Де Лихт беше поврзуван со речиси сите појаки клубови Јуве,ПСЖ,Барса а и Јунајтед беа заинтересирани ама изглеа заборавија фановиве на Јунајтед. Им требало проверено решение,зашто го бараа непроверениот Де Лихт тогаш?
Не се сеќавам дека Мегваер го барале овие клубови освен Јунајтед,бар малце објективност не е на одмет.
Де Лихт одбираше каде ќе игра, а имаше понуди на тацна од Барса, Јуве, Јунајтед, ПСЖ... Ептен беа напалени ѓаолите, го потекоа Фабрицио Романо и останатите со секојдневни прашања за него, па еден кловн кој не беше ни новинар ги лажеше дека готово доаѓа во Јунајтед, имајте усул малце, не беше пред сто години. Како сега јас да речам дека не го сакавме во Барса, нонсенс.
Во кој од топ 4 екипите моментално не би играл Мегваер како CB? За мене, има 2-ца подобри CB од него моментално во ПЛ, Лапорт и ван дајк, кој најверојатно ке земе POTY.
Во одбраните на Арсенал, Челзи, Тотенхем би играле и Аке, Луис Данк, Рајс и други од екипите што се борат за опстанок, тоа сакам да кажам.
Во Ливерпул не би играл според мене затоа што ВВД и Гомез имаат супер партнерство. Можеби не е Гомез во моментов подобар играч, ама повеќе си одговараат како дуо со ВВД. Со Мегваер некако не ми одат заедно.
Да потенцирам дека грешката на форумов е што кога и да се споредуваат двајца играчи, тој што не го преферираш автоматски значи дека е лош. Што е далеку од вистината. Мегваер е доста добар дефанзивец. Веројатно и е трет најдобар, што за мене доста збори и за квалитетот на дефанзивците во ПЛ моментално. Дали би го земал во Челзи моментално? Да. Ама тоа не кажува многу. Ме нема нешто посебно импресионирано.
Добар е Кулибали, ама не е бог да не претеруваме! Не е царот на оптималните решенија, умее да утупи! Треба да го земе некој премиерлигаш па да видиме од што штоф е направен, вака со Инсиње кога стојат, страшен изгледа
Дека Мегваер е подобро решение за Јунајтед, подобро е ама факт е дека му треба саглам партнер. Не мора да е светска класа, дури и некој како Еванс би вршел работа, пошто на овој ќе лежи одговорноста!
Ван Дајк! Не е безгрешен, има малку пеерски пристап у одбрана, ама сега кога Ливерпул изгази во ПЛ, никој нема да му бара слабости во игра. Па и да бара, се е на ниво на маргинални одлуки во момент! Човекот се уклопи во филозофијата на Клоп, за сите пари
Многу интересен социолошки момент е кога ќе добиеш хејт од некој за кого не знаеш дека постои на форумот. Се обидувам да се сетам дали некогаш сум те зашутирал по форумот, ама не можам никако.
Толку добро се имаат услогласено со ВВД (и приватно се многу добри другари, што веројатно игра улога) и еве ти статистика, за да ти го поткрепам муабетов. Ќе додадам дека ова е од пред некој месец (пред короната) и после ова ја изгубија утакмицата од Сити на која што стартуваше.
Толку добро се имаат услогласено со ВВД (и приватно се многу добри другари, што веројатно игра улога) и еве ти статистика, за да ти го поткрепам муабетов. Ќе додадам дека ова е од пред некој месец (пред короната) и после ова ја изгубија утакмицата од Сити на која што стартуваше.
Гледам сега Аке го поврзуваат со трансфер во Манчестер. Јас лично не сум го прател играчот, се сеќавам @Донев го фалеше кога беше под договор со Челзи па јас по дифолт претпоставив дека не го бива.
Далеку од лош бек е. Но како него бекови има многу. Човекот е добар стартер, добар за зонска игра, одличен во воздух итн. Но не е ништо посебно дај не претерувајте.
Можеби кај Реал не би играл ? Другар Рамос и Варан у реал ретко кој би можел моментално да ги замени. Од друга страна ако глеаме, у Англија имаш доста добри дефанзивци, што се исто така просечни а и верувам дека ако им се даде шанса во екипа како Јунајтед ќе бидат може и подобри од Мегваер.
Зашто секој играч на Јунајтед сакате да го прецените тоа не сфаќам. Имајте малце самокритичност...
За Лукаку со кој и да праев муабет ме праеше будала. Од кога почна да игра за интер почнаа со муабети „селска лига“... А реално човекот беше една од по добрите 9ки во ПЛ...
Гледам сега Аке го поврзуваат со трансфер во Манчестер. Јас лично не сум го прател играчот, се сеќавам @Донев го фалеше кога беше под договор со Челзи па јас по дифолт претпоставив дека не го бива.
Ти дури не ми го цитираш постот во кој велам дека Магваер е најдобар дефанзивец те сметам за невреден за дискусија. Или цитирај таков пост, или извини се што пишуваш лаги.
Ти дури не ми го цитираш постот во кој велам дека Магваер е најдобар дефанзивец те сметам за невреден за дискусија. Или цитирај таков пост, или извини се што пишуваш лаги.
Не планирам да листам по форум коментари и да барам каде што си пишувал Со точни зборови „најдобар“ не знам дали си го пишал но доста вакви ги има.
Не мора да дискутираме.
Мегваер е машина, ги игра СИТЕ натпревари во сезоната на Јунајтед, од европски купови до карабао купот, огромно присуство е во одбраната на Јунајтед. Со него Манчестер ја има четвртата одбарана во лигата. Не бил брз, па не е земен да се трка на 100 и 200 метри.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.