Со ваква управа прашање на време е кога баерн ќе се распадне
Буквално незнаат кај тераат и главен виновник за целава ситуација е Ули Хенес. Човекот од легенда полека станува најомразен меѓу многу фанови на Баерн, стана сенилен со желба за моќ и не дозволува никој друг да одлучува во клубот. Поради тие причини не беше донесен Тухел или некој сличен тренер туку Ковач кој ќе биде yes man, истата ситуација е со Салихамиџич брука од спортски директор трета или четврта опција буквално го исмејаваат по германските форуми а Ули и Румениге го буткаат демек добар е а уствари нема никаква моќ у клубот чека на одлука од Хенес. Лам ги одби поради тие причини поради тоа што сакаше и место у управата да има глас за одлука исто и Еберл. Пуздер го направија Хенес на годишниот собир еден фан имаше говор каде што беше подржан од огромен број членови а Хенес ко диктатор не дозволува друго мислење.
Го утна возот баерн со продолжувањето на договорите на Рибери и Робен и повторно кривец е Хенес кој дури изјави дека за нив двајца дури би ризикувал и титула во БЛ демек морал да им ги продолжи договорите како некој знак на благодарност или незнам ти што. Робен барем се освести и изјави дека ќе се повлече после оваа сезона а Рибери се уште изиграва демек у топ форма сум ќе видиме човеков е толку себичен што би седел до 40 години и дури ќе јаде гомна ако биде сменет у 85 минута небаре секоја утакмица треба да ја игра до крај. Форсирање на Томас Милер дека е дете на Баерн иако незнае кај тера веќе долго време и Лев му текна го седна на клупа а у Баерн сеуште го играат.
Место да носат играчи полека година за година они продаваа играчи без да донесат никакви замени. Сеа најтрагично е што пак ќе треба да фрлат огромна пара доколку сакаат да се задржат во кремот на ЛШ.
Се на се какви утки од каков потенцијал на клубот со грешни потези сеа се доведени да "поправаат" со големи инвестиции и се поради Хенес и играчи ко Рибери,Робен,Милер,Мартинез... кој очигледно им е поминато времето и одамна требаше да бидат заменети а се оставени поради минати успеси на истите слично како и со Хенес. Никој не е вечен сите треба да знаат кога им е дојден крајот али очигледно не се сите како Лам,Алонсо или Швајни.