RickyLFC9
Модератор
- Член од
- 28 март 2012
- Мислења
- 19.565
- Поени од реакции
- 41.147
Како што Рада Манојлович за белградските сплавови вели "пуно ко Маракана", овојпат сите слободно можеме да очекуваме дека Маракана во Бразил ќе биде преполнета од фанови кои ќе го следат можеби најатрактивниот натпревар од 1/4 финалето.
Се соочуваат Франција и Германија, двете репрезентации кои според многумина покажаа најмногу досега на мундијалот, па доколку не се сретнеа во оваа фаза, немаше да биде изненадување ако финалниот дуел беше токму помеѓу нив. Но, што е тука е. Судбината сакаше овие соседни држави да се судрат со своите интереси во 1/4 финалето, а победникот ќе се соочи со победникот од Бразил - Колумбија, што значи дека во полуфиналето со сигурност ќе гледаме судир на репрезентации од различни континенти.
Иако Франција секако се смета за силна репрезентација, помалку изненадувачки е фактот што во сите натпревари прикажа можна и доминантна игра насекаде по теренот. Љорис ниеднаш не потклекна на предизвикот, одбраната секогаш беше спремна, а дури и во последниот натпревар кога Нигерија вршеше притисок, Франзуците успеаја до крајот на натпреварот да ја сочуваат мрежата. Дидие Дешамп ниеднаш не излезе со истиот состав, често ротирајќи ги своите играчи, што воопшто не создаде никакви проблеми, туку напротив, Франција ниту еднаш не изгледаше некомпактна и со секој состав прикажуваше стабилна игра, правејќи ги едни од најголемите фаворити за освојување на ова првенство. Еве го и составот кој веројатно ќе го извади Дешамп за овој натпревар:
Љорис
Дебуши, Варан, Сако, Евра
Кабај
Матуиди, Погба
Валбуена, Бензема, Гриезман
Германците, од друга страна, исто така прикажаа доминантна игра и не истапија од очекувањата. И покрај недостатокот од Ројс, Германците се покажаа како репрезентација со квалитетен состав кој засега и те како ги исполнува очекувањата. Несомнено, сега се соочуваат со противник кој е класи помоќен од оние претходните. Тешко е да се каже дали Лев ќе менува нешто. Шкодран Мустафи беше досега единствениот играч кој делуваше лабилно и потпросечно. Сепак, тешко е да се верува дека Лев ќе ризикува и да го игра Лам на таа позиција, со оглед на тоа што Лам не мрдна од позицијата деструктивец во текот на целиот мундијал. Значи, прашање е како дефанзивната линија на Германците ќе успее да се справи со навалната линија на Французите. Еве го можниот состав на Германија.
Ноер

Хеведес, Боатенг, Мертесакер, Мустафи
Лам
Крос, Швајнштајгер
Крос, Швајнштајгер
Озил, Милер, Геце