------------------Буфон-----------------
--Рамос------Туре---Тери-----Занети---
-----------Есиен-------Де Роси---------
------------------Кака'------------------
---Меси---------------------------------
-----------------------------К. Роналдо-
-------------------Ето-------------------
Резерви: Цезар ; Фердинанд ; Ешли Кол ; Гатусо ; Џерард ; Анри ; Тоти.
Тренер: Жозе Мурињо.
Стадион: Камп Ноу
Ова за мене е најдобар состав во моментов. Подобар не може да биде.
Буфон = Најбоље голман за мене, неверојатни рефлекси.
Рамос = Може и по десно и централен бек. Знае да истрча напред да нафрли некоја топка, а знае и одлично да одигра со глава.
Туре = Туре е сеф. Покрај тоа, знае да отиде и напред, и одлично да изигра со глава. А некад знае и да изненади со одличен шут од далечина. Во одбрана реков, сеф.
Тери = И овој сеф во одбрана. Фокусиран на обраната, инаку за време на корнери оди напред, да ја искористи добрата игра со глава.
Занети = И покрај годините, човекот е ѕвер, и има уште добри сезона, две во неговите нозе. Неверојатна концентрација, речиси невозможно да загуби топка, а многу е добар и во офанзивните задачи.
Есиен = Деструктивец повеќе, ама одличен е и во офанзива. Може да игра на повеќе позиции, особено по десната страна. И има ѕверски шут. Еден од најдобрите играчи според мене.
Де Роси = И овој нешто слично на Есиен. Многу добар техничар, неверојатен во дефанзива, со одлични стартови. Тука му е добриот и силен шут, кој често го користи во офанзива. И знае да одигра како плејмејкер.
Кака' = Мозокот на тимот. Одличен шут, добри пасеви, неверојатно брзи продори по средината.
Меси = Луди дриблинзи, луди пасеви, луди шутеви. Лом прави по таа десна страна со само 20 години. Едноставно ѕвер!!!
К. Роналдо = Одличен дриблер, брз играч, со неверојатен шут и фудбалска вештина. И да не правиме муабет за техниката и за слободните удари.
Ето = Најбоље напаѓач според мене. Брз, со прецизен шут, едноставно тоа е напаѓач. Знае и да ја зачува топката, а знае и да одигра како гол играч.
Резервите:
Цезар = Фантастично брани сезонава. Но, Буфон си е Буфон.
Фердинанд = Карпа позади во одбраната. Има и одлична игра со глава.
Ешли Кол = Офанзивен крилен бек со голема брзина, и прецизни центаршутеви.
Гатусо = Ѕвер во дефанзива. Пргав играч, нема загубена топка за него. Борец на теренот.
Џерард = Плејмејкер со неверојатен шут, и со прецизни пасеви. И одличен во дефанзивата исто.
Анри = Елеганти потези, неверојатна контрола на топка, и одличен пласиран удар.
Тоти = Неверојатна контрола на топка, силен и прецизен шут, подава на невидено. Ѕвер!!!
Тренер:
Жозе Мурињо = Знае да препознае фудбалски талент, неверојатен мотиватор, за тактиките да не правам муабет. He is special.
Стадион:
Камп Ноу = Легендарниот стадион на Барса, кој може да собере и 100.000 љубители на фудбалот. Неверојатна атмосфера.