Фото студио

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Ваши мислења за отварање на фото студио, ама под фото студио не подразбирам дуќанче од 10 м2 за развивање слики. Под студио мислам на отварање со квалитетна опрема, студио за студиска фотографија со шминкер/ка со гардероби со секаква опрема значи најбитно од се да биде квалитетно.

Ми требаат ваши мислења со која цена одприлика би можело да се стартува (осветлување, позадини и сл.) и дали вреди да се отвори вакво квалитетно студио кај нас или нема да се просперира. Ќе ве молам со сериозни мислења :)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Комита Ултрас

Јас имав во план нешто слично вакво но поради некои околности немам шанса сега за сега ...

Но еве мое едно размислување за цени секако треба да си имаш некоја цена која би била прифатена за сите под цена подразбирам дека не треба да си алчен и да набилдаш цена која би ги исплашило муштериите затоа цена со која најпрво ќе имаш ти некоја си предобивка и таа цена треба да биде прифатена од повеќето прво цената знаеш дека сите ја гледаат сите гледаат да поминат што поефтино. Затоа цената треба да ти биде стандард. Друга работа која е најбитна се луѓето кои ќе работат прво треба да бидат позитивни во себе значи родени од мајка позитивни луѓе кои ќе зрачат со енергија во себе плус креативни луѓе кои од ништо ќе направат нешто со тоа што ти како награда треба да им даваш добра плата + бонуси секако ако има простор за сето тоа. Исто така и луѓе кои ќе работат тимски значи прва и најбитна работа за отворање на дуќан личностите кои ќе бидат вработени треба да бидат тимски играчи со тоа што исто и ти. Секако после ова оди да имаш тако звани пријатели кои ќе те промовираат исто и ти треба да се промовираш дали било тоа на радио + тв + билборди и сл. Најбитна ти е тука рекламата со која мораш да го промовираш студиото. И кога ќе започнуваш бизнис нема назад и да мислиш негативно туку позитивно треба да мислиш и да бидеш позитивно насочен кон работата секако за сето ова ти треба добри пари но јас верувам дека вакви студиа кои се квалитетни и плус тоа личностите кои работат се премногу малце. Квалитетно студио со добар тим + солидни цени за сите можни луѓе тие добар бизнис и верувам дека добро ќе напредува. :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Ама и ме интересираше цени за опремата во студиото одприлика инаку се согласувам со тебе, само да се види колку ќе кошта почетокот...
 
Член од
17 мај 2012
Мислења
184
Поени од реакции
105
Ваши мислења за отварање на фото студио, ама под фото студио не подразбирам дуќанче од 10 м2 за развивање слики. Под студио мислам на отварање со квалитетна опрема, студио за студиска фотографија со шминкер/ка со гардероби со секаква опрема значи најбитно од се да биде квалитетно.

Ми требаат ваши мислења со која цена одприлика би можело да се стартува (осветлување, позадини и сл.) и дали вреди да се отвори вакво квалитетно студио кај нас или нема да се просперира. Ќе ве молам со сериозни мислења :)

Ти зборуваш за инвестиција од 50000+ евра така да ако го имаш капиталот арно, ако планираш кредит во никој случај.
--- надополнето: 3 јули 2013 во 18:24 ---
Ама и ме интересираше цени за опремата во студиото одприлика инаку се согласувам со тебе, само да се види колку ќе кошта почетокот...
Чичо купува дигитална машина за слики пред 4-5 години мислам дека беше околу 30-35000 евра. Има 4 камери Сони 1900евра (7600евра вкупно) скоро ги зема пред 5-6 месеци. За апаратите незнам. Сепак он не би се одлучил за нова голема инвестиција како на пример нова машина за фотографии бидејќи сега сите сакат висок квалитет за многу ниска цена и тие пари што ќе ги вложе нема никогаш да се врнат.
Не те сваќам само дали сакаш едноставно студио за сликање фотосесии или фото студио.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Проблем е дури да направиш име...све се тоа стари луѓе останати во бизнисот од дедо прадедо..а и како што гледам крупна инвестиција е, во денешно време со компјутерите им се куби значењето на фотографиите.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Ваши мислења за отварање на фото студио, ама под фото студио не подразбирам дуќанче од 10 м2 за развивање слики. Под студио мислам на отварање со квалитетна опрема, студио за студиска фотографија со шминкер/ка со гардероби со секаква опрема значи најбитно од се да биде квалитетно.

Ми требаат ваши мислења со која цена одприлика би можело да се стартува (осветлување, позадини и сл.) и дали вреди да се отвори вакво квалитетно студио кај нас или нема да се просперира. Ќе ве молам со сериозни мислења :)

Бдат, не се мучи, глуп е народов у држаава. Прво ќе ти треаат 10к еури за светлото само, ако сааш онака ептен квалитетно, друго, ќе ти треаат 10 години искуство за да стигнеш до тоа ниво шо се бара у таква индустрија, треќо, ќе треа да плаќаш еден буљук пари на некој фегет шминкер, друг фегет стилист на коса, трет фегет стилист на облека. Четврто ќе треа да фоткаш модели за 500 денара или мање. Никој нема да плати поише од тоа, face it. Да бевме некаде надвор, да одлична идеја, со 50к еури буџет се реализира. И као шо наговестија фраериве нагоре, дур напраиш име ќ`умриш од старост.
 
Член од
21 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
110
Ме интересира каде можам да купам голема ролна бела хартија или винилно платно што ќе се употреби како бела позадина за импровизирано фото студио.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Ме интересира каде можам да купам голема ролна бела хартија или винилно платно што ќе се употреби како бела позадина за импровизирано фото студио.
Пробај кај кружниот тек во Буњаковец, има неколку продавници од тој тип....Image е на аголот на Ленинова и уште неколку во околината (не ми текнува на имињата) - непосредно до Круг кафичот....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom