Фудбалски занимливости и факти

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
*Голманот на Манчестер Сити, Берт Траутман последните 15 минути од финалето на ФА Купот ги доиграл со скршен врат.

*Првите голови имале лента наместо пречка помеѓу стативите.

*Вини Џонс, кој влегол како замена во тимот Холивуд Јунајтед, бил исклучен по само 15 секунди.

*Еден лут навивач на Њукасл го ставил играчот на клубот Кирон Дајер на продажба на E-Bay.

*Во смрзнувачката зима во 1963 година, Блекпул ФК пробале да користат пламенофрлач за да го одмрзнат теренот.

*После победата во квалификациите за Светското Првенство против Боцвана, фудбалерите на Гвинеја беа наградени со парче земја и по два трактори.

*Се до 1970 година, европските натпревари кои ќе завршеле нерешено, победникот го добивале преку фрлање на паричка.

*Поради навиката на Вејн Руни да шутира топки во публиката по прекинот на играта, Евертон мораше да плати повеќе од 3 000 фунти. Кога премина во Манчестер Јунајтед, изненадувачки, ја остави оваа навика зад себе.

*ФИФА очекува помошните судии на еден натпревар да истрчаат околу 4 милји.

*Има само 1 клуб во Британија кој ја има буквата J во името, а тоа е St Johnstone FC.

*Пеналот бил воведен во игра во 1891 година, по предлог на Вилијам Крам од Каунти Армаг.

*Во натпревар помеѓу Вест Хем и Волверхемтон во 1970, голманот Боби Мур го онесвести судијата кога пробал да ја исфрли топката и го погодил во главата.

*Во Брегот на Слоновата Коска, постои пиво со име „Дидие Дрогба“.

*Штоперот на Вест Хем Антон Фердинанд за малце ќе се откажел од фудбал за да стане пејач.

*Ѕвездата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс одсекогаш бил голем навивач на Олдам ФК.

*При поднесување на апликација за кредитна картичка, на прашањето „Која е вашата улога во компанијата?“, играчот на Транмере Џејсон МекАтир напишал „десен бек“.

*Резервниот голман на Њукасл Стив Харпер има играно во Премиер Лигата, Чемпионшип дивизијата, Првата дивизија, Втората дивизија, Конференс дивизијата, во Северната лига, во Лигата на Шампионите и во УЕФА Купот.

*Питер Крауч носеше дрес со број 12 напред и број 21 на грбот на пријателскиот натпреват на Англија со Уругвај во март 2006.
 
THE_PIRAT

Avanti Formica atomica!
Член од
14 февруари 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
79

Многу интересни факти посебно болдираниве
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.113
Поени од реакции
57.525
Денис Бергкамп дознал на телетекст дека заминува во Арсенал.

"Секој ден ги прелистував спортските вести на телетекст и останав шокиран кога видов со големи букви дека пишува "Бергкамп е нов играч на Арсенал". Незнаев што се случува. Наредниот ден сфатив дека веќе се е договорено и дека заминувам во Лондон" - изјави Бергкамп
 
Kajgana Shop

На врв Bottom