Средено Ѓоко. Жалосно што од учество со 10+ фотки на натпревариве, стигнавме на едвај 5
...за да има дружба на некоја тема мора да има некој кој ќе ја негува па макар се менувал како дежурен ,,во училница,, што беше тоа?
од 10.02.2014 година биле застапени следниве Наслови на Фото Теми : 1. Урбана приказна 2. Луѓе и работа 3. Моја „чудесна“ земја 4. Македонско девојче - китка шарена 5. Пиво 6. Вода 7. Панорама 8. Храна 9. Архитектура 10. Раце 11. Макро 12. Деца 13. Планина 14. Контраст 15. Минимализам 16. Ноќна...
forum.kajgana.com
има тема за наслови кои биле во натпреварот, би ја продолжиле од бр. 211 не е напишано, ама е заклучена, потоа има тема да се коментира околу тековниот натпревар и фотографии:
Се извинувам за ова што че го напишам ако ве навредам , ама колку што знам учествуваме во фото натпревари и колку толку можи барем малце да се потрудите и пост продукција , немора фотошопи или бла бла ама сите имаме едитор во мобилната галерија , станува збор за ЕСЕН , турете малку боја во...
forum.kajgana.com
...треба некој да коментира, ама ако го стори тоа еве да речеме јас ако напишам ќе се сфати како сеир, а други си пишуваат конкретно за свои фотки, а не да дадат критика за другите фотки да се отвори дискусија,
...и за крај ете како што јас заборавив залутајќи во други теми, а имав фотка за тука, треба некој барем (ете нека биде дежурниот кои отвара тема) да тагне неколку души за потсетување да дојдат навремено на темава и да постираат фотка,
...и друга замерка е да се научат сите да креираат тема за гласање, лесно е само не треба да се мисли дека е тешко, па обврската на друг, а кој ќе му покаже сите ние што знаеме да отвориме, така да ѓоко требаше сам да си отвори тема за гласање, се радувам кога доби тема за натпревар па ја отвори, а се разочарав што не отвори тема за гласање.
...ете мое видување зошто замре натпреварот!