Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
16 ноември 2007
Мислења
303
Поени од реакции
364
Де Лихт беше поврзуван со речиси сите појаки клубови Јуве,ПСЖ,Барса а и Јунајтед беа заинтересирани ама изглеа заборавија фановиве на Јунајтед. Им требало проверено решение,зашто го бараа непроверениот Де Лихт тогаш?

Не се сеќавам дека Мегваер го барале овие клубови освен Јунајтед,бар малце објективност не е на одмет.
Де Лихт одбираше каде ќе игра, а имаше понуди на тацна од Барса, Јуве, Јунајтед, ПСЖ... Ептен беа напалени ѓаолите, го потекоа Фабрицио Романо и останатите со секојдневни прашања за него, па еден кловн кој не беше ни новинар ги лажеше дека готово доаѓа во Јунајтед, имајте усул малце, не беше пред сто години. Како сега јас да речам дека не го сакавме во Барса, нонсенс.
Се тоа беше медиумско пумпање. Навивачите да, беа загреани. Прокопајте малце, ќе ги најдете официјалните ставови на скаутите од Јунајтед.
 

Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
32.234
Поени од реакции
45.747
Во кој од топ 4 екипите моментално не би играл Мегваер како CB? За мене, има 2-ца подобри CB од него моментално во ПЛ, Лапорт и ван дајк, кој најверојатно ке земе POTY.
Во одбраните на Арсенал, Челзи, Тотенхем би играле и Аке, Луис Данк, Рајс и други од екипите што се борат за опстанок, тоа сакам да кажам.
Во Ливерпул не би играл според мене затоа што ВВД и Гомез имаат супер партнерство. Можеби не е Гомез во моментов подобар играч, ама повеќе си одговараат како дуо со ВВД. Со Мегваер некако не ми одат заедно.

Да потенцирам дека грешката на форумов е што кога и да се споредуваат двајца играчи, тој што не го преферираш автоматски значи дека е лош. Што е далеку од вистината. Мегваер е доста добар дефанзивец. Веројатно и е трет најдобар, што за мене доста збори и за квалитетот на дефанзивците во ПЛ моментално. Дали би го земал во Челзи моментално? Да. Ама тоа не кажува многу. Ме нема нешто посебно импресионирано.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
1.961
Поени од реакции
2.882
Добар е Кулибали, ама не е бог да не претеруваме! Не е царот на оптималните решенија, умее да утупи! Треба да го земе некој премиерлигаш па да видиме од што штоф е направен, вака со Инсиње кога стојат, страшен изгледа :D
Дека Мегваер е подобро решение за Јунајтед, подобро е ама факт е дека му треба саглам партнер. Не мора да е светска класа, дури и некој како Еванс би вршел работа, пошто на овој ќе лежи одговорноста!
Ван Дајк! Не е безгрешен, има малку пеерски пристап у одбрана, ама сега кога Ливерпул изгази во ПЛ, никој нема да му бара слабости во игра. Па и да бара, се е на ниво на маргинални одлуки во момент! Човекот се уклопи во филозофијата на Клоп, за сите пари:toe:
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.174
Поени од реакции
7.408
Стаповгрин беше глуп, ама со новиов профил оглупаел ко дарко уфо.
Многу интересен социолошки момент е кога ќе добиеш хејт од некој за кого не знаеш дека постои на форумот. Се обидувам да се сетам дали некогаш сум те зашутирал по форумот, ама не можам никако.
 

Peja989

Супер модератор
Член од
22 јули 2010
Мислења
31.923
Поени од реакции
80.116
Можеби не е Гомез во моментов подобар играч, ама повеќе си одговараат како дуо со ВВД.
Толку добро се имаат услогласено со ВВД (и приватно се многу добри другари, што веројатно игра улога) и еве ти статистика, за да ти го поткрепам муабетов. Ќе додадам дека ова е од пред некој месец (пред короната) и после ова ја изгубија утакмицата од Сити на која што стартуваше.

 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.174
Поени од реакции
7.408
Толку добро се имаат услогласено со ВВД (и приватно се многу добри другари, што веројатно игра улога) и еве ти статистика, за да ти го поткрепам муабетов. Ќе додадам дека ова е од пред некој месец (пред короната) и после ова ја изгубија утакмицата од Сити на која што стартуваше.

Договорија партнерство за да му ја упропастат кариерата на мојот човек Ловрен. :(
 

Peja989

Супер модератор
Член од
22 јули 2010
Мислења
31.923
Поени од реакции
80.116
Договорија партнерство за да му ја упропастат кариерата на мојот човек Ловрен. :(
Жена му му ја упропасти кариерата кога го вараше со градинарот :D
 

Peja989

Супер модератор
Член од
22 јули 2010
Мислења
31.923
Поени од реакции
80.116
Само Гомез нека се подосвести од она што му го направи Стерлинг прошлата недела и се ќе биде ок. Hehe
Ваљда нема да треба да чекаме ко вие со Шкринар, Гринвуд кога го прекрши па еве го скоро година дена не може да се опраи.

Do sistemot na kohohohohonte ehehehehe
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.174
Поени од реакции
7.408
Гледам сега Аке го поврзуваат со трансфер во Манчестер. Јас лично не сум го прател играчот, се сеќавам @Донев го фалеше кога беше под договор со Челзи па јас по дифолт претпоставив дека не го бива.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
1.302
Поени од реакции
1.612
Megvaer e i prv bek na Anglija, ama izgleda i toa e nebitno. Vo sekoj sostav od top pet ligi bi bil vo startna postava, osven mozebii kaj Real Madrid.
Баерн, Барса, Јуве, Интер, Ливерпул, ПСЖ, Атлетико Мадрид...

Далеку од лош бек е. Но како него бекови има многу. Човекот е добар стартер, добар за зонска игра, одличен во воздух итн. Но не е ништо посебно дај не претерувајте.
Можеби кај Реал не би играл ? Другар Рамос и Варан у реал ретко кој би можел моментално да ги замени. Од друга страна ако глеаме, у Англија имаш доста добри дефанзивци, што се исто така просечни а и верувам дека ако им се даде шанса во екипа како Јунајтед ќе бидат може и подобри од Мегваер.
Зашто секој играч на Јунајтед сакате да го прецените тоа не сфаќам. Имајте малце самокритичност...


А колку се прати овде реално премиер лига јасно ми стана уште ланското лето кога се деградираше Лукаку на ниво на Ацо Стојков.
За Лукаку со кој и да праев муабет ме праеше будала. Од кога почна да игра за интер почнаа со муабети „селска лига“... А реално човекот беше една од по добрите 9ки во ПЛ...
Автоматски споено мислење:

Гледам сега Аке го поврзуваат со трансфер во Манчестер. Јас лично не сум го прател играчот, се сеќавам @Донев го фалеше кога беше под договор со Челзи па јас по дифолт претпоставив дека не го бива.
Не само под челзи, види во Бурнмоут како игра, човекот е одличен дефанзивец. Зависи Бурнмоут колку ќе побара за него...
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.174
Поени од реакции
7.408
Не само под челзи, види во Бурнмоут како игра, човекот е одличен дефанзивец. Зависи Бурнмоут колку ќе побара за него...
Ти дури не ми го цитираш постот во кој велам дека Магваер е најдобар дефанзивец те сметам за невреден за дискусија. Или цитирај таков пост, или извини се што пишуваш лаги.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
1.302
Поени од реакции
1.612
Ти дури не ми го цитираш постот во кој велам дека Магваер е најдобар дефанзивец те сметам за невреден за дискусија. Или цитирај таков пост, или извини се што пишуваш лаги.
Не планирам да листам по форум коментари и да барам каде што си пишувал :) Со точни зборови „најдобар“ не знам дали си го пишал но доста вакви ги има.
Не мора да дискутираме.

Мегваер е машина, ги игра СИТЕ натпревари во сезоната на Јунајтед, од европски купови до карабао купот, огромно присуство е во одбраната на Јунајтед. Со него Манчестер ја има четвртата одбарана во лигата. Не бил брз, па не е земен да се трка на 100 и 200 метри.
 
На врв Bottom