*Голманот на Манчестер Сити, Берт Траутман последните 15 минути од финалето на ФА Купот ги доиграл со скршен врат.
*Првите голови имале лента наместо пречка помеѓу стативите.
*Вини Џонс, кој влегол како замена во тимот Холивуд Јунајтед, бил исклучен по само 15 секунди.
*Еден лут навивач на Њукасл го ставил играчот на клубот Кирон Дајер на продажба на E-Bay.
*Во смрзнувачката зима во 1963 година, Блекпул ФК пробале да користат пламенофрлач за да го одмрзнат теренот.
*После победата во квалификациите за Светското Првенство против Боцвана, фудбалерите на Гвинеја беа наградени со парче земја и по два трактори.
*Се до 1970 година, европските натпревари кои ќе завршеле нерешено, победникот го добивале преку фрлање на паричка.
*Поради навиката на Вејн Руни да шутира топки во публиката по прекинот на играта, Евертон мораше да плати повеќе од 3 000 фунти. Кога премина во Манчестер Јунајтед, изненадувачки, ја остави оваа навика зад себе.
*ФИФА очекува помошните судии на еден натпревар да истрчаат околу 4 милји.
*Има само 1 клуб во Британија кој ја има буквата J во името, а тоа е St Johnstone FC.
*Пеналот бил воведен во игра во 1891 година, по предлог на Вилијам Крам од Каунти Армаг.
*Во натпревар помеѓу Вест Хем и Волверхемтон во 1970, голманот Боби Мур го онесвести судијата кога пробал да ја исфрли топката и го погодил во главата.
*Во Брегот на Слоновата Коска, постои пиво со име „Дидие Дрогба“.
*Штоперот на Вест Хем Антон Фердинанд за малце ќе се откажел од фудбал за да стане пејач.
*Ѕвездата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс одсекогаш бил голем навивач на Олдам ФК.
*При поднесување на апликација за кредитна картичка, на прашањето „Која е вашата улога во компанијата?“, играчот на Транмере Џејсон МекАтир напишал „десен бек“.
*Резервниот голман на Њукасл Стив Харпер има играно во Премиер Лигата, Чемпионшип дивизијата, Првата дивизија, Втората дивизија, Конференс дивизијата, во Северната лига, во Лигата на Шампионите и во УЕФА Купот.
*Питер Крауч носеше дрес со број 12 напред и број 21 на грбот на пријателскиот натпреват на Англија со Уругвај во март 2006.