Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Оној Зијех ќе им биде тежок флоп, во најмала рака тешко дека ќе напредува и ќе ги оправда парите дадени за него.
Ima nekoja posebna pricina za toa ili onaka, random napucavas?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.158
Поени од реакции
19.557
Барем голман и стопер нека купеа по 100+ милиони и таман да заокружат 500 милиони. Како на времето кога стануваа клуб
Е аман де, банирани беа претходните трансфер рока, нормално е сега да се расфрлат.
Со Џиру шо бидна, кај ќе продолжи батецот ?
 
M

Macedon1um

Гостин
Оној Зијех ќе им биде тежок флоп, во најмала рака тешко дека ќе напредува и ќе ги оправда парите дадени за него.
Јас пак обратно мислам, секој милион ќе им се исплати за Зијеч. Ги има сите предиспозиции да стане топ фудбалер
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.957
Во време на корона криза пола милијарда акнаа :icon_mrgr: овие другиве што немаат тајкуни и нафташи трошки не можат да купат, ццц, пластикааааа :kezec::kafence:
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
476
Поени од реакции
413
Јас пак имам спротивно мислење, мислам дека Зијех најдобро ќе се снајде во Челзи.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.760
Поени од реакции
52.731
Јас пак обратно мислам, секој милион ќе им се исплати за Зијеч. Ги има сите предиспозиции да стане топ фудбалер
27 години има и е веќе изграден фудбалер, нема што допрва да се докажува :D
Треба само да го задржи нивото на кое што игра во Ајакс последниве сезони, посебно во ЛШ.
Во време на корона криза пола милијарда акнаа :icon_mrgr: овие другиве што немаат тајкуни и нафташи трошки не можат да купат, ццц, пластикааааа :kezec::kafence:
220 :icon_mrgr:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.158
Поени од реакции
19.557
Во време на корона криза пола милијарда акнаа :icon_mrgr: овие другиве што немаат тајкуни и нафташи трошки не можат да купат, ццц, пластикааааа :kezec::kafence:
Од кај пола милијарда ?
Засега Зијек и Вернер ги коштаа 90 милиони, и уште 130 нека ги коштаат Хавертц и Чилвел 220 милиони вкупно, 70 зедоја од продажбата на Мората и Пашалич.
 
M

Macedon1um

Гостин
27 години има и е веќе изграден фудбалер, нема што допрва да се докажува :D
Треба само да го задржи нивото на кое што игра во Ајакс последниве сезони, посебно во ЛШ.
Баш сега треба да се докажува и ќе има мотив за тоа, прв посериозен тим и тоа ПЛ а не мртвана Ердивизија
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.935
Поени од реакции
8.833
Ima nekoja posebna pricina za toa ili onaka, random napucavas?
Немам посебна причина, али од како што го знам секогаш си викав дека е превара од играч и дека секој појак клуб што ќе го купи ќе се зезне. Едноставно мислам дека тимот и лигата му се погодени, па ете доаѓа до израз. За предиспозиции @Macedon1um не сметам дека ги има сите предиспозиции, многу ми изгледа ситен и некако лежерен, не ми изгледа некој што трча многу. А и специфична игра има, не е класично крило, не е екстремно брз, а вака ситен изгледа да игра АМ во формација 4231. Конкретно во Челзи, доколку овој од Леверкузен потпише, Зијех уште толку од него нема да дојде до израз. Овој Хаверц ќе игра во средина, ќе сака да проигрува со крила, а Зијех не е таков да се втрча од крило и да прими долга топка во празно, тој од крило кога ја прими сака да проигра, да додаде во празно или да нафрли. Сличен ми е некако со Озил, дури сеоски Озил, како што Озил се "снајде" во Англија, овој мислам дека ќе има уште послаб учинок.


Не мора да ми се нафрлат одма фанови на Челзи, немам јас ништо против нивниот клуб или пак играчот, тоа е мое мислење и не значи дека ќе испадне точно, не тврдам ништо, само давам мои претпоставки :)
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Ептен е себичен Зијех, за брзо време мислам ќе грее клупа во Челзи.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Реално најголема шпанса за успех во Челзи од новите играчи има Вернер, ако се земе во предвид дека конкуренција во нападот му се Абрахам и Жиру.

Добро, само јас не сум импресиониран од трансферите на Челзи?
Автоматски споено мислење:

Е добро де на нив и така и така им треба само Санчо, не се брзаат, плус Ставро рече дека следната сезона у Манчестер десно крило ќе игра Санчо, така да треба да се верува на ова што го кажуваат фановите на МанЈун познати по своите објективни ставови.
Па нормално дека Санчо ќе игра десно крило во Јунајтед, and you can quote me on that.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.611
Поени од реакции
59.416
Ептен е себичен Зијех, за брзо време мислам ќе грее клупа во Челзи.
Го немам гледано редовно (Холандска воопшто и не пратам), но од тоа што го имам гледано во ЛШ ми нема оставено таков впечаток. А и висок број на асистенции има.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Во Премиер Лига екипи од дното на табелата трошат повеќе од 100 милиони и никој од нив не очекува да се борат за Европа Лига, или барем да бидат зацементирани на средината на табелата и безбедни.

Астон Вила потроши вреќа пари минатото лето и до последно коло опстанокот им беше неизвесен. И сите беа океј со тоа.
Па гледам по некој фан на Јунајтед ,,да, да, мора да се борат за титула на таа потрошена пара“. Мора, ама и не мора. Трошел и некој друг големи пари за еден единствен играч, ама тогаш не паметам дека некој создаваше притисок и ваков императив.

Со 250 милиони евра потрошени во еден трансфер период (можеби ќе биде и повеќе), во други лиги на светот дефинитивно мораш да се бориш за титула (иако треба да го дефинираме и ова борба за титула). Интер потроши денар повеќе и „за малку“ ќе освоеше Скудето. Во Премиер Лига, не е така едноставно. Прво, затоа што имаш веќе две склопени машинерии кои не само како колективи се тип-топ и воспоставија навика на победување, туку исто така можат финансиски да се носат и со тебе и со сите останати во друштвото.
А друго, време е потребно, на „Фудбал Менаџер“ не функционираат работите како од бајка од старт, не па во реалноста.
Секогаш ќе го наведувам Клоп и Ливерпул и колку време беше потребно за да освои она што го освои и да го направи Ливерпул екипа која „треба да биде поразена“.

„Ама Клоп не потроши 250 во едно лето’’, точно. Не потроши, ги подели во неколку трансфер прозорци. Челзи не ги подели, затоа што имаше трансфер бан и не беше во можност.

Но, но...
Од друга страна, со овие засилувања плус основата од минатата сезона, Челзи не смее веќе да се брука со Борнмути, Саутемптони, Фулами и слично, особено не на домашен терен. Тие екипи ќе мора често да се победуваат. Од Челзи исто ќе се очекува и извесна стабилност, а не распаѓање поради „не знам кои причини“ во текот на натпреварот. Прво полувреме играле добро, второ полувреме почнува и примаат три голови од Давид Трезеге фазон. На тоа Лампард треба да заборави.

И последно, Челзи со овие засилувања (а и без нив додуша) не смее барем теоретски да биде отпишан од борбата за самиот врв во октомври. Петнаесет бодови разлика помеѓу Ливерпул/Сити и Челзи до октомври/ноември е недозволиво. Челзи треба да им дише во врат, да не биде топовско месо во дерби, „да е тука“.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.935
Поени од реакции
8.833
Многу работи ќе зависат од тактиката и формацијата на Лампарт. Вајда човекот си замислил во 4231, тројката позади шпицот да му се играчи од сличен калибар, само се чудам како ќе ги вклопи, сите се добри техничари, проигрувачи и асистенти, али никој од нив не е некој си тркач и фудбалер што ќе втрча во празно, што ќе удри шпринт и слично. А покрај Вернер во тројката позади него треба да има некој тркач некоја радалица, Вернер нема да биде доволен, мислам дека ќе се гушат, али останува да видиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom