставаше до последна година од договорите како еден вид притисок за да лапа се поголема и поголема плата, нели и таткому е голем лакомџија праеше некои далавери и со даноците у Аргенитина и Шпанија.
Сеа одеднаш ќе прифати и следнава сезона 70% помалце пари а, незнам баш за тоа... а пак си знае Сити или ПСЖ за нафта, пари и плати немаат зима :)
Не сум јас Стефи па да менувам клубови, опозиција ќе сум на владата :D

Парите не се причина за неговоро заминување, 50 ги лапа годишно нето, тоа во Шпанија бруто е над 100 милиони, секоја година клубот да дава, не е мала работа. По еден Санчо секоја година. Ама мислам дека ќе му дадеа и повеќе за да остане. Причината е Суарез и можеби тоа што го донесоа Куман, а тој не е баш кукла како претходните да му кажуваш кој ќе игра и како ќе се игра.
Автоматски споено мислење:

Камо среќа тоа да се случи, ама нема шанси. Тек тогаш ќе биде уште поголема легенда од сеа, покрај се што им донесе ко играч на фановите, ќе им донесе нова радост, бркање на Барто.

Иначе стварно не глеам ништо лошо во тој потег? Недоразбирања со управата. Или нека си одат, или си одам? Што е поисправно од тоа? Ќе останам и ќе се понижуваме на терен за фотељата на Барто?
Ни прв ни последен со ваков услов.
Башка што потегот му е поддржан и од сегашниве играчи, и од легендите, и од навивачите, уште поголема тежина добива со тоа.
Не ми одговори и во фан клубот, Бартомеу заминува во март, како може тој да е причина сега, а не беше досега? Значи неколку месеци се во прашање и толку ќе биде од оваа управа, не е логично ни реално сега да си оди заради Бартомеу.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom