Кака игра одлично кога го гледа баба му
Најдобриот играч на европскиот првак Милан, Бразилецот Кака има свој верен навивач,а тоа е, верувале или не, неговата баба Соња Силвеира дос Сантос.
Кога таа е на трибините и го гледа во живо својот внук, Кака игра одлично и редовно постигнува голови.Така беше и во Вторникот, на гостувањето на Милан во Доњецк против домашниот Шахтјор каде што росоњерите го добија со убедливи 0-3.
Погодувате, Кака беше стрелец на еден гол, а асистираше и при еден од погодоците на Филипо Инзаги.
Многу сум задоволен од триумфот во Доњецк.Таму имав и посебна причина да одиграм најдобро што знам, затоа што на трибините беше и мојата баба.Таа е мој верен навивач и секогаш кога времето и здравјето тоа и го дозволуваат, доаѓа да ги гледам моите натпревари.Беше и на финалето на Лигата на шампионите минатата година во Атина. Таму не играв најдобро, но ми се исполни сонот, со Милан го освоив вредниот пехар во Лигата на шампионите вели Кака.
Бразилецот израснал со голема грижа на својата баба Соња Силвеира дос Сантос, која можеби е и главниот виновник што Кака денес е врвен фудбалер.
Таа на двегодишна возраст му ја подарила првата фудбалска топка.
Баба ми ми ја подари првата фудбалска топка. Јадев, пиев и спиев со неа. Едноставно не се одделував од таа топка. Дури и кога се излижа од многу шутирања, таа ми беше омилена. Се сеќавам како да е вчера-раскажува Кака.
Бабата на Кака живее во Бразил, но многу често е негов гостин во Милано, во луксузната вила на младиот фудбалер.
Можам повеќе да издржам без да ги видам моите родители и без брат ми, но не и без мојата баба. Затоа на секои три-четири месеци ја поканувам да дојде во Милано или, пак, му се радувам на секој повик за репрезентацијата на Бразил затоа што ке се сретнам со мојата мила бабичка открива најдобриот фудбалер на Милан.:wink:
Извадок од весникот Време.